Новинарски лекции

Ненасилно подјармени – евидентно корумпирани

на 8. 07. 2014 | |

Во отсуство на доминантно независни медиуми, независни финансиски од владата, или пак, независни од некои дефинирани и недефинирани политички или бизнис интереси на нивните сопственици, јавноста ќе биде инертна за разните форматирани случаи

  Пишува: Зоран Иванов   Проследувачите на дневните политички збиднувања секако се сеќаваат на Душко Илиевски млекарот. На оној обичен народен интелигентен и мудар селанец, земјоделец и фармер, говедар, кому власта му се нафрли со сите средства.

Заробени медиуми: Памфлет против слободата

на 4. 07. 2014 | |

Што содржеше соопштението за медиумите на владејачката партија за трибината на опозицијата: ВМРО ДПМНЕ го покажа својот демократски капацитет подобро од трибината на СДСМ.

  Пишува: Ерол Ризаов   Сосема пристојна јавна трибина во организација на СДСМ уште еднаш го покажа демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и професионалните дострели на партиски контролираните медиуми. Една, би рекол мирна неколкучасовна академска расправа, која не може дури да се нарече полемика, а уште помалку

Белешки за популизмот: ЛИДЕРОТ ОД НАШИОТ СОКАК (2)

на 3. 07. 2014 | |

Во македонската јавност доминира комбинацијата на позитивни перцепции за „ликот и делото“ на Никола Груевски, со статистички сигнификантно помала негативна перцепција за неговите карактерни и политички особини. Дури и ако се „отпише“ дел од оваа популарност на Груевски како резултат на недостаток на отвореност, односно изразитост на ставовите кај анкетираните – што претставува одредена инхибиција во оцените за Груевски јавно да се манифестира, низ одговори на анкета, критика и негативен

Белешки за популизмот: ЛИДЕРОТ ОД НАШИОТ СОКАК

на 2. 07. 2014 | |

Уникатно истражување за тоа како граѓаните на Македонија гледаат на премиерот Никола Груевски и како политичар и како човек.

  Пишува: Сашо Орданоски   Во декември 2013 г., за потребите на една пообемна студија, бев во прилика да спроведам опсежно истражување за  перцепцијата на македонската јавност и нејзиниот однос кон лидерот на десната популистичка артикулација во Македонија, Никола Груевски¹. Ги меревме корелациите и концентрациите на политичките ставови во јавноста во

Границите на дозволеното: од чаевите на Баба Рада до Њу Ејџ концепцијата

на 1. 07. 2014 | |
 

Популарноста на емисиите за билкарството одделни продуценти како да сакаат да го збогатат со „њу ејџ“ номенклатура на феномени. Тоа кај нас не е регулирано подрачје за квалификувана програмска опсервација, па станува отворен пазар на атракции

  Пишува: Љубомир Костовски   Нема сомнение дека емисијата за лековитите билки на водителката Рада Бошковска (69), која се емитува секој работен ден во ударниот попладневен термин во работни денови на програмата на

Плукни и се на слободата ако не можеш да ја резилиш опозицијата!

на 30. 06. 2014 | |
На глодурот на ДПМНЕ му пречи намерата за што фондацијата Сорос ги доделува парите на медиумите – „за критика на Владата“. Критиката на власта, според него, не е легитимна цел на медиумите во демократијата!? Тогаш, каква улога сака тој да им припише на медиумите? Улога на билтени, пренесувачи на информации од власта до поданиците, пропагатори на владините политики, или можеби улога на џелати, оцрнувачи на опозицијата?   Пишува: Зоран ДИМИТРОВСКИ  

Тишината не е решение

на 30. 06. 2014 | |

Зарем има нешто од она што го сведочиме секојдневно кога станува збор за состојбата на новинарството што веќе не е кажано, за што не е алармирано, протестирано? Не еднаш, туку постојано и постојано. А, работите се лизгаат удолу речиси непречено.

  Пишува: Тамара Чаусидис   Пораката што како аманет ни ја остави Роберто Беличанец дека „тишината не е решение“ не ја спомнувам пригодно, заради тоа што измина една година како

Новинарите и известувањето од трауматични настани

на 24. 06. 2014 | |
 

Луѓето инволвирани, директно или индиректно, во трауматични настани ги преживеале тие настани и секогаш ги преживуваат кога за нив треба да зборуваат со странци, особено со странци со диктафони, камери, новинарски бележници…

  Пишува: Зоран Бојаровски   Кога се случуваат трауматични настани за една заедница или општество, на сцената, заедно со полицијата, лекарите и спасувачите, се и новинарите. Тие настани се сами по себе вест. Многу често, трагичните настани,

Идентитетот, стравот и атрофираната политичка и интелектуална мисла

на 23. 06. 2014 | |

Политичко-медиумската идентитетска шашма ги урниса националните евроатлански надежи. Македонската политичка, интелектуална и медиумска мисла по оваа тема се целосно атрофирани. Нам не ни е проблем идентитетот, туку дефицитот на лидерство, на политичка храброст.

  Пишува: Зоран Иванов   Идентитет не е прашање за полемика. Тоа не е некаков документ, лист хартија со државен печат. Идентитет не е тоа што пишува на пасошот или на кредитната картичка. Тоа се само практични документи

Заробени медиуми: А бе, ти уште не си уапсен

на 20. 06. 2014 | | sq

Реченицата од насловот е најпримитивното оправдување за слободата на медиумите од режимот на Груевски.

  Пишува: Ерол Ризаов   Штетите што се нанесени врз македонското новинарство во изминатите 8 години тешко можат да се оправат во наредните 20 години и при идеална демократија. Не се во прашање само воената цензура, драстично ограничените слободи на медиумите и забранетите професионални активности на новинарите, не е пресудна ни драматичната економска зависност на најголемиот