Новинарски лекции

Односот меѓу порталите и интернет-верзијата на традиционалните медиуми

на 16. 02. 2016 | | sq
Време кога информациите ве наоѓаат вас. Фото Скриншот Поимот јавен карактер е во опасност и зема друга конотација и токму тоа треба да биде мисија на сериозните медиуми, да ја сочуваат и да ја одгледуваат информацијата од јавен интерес, но прво треба да постигнат една поголема свесност кај публиката за самиот поим, а потоа им останува ним да ја прават разликата. Не треба да се измешаат активностите на истиот медиум

ТВ-дневник: Пушти го „Курир“ и имаш вести

на 15. 02. 2016 | |
„Курир“ е спасот. Фото: скриншот, колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“  во 18 часот на 14.02.2016 година]

 

По гледањето на ова информативно издание, гледачот останува неинформиран. Прилозите се половични, необјективни и шпекулативни. Во нив нема критички осврт за да може гледачот самиот да извлече заклучок. Напротив, во нив се сугерира пристрасност со спинови со кои се претставува лажна слика. Затоа, овој ТВ-дневник на „Канал 5“

Кромид си е кромид, па макар бил и патриотски

на 13. 02. 2016 | |
Кромид до кромид – од толку кромиди реата не може да се избегне. Колаж: СПФМ  

Не е претенциозно да се каже дека овој „кромид“ многу речито ја прикажува општата состојба во која живурка македонското новинарство во последната деценија, особено во последните четири-пет години, кога и се случува подемот на порталите со хиперпродуција на текстови, сработени во стилот „плукни-залепи“, кои трчаат по кликнувања и по прегледи наместо по вистината.

 

Прецизни одредби во законот за да се стигне до плурализам во медиумите

на 12. 02. 2016 | |
 

Предлог-членовите за обезбедување политички плурализам во медиумите што емитувваат вести и дебатни емисии, поднесени од СДСМ, имаат превентивна и насочувачка улога за обезбедување на квалитетно и објективно информирање и за остварување на правото на граѓанинот на пристап до точна и објективна информација.

  Пишува: Александар Георгиев, адвокат   Она што денес е актуелно по медиумите, но и во преговорите помеѓу политичките лидери за спроведување на Договорот од Пржино,

Кога е задоволен јавниот интерес, идентитетот не е важен

на 12. 02. 2016 | |
Медиумот треба да се води од важноста на податоците. Ако идентитетот не е важен, тогаш тој не се објавува. Фото: Скриншот  

Основниот концепт по кој медиумот треба да се води е „битност (важност) на информацијата“. Новинарите мораат да вршат процена дали објавувањето лични податоци што се содржани во веста е битно, односно дали и без нивното објавување ќе биде постигната целта и, конечно, дали објавувањето на личните податоци е

„Соросоиди“, „Лажеш како Турчин!“ – интервју полно со говор на омраза и со стереотипи

на 12. 02. 2016 | |
Колку дебели треба да бидат црвените линии за да не се случува говор на омраза. Фото: скриншот  

„Соросоиди“, „Лажеш како Турчин“, „Ти си изрод“, „Ти не си мушкарац“ беа само дел од квалификациите што главниот и одговорен уредник на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, му ги упати на лидерoт на СДСМ, Зоран Заев, во завчерашното интервју во централниот ТВ-дневник. Настапот на Латас беше полн со говор на омраза, диксредитација

Закана за тужба без правна основа е закана за медиумските слободи!

на 11. 02. 2016 | |
  Заканите за тужба утредента се маскираат како закани кон заканувачот. Фото: pixabay/колаж: СПФМ  

Секое правно лице има право да подигне тужба ако смета дека некои податоци, кои се од релевантно значаење за фирмата и за нејзиното работење, се откријат неовластено од некој медиум. Но, ако за тој чекор нема правна основа и ако тоа е толку очевидно, тогаш тоа е класична закана кон медиумите и ја загрозува слободата

Илјадапати повторената лага расклопена пред нашите очи

на 11. 02. 2016 | |
Агрегаторски репетиции – рај за пропагандата. Колаж: СПФМ  

Пропагандата на власта работеше без прекин во текот на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со уредникот на ТВ „Сител“, Драган Павловиќ – Латас. Она што беше кажано во самото интервју беше подложно на постојано и непрекинато спинување, а сè за на јавноста која ги следи, пред сè, интернет-медиумите, да ѝ се натури еднострана пропаганда, чија цел беше оцрнување на

Колку погреби може да издржи новинарската професија?

на 11. 02. 2016 | |
Сè само не новинарство. Фото: колаж, СПФМ
 

И институционалните и стручните реакции по интервјуто на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со уредникот на ТВ „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, се слични, речиси идентични во својата суштина: телевизискиот уредник, кој го водеше интервјуто користеше од примитивизам, уличарски речник, преку навреди и манипулации, па сè до клевети и говор на омраза. Ваквата оцена за интервјуто, пак, се користи како повод и

„ИНТЕРВЈУ“ ОД ПЕКОЛОТ: Навреди, повреда на презумција на невиност, дискредитација и говор на омраза

на 11. 02. 2016 | |
Дури и кадрирањето на режијата со покажување на Заев во изненадни, изнасилени и невообичаени крупни кадри, за евентуално да се види како се препотува, беше местенка. Фото: скриншот

 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“  во 19 часот на 10.02.2016 година]

 

По две објави со елементи на новинарски спин и коментари насочени кон лична дискредитација и уште понепрофесионални најави, разговорот со лидерот на СДСМ не ги исполни ни најелементарните