Новинарски лекции

Крајот на филмската уметност и последниот критичар

на 5. 08. 2014 | | sq
  Парафразирајќи го американскиот политоколог-футуролог Френсис Фукујама („Крајот на историјата и последниот човек“), може ли да заклучиме дека комерцијализацијата и (интернет) дигитализацијата доведе до „смрт“ на филмот како уметност и негово „ослободување“ исклучиво како пазарен производ? Каде, во таа ситуација, е критичарот?   Пишува: Стојан Синадинов   Дали во последно време сте прочитале некоја филмска критика и зошто не? Ваквото прејудицирано прашање е лесно предвидливо. Филмската критика во домашните медиуми

Заробени медиуми: Како пропадна договорот со Владата

на 4. 08. 2014 | |

Тоа што му се допадна на министерот Груевски,  не му се допадна на премиерот Груевски

  Пишува: Ерол Ризаов   Некаде 2001 – 2002 година  неколку  членови  на здружението на работодавачи во медиумите, кое веќе не постои, стасавме во владата на Љупчо Георгиевски  кај тогашниот надежен и реформски  министер за финансии Никола Груевски да му предложиме подеднаков  и поправеден пристап за субвенции на медиумите  од државната каса. И  тој и

Кога вистината се топи меѓу „филот и обландите“

на 4. 08. 2014 | | sq

Спинот најчесто се дефинира како форма на пропаганда, која се прави преку таква интерпретација на одреден настан или кампања, која има за цел да го убеди јавното мислење во корист, или против одредена организација или јавна личност. Лицата кои се занимаваат со односите со јавноста тврдат дека разликата меѓу ПР и „спин“ е во два мали, но многу битни детали. ПР-от се базира на афирмација и факти, а спинот на манипулација и трикови.

  Пишува: Оливера Војновска   Колку пати само сме ги слушнале репликите: „Прочитав во весниците“  или „Видов на телевизија“! Оној кој ги кажува не остава речиси никаков простор за резерва  во вистинитоста на бомбастичната  информација која веќе ја бранува јавноста. Лавината е тргната,

Професорите штрајкуваат за сите нас

на 29. 07. 2014 | |

Синдикатот на новинарите во своето четиригодишно постоење сведочи за десетици случаи на флагрантни кршења на професионалните, работни и човекови права во кои жртвите решаваат да одмолчат за следните им газди да не ги оценат како проблематични, па да не можат да се вработат.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиевска и Александар Костадиновски, штрајкуваат со глад веќе трета недела. Тие гладуваат, одвоени од семејството, исцрпени, но упорни.

Заробени медиуми: Систем за оцрнување на новинарите

на 21. 07. 2014 | |
  Харангата врз новинарите Слободанка Јовановска и Насер Селмани се само уште еден доказ во низата на државната репресија врз новинарството   Пишува: Ерол Ризаов   Политичката контрола и економската зависност на медиумите прераснува во сложен и скап систем кој метастазира во сите пори на заболените и недемократски општества. Војните и диктатурите секогаш почнуваат со убиство на вистината, таа секогаш прва гине. Потоа следува пропагандата за големите успеси на власта

Во одбрана на Марија Антоанета и против новинарските клишеа

на 18. 07. 2014 | | sq

 

Реченицата за лебот и колачите, која ѝ се припишува на Марија Антоанета, е едно од најпознатите клишеа, масовно употребувано низ историјата, но кое никако да застари. Тоа е и одлична потврда како навистина илјадници пати кажаната невистина станува вистина и покрај тоа што невистината многу лесно се раскринкува.

  Пишува: Владимир Петрески   Во денешно време изјавите кажани пред микрофоните и камерите многу брзо застаруваат и се претвораат во

Белешки за популизмот: Поглед зад медиумската пропаганда за бројно семејство

на 17. 07. 2014 | |
 

Пред, меѓу и по секој фудбалски натпревар, канонада од главно лошо направени, патетични пропагандни телевизиски спотови во кои поттикот да се прават деца се изедначува со патриотската задача на секој освестен нео-антички Македонец, како „вистински избор“ и единствено вредно нешто во животот, се поистоветува со среќата, успехот и смислата на постоењето, па дури и со поголемата близина до Бога!

  Пишува: Сашо Орданоски   Здравјето, силината, долговечноста и благосостојбата

Интегрирана редакција: Не престанувај да мислиш на утре

на 15. 07. 2014 | |
  Философијата на новите конвергирани и интегрирани медиуми ја следи тезата на Чарлс Дарвин, кој не рекол дека најсилните опстануваат, туку оние кои најбрзо и најдобро се адаптираат. Тоа значи дека нема да опстанат најголемите медиуми (сетете се на диносаурусите), ниту, пак, оние кои сега имаат најголема гледаност или читаност. Ќе преживеат оние кои најбрзо ќе се прилагодат на брзите промени во технолошката и медиумската индустрија.   Пишува: Зоран Бојаровски

Препознавање измами: Фудбалски „јасновидец“ на Твитер

на 14. 07. 2014 | |
 

Пример поврзан со финалето на Светскиот куп во фудбал покажува дека социјалните мрежи може да послужат како средство за измама на јавноста или на поединци, што може да се спречи со примена на новинарските стандарди кои ја ставаат на прво место потрагата по вистината и проверката на изворите

  Пишува: Филип Стојановски, информатичар, програмски директор во Фондацијата Метаморфозис   Новите технологии овозможуваат ефикасно ширење на информациите, но, исто така и можности за брзо ширење дезинформации и манипулирање на јавноста. Еден таков пример е примената на Твитер веднаш по светското првенство со цел убедување во однапред определен исход на финалето. Истата техника може да се користи и за убедување наивни во натприродни способности од самонаречени јасновидци и пророци. Веднаш

Случајот Бесим Ибрахими – ново стегање на јамката околу новинарството

на 14. 07. 2014 | |
 

Рестриктивната дефиниција  на новинарот преку работниот статус отвора можност неподобните новинари на кои, под притисок на власта ќе им биде прекинат работниот однос или ќе им биде затворен медиумот,  да  бидат прогласувани за “поранешни” и да им биде  одземен професионалниот идентитет.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Апсењето на новинарот на весникот Лајм, Бесим Ибрахими, за време на протестите во Скопје е значајно на неколку нивоа.  Од практична гледна точка