Новинарски лекции

Запинг: невротичниот гледач и продуцентот во паника

на 2. 09. 2014 | |
 

Како да реагира новинарот или уредникот кога се соочува со гледач кој има „изобилие“ од програми? Кога треба да му „продаде“ свој производ на така наострен неуротик, постојано на работ на трпението? А такви неуротици сме речиси сите ние кога седнуваме пред тв екранот, иако сме претходно просто „заситени“ од информации!

  Пишува: Љубомир Костовски   Терминот запинг се појавува во 90-тите години во САД. Со него психолозите ja

Новинарите го сакаат Охрид барем колку и политичарите

на 2. 09. 2014 | |

Како треба, а како не треба да се пишува за Охрид? Особено во летната сезона, кога очите на јавноста се свртени кон првиот туристички и летен културен центар и втора државна столица. Му помагаат, или, пак, му одмаагаат медиумите на угостителско-туристичкото стопанство? Колку се објективни, а колку тенденциозни? Има ли злонамерност?

  Пишува: Веле Митаноски   Овие, константно присутни прашања при опсервирањето на Охрид, ова лето, помалку неочекувано, добија во

Користење фотографии

на 28. 08. 2014 | | sq
 

Фотографијата како илустрација на текстот, не смее да манипулира, непотребно да го привлекува вниманието или да предизвикува вџашеност кај читателот, доколку за тоа нема исклучителни околности, кои би ја оправдале таквата пракса. Користењето архивски фотографии секогаш треба да биде јасно означено.

  Пишува: Саше Димовски   Читателка на Сервисот за проверка на факти од медиумите, реагирала до неколку медиуми и барала да отстранат фотографијата на која се гледало

Нова редакција за новото време

на 21. 08. 2014 | |

Современите студии за иднината на новинарските редакции и конвергенцијата на медиумските платформи ја поврзуваат со интеграцијата на уредништвата, со преструктурирање и со реорганизација на новинарската работна средина, како и со трансформација на новинарскиот работен процес за различните медиумски платформи и формати. Тоа ја наложува потребата од „нова редакција за новото време“

  Пишува: Зоран Бојаровски   Што ги поврзува следните заклучоци од досега објавените лекции на Сервисот за проверка на

Заробени медиуми: и весниците умираат од сиромаштија

на 20. 08. 2014 | | sq

Дали некој во земјата знае колку медиуми, весници, телевизии, радиостаници исчезнаа сосе новинари во изминатите 10-15 години

  Пишува: Ерол Ризаов   Економскиот притисок врз медиумите е најсуптилната војна, исто толку ако не и повеќе валкана од другите пресметки, за ставање на новинарството по контрола на политиката. Финансиското истоштување и блокада помалку е видливо од политичко-полициското насилие, но е еднакво опасно, а често и многу пострашно. Економската зависност е посебна

Покрај совест и работливост, новинарот мора да поседува и знаење

на 18. 08. 2014 | | sq
 

Новинарството бара постојано образование, надградба на општа култура која треба да е поширока од просечната, следење на светските трендови од сите области, стручност за одредени прашања и општо знаење од историја, политикологија, право, економија, социологија, социјална психологија, филозофија, логика, уметност, спорт и современите технологии.

  Пишува: Александар Писарев   За што подобро да ја извршува својата новинарска професија, новинарот, покрај совест и работливст, мора да поседува и знаење. Тоа

Дали центрите на моќ ја презедоа улогата на ЦК?

на 14. 08. 2014 | | sq
 

Стана тренд новинарите не само што ќе ја прераскажат ПР информацијата, туку во емисијата, весникот или на порталот да ги покануваат и портпаролите кои ќе ја надополнат сликата. И, кој победува во оваа игра? Се разбира, политичарите.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Од сите области на комуникацијата најтешко е да се дефинираат односите со јавноста. Инстиутот за односи со јавност (The Institute of Public Relations) ја дефинира вака: „Односите

За самоубиства не се информира

на 12. 08. 2014 | | sq
 

Секогаш е страшно кога човек умира, можеби уште пострашно, или барем позбунувачки, е и кога тој сам ќе посегне по сопствениот живот. Тоа е информација која стаписува, вест која буди сериозни прашања, но тие прашања се лични и не се решаваат во јавниот аудиториум

  Пишува: Тамара Чаусидис   Во потрагата по вестите „што се продаваат“ денеска никој не е поштеден. За јавните личности тоа е цената која мораат

Новинарскиот леб е со седум кори, дописничкиот со една повеќе!

на 7. 08. 2014 | |
   

Се разбира дека е потребен и личен предизвик. Дописникот мора да е самоиницијативен, да предлага, да нуди. Нешто да го копка, да го тера напред.

  Пишува: Веле МИТАНОВСКИ   Ако е точна одредницата дека новинарскиот леб има седум кори, тогаш дописничкиот има барем една повеќе. Ако новинарот е универзален „незнајко”, дописникот е барем три пати!. Новинарот во централна редакција, може да се специјализира, откако ќе „почиракува” (на

Политичарите најнапред ни ја продаваат својата приватност, а потоа си ја бараат назад

на 6. 08. 2014 | | sq
 

Политичарите самите ги поместуваат границите на својата приватност кога треба да им се доближат на бирачите: не внесуваат во дневната соба, не повикуваат на веселби и слично. Тие сакаат да остават конкретна слика за себе кај гласачите – одат на берба на грозје, потоа пијат вино кое е направено од таа берба, говорат за своите вкусови… Постои теорија според која секој кој отворил свој Фејсбук профил веќе ја изгубил