verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Илјадапати повторената лага расклопена пред нашите очи

on 11 - 02 - 2016       
Агрегаторски репетиции - рај за пропагандата. Колаж: СПФМ
Агрегаторски репетиции – рај за пропагандата. Колаж: СПФМ

 

Пропагандата на власта работеше без прекин во текот на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со уредникот на ТВ „Сител“, Драган Павловиќ – Латас. Она што беше кажано во самото интервју беше подложно на постојано и непрекинато спинување, а сè за на јавноста која ги следи, пред сè, интернет-медиумите, да ѝ се натури еднострана пропаганда, чија цел беше оцрнување на лидерот на опозицијата и да се направи обид таа да не поверува на своите очи и уши, туку да ѝ се продаде скапаниот вкус на манипулациите и на невистините.

 

Пишува: Владо Ѓорчев

 

Таква бура од реакции, неверување, напади и жестоки коментари одамна, а најверојатно и никогаш се нема случено по едно интервју, како што тоа беше случај со интервјуто на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со уредникот на информативната програма на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас.

Само како показател дека таква бура од текстови одамна немало, покажуваат и бројките на објавените вести (пред сè, „вести“) на македонските агрегатори. Ако за само два часа по интервјуто на Заев во „Сител“, агрегаторот „Тајм.мк“ изброја 130 вести, утринава се разбудивме со бројка од повеќе од 170 вести. И другите агрегатори беа преполни со вести за ова интервју, па така „Дејли.мк“ „кешираше“ повеќе од 215 вести, а „Грид.мк“ (кој што е еден од покомплицираните агрегати во смисла на пронаоѓање на текстови) се набилда со 100 наслови на оваа тема. И помалите агрегатори како „Вести.мк“  и „Б2.мк“ го следеа овој тренд. Тука мора да се напомене дека сите овие текстови се од сите медиуми застапени на овие агрегатори.

 

АГРЕГАТОРСКА ПОДЕЛБА НА ВЕСТИ

Првите текстови што ги забележа „Тајм.мк“ се оние од провладините медиуми, кои и први почнаа со форсирање на наслови за овој настан. Па, ако интервјуто почна во 19.14 часот, првата вест што се објави на провладиниот „Прес24“ е во 19.19 часот со наслов „Латас до Заев: Добредојдовте кај непријателите“, односно само пет минути по почетокот на интервјуто. Потоа, по принципот „копи-пејст“, текстов, по правило со ист наслов се појави на сите провладини медиуми.

Агрегирана пропаганда. Колаж: СПФМ
Агрегирана пропаганда. Колаж: СПФМ (Напомена: клик за подобар преглед)

Тоа што е фрапантно во овој пример е што овој текст, а и сите написи што понатаму беа „штанцани“ од интервјуто, со наслов и со текст беа целосно исти, преземени еден од друг до буква. Така, сите текстови за оваа прва вест почнуваа вака:

„Добредојдовте кај непријателите. Вака Латас го поздрави Зоран Заев на стартот од интервјуто прво по доаѓањето на лидерот на СДСМ на чело на опозициската партија.“

 

НЕСОДРЖАЈНОСТ, НЕОБЈЕКТИВНОСТ, НЕВИСТИНИТОСТ

Како правило кое постојано се повторува во провладините медиуми е начинот на кој се реализираат вестите. Во нив се вади делот од говорот или прашањето на Латас, ама воопшто го нема одговорот од соговорникот, во овој случај лидерот на опозицијата Зоран Заев, или тој е засенет под тежината на насловот. Така, во веста со наслов „Заев со фалсификатите на Чауш одби кладба со Латас“, која се појави на сите провладини медиуми, уредникот на вестите се однесува како вработен во коцкарница. Со тоа, освен што го става во незгодна состојба соговорникот, го нарушува и угледот на професијата. Инаку, златно правило во новинарството, кога се подготвува едно интервју, е да има бон-тон во однесувањето, односно да се почитува практиката на прашање-одговор.

Директните клевети и навреди продолжија и во текстовите со наслов „Латас: Вие ќе одите во затвор“. На прашањето: „Кој стои позади вас?“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговори дека зад него стојат оние што ја чекаат слободата во Македонија и дека во Македонија ќе се случи правда.

Веднаш во очи боде моментот што Латас си дозволи да се однесува како судија. Кога медиумите ги пренесуваат овие напади и навреди, мора да знаат дека со тоа се повредува членот 6 од Eвропската конвенција на човековите права:

 Секој кривично обвинет ќе се смета за невин сè додека не се докаже дека е виновен во согласност со закон.

Истото може да се најде и во Кодексот на новинари на Македонија, каде член 8 предвидува :

Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

Уставот на Република Македонија, исто така, ја предвидува презумцијата на невиност во член 13:

Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.

Нешто слично се повторува и во веста „Латас: Заев, Вие сте обвинето лице за повеќе кривични дела“, каде повторно не се почитува презумцијата на невиност, а згора на тоа и не се кажува вистината. Но, целта на овие вести не е да се каже вистината, туку, напротив, да се навреди и да се омаловажи. Манипулацијата продолжи и со текстовите со наслов „Латас: Господине Заев лажете – еве што сте зборувале со Чауш (ФОТО)“. Овој напис, исто така, се појави со ист наслов во сите провладини медиуми.

Propagandata na delo-final-0004-0005-za-objavuvanje-daily-final-final

Штанц машина за вести, но и за „вести“. Колаж: СПФМ (кликнете за пдобар преглед)
Штанц-машина за вести, но и за „вести“. Колаж: СПФМ (Напомена: клик за пдобар преглед)

Фундаментална цел, пак, во работењето на медиумот е да ѝ служи на јавноста и да покренува прашања од јавен интерес низ факти, гледишта и низ коментари, а неоправданите шпекулации и гласини не треба да бидат претставени како факти.

На ова реагираа и од Советот на етика  кои велат:

„Служењето со непроверени информации и шпекулации ја водат јавноста во заблуда, може да создадат конфузија и неконтролирани последици во однесувањето на поединци или групи. Медиумот истовремено ја сноси и одговорноста да му дозволи на соговорникот да ги искаже својот став и размислувања по одредени или поставени прашања.

 

ЦУНАМИ ОД ВЕСТИ

Откако почнаа со вести, провладините медиуми пет минути по почетокот на интервјуто речиси не престанаа до полноќ. Само на веб-страницата на телевизија „Сител“, на која беше и интервјуто, потоа се изродија 11 вести.

Во првиот кластер на вести се појавија наслови од типот:

Во вториот тип вести влегоа насловите:

Во ист обем, од 9 („Прес24“) до 12 („Курир“), истите наслови се појавија на сите провладини медиуми („Република“, „Денешен“, „Медиа.мк“, „Вечер“…)

Propagandata na delo-final-0005-0006-za-objavuvanje-kurir-final-final

Propagandata na delo-final-0005-0006-za-objavuvanje-press24-final-final
Курир – Пресс24 12:9. Победник: Курир. (Напомена: клик за подобар преглед)

И еден редовен потег што го прават овие медиуми се случи и вечерта по интервјуто. Така, осум медиуми го презедоа текстот од една кратка фејсбук-објава на новинарот Васко Ефтов:

„Вакво газење не е видено во Македонија!!! Ова беше Хирошима и Нагасаки!!!“

Со интервјуто на Латас и со вестите пренесени во провладините медиуми прекршени се најмалку пет члена од Кодексот на новинарите:

Член 10

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Член 11

Новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.

Член 14

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.

Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Во кампусот на медиумите што критички ја опсервираат работата на власта состојбата беше поинаква. Тука доминираа текстови кои критички го анализираа интервјуто, со професионална балансираност (од мејнстрим критичките медиуми, без да се опсервираат блоговите како што се „Доказ“, „Народен глас“, итн.). Тоа што е забележливо кај нив е содржајноста на нивните вести. Па, додека во провладините медиуми не можеше да се прочитаат реакциите на дел од амбасадорите во Македонија, во овие медиуми тие беа застапени. Исто така, во критичките медиуми беа застапени и дел од навредите на Латас кон Заев, како и одговорите од лидерот на опозицијата што не беше случај со медиумите блиски до власта.

Кога се прави интервју, мора да се знаат и правилата на однесување на новинарот. Новинарот мора да знае да направи професионална дистанца кон гостинот и да настапи непристрасно и избалансирано. Новинарите мора да ја негуваат културата на говорот и етиката. Неспоива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. Со ова интервју само се нарушува угледот на професијата, а медиумот се користи за лична пресметка со лидерот на опозицијата. Агрегаторите на вести во оваа пригода јасно ја покажаа „професионалноста“ на медиумите и нивната политизирана и необјективна природа.

 


Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Претплатете се за најнови вести