verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Интегрирана редакција: Не престанувај да мислиш на утре

on 15 - 07 - 2014       
2266583598_b81fcb794a_z

Уреднички колегиум на либертаријанскиот магазин Reason. Фото: Colby Cosh, 2008, Вашингтон

 

Философијата на новите конвергирани и интегрирани медиуми ја следи тезата на Чарлс Дарвин, кој не рекол дека најсилните опстануваат, туку оние кои најбрзо и најдобро се адаптираат. Тоа значи дека нема да опстанат најголемите медиуми (сетете се на диносаурусите), ниту, пак, оние кои сега имаат најголема гледаност или читаност. Ќе преживеат оние кои најбрзо ќе се прилагодат на брзите промени во технолошката и медиумската индустрија.

 

Пишува: Зоран Бојаровски

 

Додека ја читате оваа лекција, во духот на мултимедијалниот и конвергираниот концепт, ви предлагаме да ја слушате ја песната “Don’t Stop” од американскиот бенд Fleetwood Mac.

Ако веќе ја слушаате оваа песна, во вашата свест се лепи заразниот ритам и лепливите пораки:

„Don’t stop thinking about tomorrow

Don’t stop it’ll soon be here

It’ll be better than before

Yesterday’s gone, yesterday’s gone“

Заклучувате дека „вчера“ е навистина вчера, заминува со секоја секунда на динамичните и креативни промени и новини на современата дигитална технологија и новите медиуми.

Старите добри времиња изминуваат со секој изминат ден. Порано и сега сѐ уште, бизнис моделот на медиумите беше да ѝ го дадеме на публиката она што ние скаме да ѝ го дадеме, кога ние сакаме да ѝ го дадеме, и како што НИЕ сакаме да ѝ го дадеме.

Тоа, дефинитивно, заминува во неврат.

Денес корисниците на медиумските содржини имаат потреба од брза, споредбена, мултимедијална и употреблива информација. Технолошкиот прогрес го овозможи тоа. Голем дел од аудиториумот има мултимедиујални уреди и она што остана како предизвик денес е како информациите да стигнат до корисниците од едно место, а да ги задоволат сите нивни потреби (брза, споредбена, мултимедијална и употреблива.)

Тоа го овозможуваат новите – интегрирани редакции.

 

ИНТЕГРИРАНИ РЕДАКЦИИ

Современите студии за иднината на новинарските редакции конвергенцијата на медиумските платформи ја поврзуваат сиоинтеграцијата на уредништвата, со преструктурирање и со реорганизација на новинарската работна средина, како и со трансформација на новинарскиот работен процес за различните медиумски платоформи и формати. Прегледот на литертурата открива два пристапи кога станува збор за конвергенцијата, односно за интегрирањето на редакциите и медиумските платформи – линеарен и нелинеарен.

Застапниците на линеарниот концепт интеграцијата ја разбираат како континуитет и, оттаму, препознаваат дека се работи за еволутивен след на „степени“, „нивоа“ и „чекори“, кои вклучуваат очекувани процеси и промени, кои, пак, порано или подоцна, го достигнуваат и конечниот степен на конвергирани медиумски платформи и интегрирана редакција.

Критичарите на линеарниот пристап во овој концепт препознаваат инерција и подвладување на долгите процеси на неизбежното, кои, така гледани, како да гарантираат апликација на новиот концепт и како да гарантираат успех.

Од друга страна, застапниците на нелинеарниот концепт тврдат дека фазата на транзиција на медиумските платформи и редакциските структури мора да отпочне со „револуција“, односно со јасно изграден концепт и визија за адаптирање и промени кои мора да отпочнат од точката А и да завршат во точката Б. Доколку потфазите од А до Б не се предвидат и сообразат на промените, процесот не може да гарантира успех.

 

Концерт во редакцијата на весникот Pikiran Rakyat, Западна Јава, Индонезија. Фото: Ikhlasul Amal, 2011

Концерт во редакцијата на весникот Pikiran Rakyat, Западна Јава, Индонезија. Фото: Ikhlasul Amal, 2011

 

Затоа, процесот на трансформација на традиционалните медиуми во интегрирани редакции со нови карактеристики, што ги наложуваат конвергенцијата на медиумските платформи и новите технологии, очекувано се соочува со неизвесен исход зашто се менува не само формата, туку и навиките – а тоа е најсериозниот предизвик зашто со себе носи многу опструкции кои треба да се совладаат. Досегашната пракса на конвергенција и интеграција покажа дека многу од навиките што произлегоа од традиционалниот концепт на организација на работата во редакциите, кога станува збор за природата не медиумските содржини, за продуктивноста и за профитното работење се доведени пред сериозни преиспитувања.

Во конвергенцијата на медиумите тоа се одразува на три рамништа:

  • Во однос на мултиталентираноста на новинарите во прибирањето, селекцијата и прилагодувањето на информациите за различни медиумски платформи истовремено;
  • Во однос на промените на новинарскиот продукциски процес кој сега нема дедлајн, туку целодневен продукциски циклус; и,
  • Во однос на менувањето на професионалната рутина и новинарската култура.

Сега, новата професионална медиумска култура вели: Да одиме таму каде што е публиката и да ги разбереме нивните нови навики… Соодветно на тие нови навики да им понудиме содржини… Една интегрирана редакција – повеќе канали за комуникација на содржините.

Дојде време конечно да се разбере дека веб изданијата не се само приврзок на главниот медиум. Колку што е можно побргу треба да настапи интеграција која од повеќе традиционални медиуми ќе направи еден – супер медиум.

Новата интегрирана редакција е фокусирама околу идејата да ѝ се пристапи на публиката во секој момент, таму каде што е во секој момент и во формат (медиум: ТВ, интернет, телефон, таблет…) каков што тие сакаат.

Она што треба дефинитивно да се сфати е дека интегрирана редакција не е копи/пејст философија. Секој канал (ТВ, интернет, принт…) на една иста вест треба да ѝ даде додадена вредност соодветна на медиумот.

Тоа го може интегрираната редакција и конвергираните медиумски платформи: принт, ТВ, веб, бидејќи и како технологија тие веќе им се нудат на корисниците на информации како потрошувачки тренд организиран во концептот SMART TV.

 

Карактеристики на интегрирана редакција:

  • Интегрирана – тоа значи дека е иновативна зашто ги следи промените. Таа е колаборативна, зашто соработка со други групи внатре во редакцијата е императив за успешна функционалност;
  • Адапатибилна –  зашто во секој момент е подготвена на промени, бидејќи тие отсега натаму често ќе се случуваат. Философијата на новите конвергирани и интегрирани медиуми ја следи тезата на Чарлс Дарвин, кој не рекол дека најсилните опстануваат, туку оние кои најбрзо и најдобро се адаптираат. Тоа значи дека нема опстанат најголемите медиуми (сетете се на диносаурусите), ниту, пак, оние кои сега имаат најголема гледаност. Ќе преживеат оние кои најбрзо ќе се прилагодат на брзите промени во технолошката и медиумската индустрија.
  • Транспарентна – главниот уредник, уредниците на одделните платофрми (принт, ТВ, веб, радио), уредниците на денот, на редакциите знаат во секој момент што се случува.

Една од најголемите промени што треба да се направат е да промени навиката на уредниците, новинарите и продукциските луѓе од центричната природа на работите, во нова пракса која предвидува континуиран дедлајн и конвергенција, односно трансформација на медиумските содржини и во содржина со онлајн карактеристики.

Оваа нова пракса мора да донесе промени и во работниот процес, во активностите на секој професионалец посебно, во одговорностите поради што ќе настапат сериозни промени во редакциската култура на однесување и на професионална одговорност.

Добра илустрација на овие процеси може да биде и резултатот од една едноставна SWOT анализа за добрите и лошите страни на интегрираните редакции, како и за можностите и заканите во имплементацијата на овој процес.

 

SWOT анализа на интегрираната редакција:

Предности:

  • Повеќе содржини
  • Повисок квалитет на содржините
  • Синергија на веб и ТВ медиумите
  • Прилагодување на тековните и на трендовите што доаѓаат

Слабости:

  • Недостаток од свест, знаење и вештини на програмско-продукцискиот дел
  • Неприлагоден маркетинг како на медиумот, така и на пазарот
  • Управување со промените за што е потребно време
  • Можна флуктуација на луѓето

Шанси:

  • Да се искористи предноста на се стане број 1 интегрирана редакција и медиум(и) со широка платформа
  • Добра подлога за мултимедиска продукција.
  • Дополнителен извор на приходи

Закани:

  • Отпор заради промени
  • Отпор заради технологија

Сето ова сугерира дека конвергенцијата на медиусмките платформи и интегрирањето на редакциската структура е еден сложен, хетероген феномен кој мора да се анализира и аплицира во еден специфичен општествен контекст на медиумскиот и новинарскиот моментум. Тој пристап ќе овозможи конвергенцијата да не се гледа само како процес кој е условен од технологијата, туку како интеракција помеѓу технолошките иновации и промени со новинарството кој е проследен со специфични, понекогаш и конфликтни односи меѓу новинарството и новите пазарни стандарди, кои, исто така, не остануваат имуни на промените на технолошки план и промените на планот на професионалните новинарски стандарди.

***

Извори:

Newsplex Europe – review and outlook (World Association of Newspapers and News Publishers)

The philosophy behind the integrated newsroom (www.journalism.co.uk/)

What is a Convergence Newsroom? (www.urbanjournalism.org/)


Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

2 мисли во “Интегрирана редакција: Не престанувај да мислиш на утре

  1. Pingback: Битка во дневната соба: интернет против телевизија

  2. Pingback: Битка во дневната соба: интернет против телевизија - Радио МОФ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести