Новинарски лекции

Објективноста и медиумите: Цела недела молк за „противничката“ партија

на 18. 12. 2015 | |
 

Колку е длабока политизацијата на медиумите во Македонија покажува и оваа наша мала анализа. Има медиуми кои се подготвени и по цела недела да не објават ни збор за активностите или да не пренесат ниедно сооопштение или изјава на претставници од партијата што не ја „мирисаат“.

  Пишува: Симона Атанасова   Медиумите треба да известуваат точно, јасно и непристрасно, да ги опфатат сите засегнати страни и да не бидат

МРТ: Нов почеток или почеток на крајот?

на 15. 12. 2015 | |
МРТ е денеска како овошен милиброд во кој јавниот сервис се ситните, чат-пат, парченца суво овошје од јавен интерес. (Илустрација: СПФМ)

Јавниот медиумски сервис треба да воспостави ново партнерство со граѓаните, а не со политичките партии. Оттаму, секој разговор за реформи на јавниот медиумски сервис, односно МРТ, е осуден на пропаст доколку за него не се расправа од перспективата на граѓаните, а не од перспективата на политичките партии.

  Пишува:

Право на исправка на објавена информација во медиумите

на 12. 12. 2015 | | sq
Фото: pixabay  

Правото на исправка на објавена информација е регулирано со Законот за медиуми, во кој детално се опишуваат обврските на медиумите доколку од нив биде побарано да извршат исправка на веќе објавена информација.

  Пишува: Александар Георгиев   Во согласност со Кодексот на новинари, новинарот треба да настојува да биде обезбедено објавување исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.  

Кој има

Медиумите на опашката на Договорот од Пржино

на 11. 12. 2015 | |
За решенијата во медиуската сфера ќе почекаме. Новинари и сниматели пред Клубот на пратениците. Фото: „Мета“  

Преговарачите на политичките партии сè уште имаат дијаметрално различни ставови за прашањето на медиумите. Според информациите од преговарачкиот процес, копјата се кршат околу реформите во МРТ и во Агенцијата за медиуми.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Медиумите, како сфера за која треба да се преговара во работните групи на политичките партии потписнички на

Што „произлезе“ од Договорот од Пржино за лекторите

на 7. 12. 2015 | |
  Јазичните дупки околу Договорот од Пржино и вистинските дупки на улица Пржинска. Фото: Општина Кисела Вода, 2014  

Недостигот од лекторска обработка на текстовите што се објавуваат од македонските медиуми, особено од интернет-порталите, е повеќе од очигледен во периоди кога одреден збор или израз е актуелен и често се споменува. Така е периодов со Договорот од Пржино и со неколку законски решенија што произлегоа од обврската тој да се

Атмосферата на „Фарма“ пренесена во студиото на МТВ

на 5. 12. 2015 | |
Најголем дел од гледачите ги следаат нивните телевизии. Фото: скриншот  

[Емисија „Акцент“, 2 декември 2015 година. Тема: Четирите најгледани телевизии и највлијателниот дневен весник се политички непријатели на СДСМ]

 

Водителот на една од последните политички дебати на МРТВ беше изгубен во кусата меморија на учесниците. Понекогаш за нашите колеги еден час е предолга временска отсечка, па се заборава, што се рекло во првата, а што во 20-тата

ТВ-дневник: Фали го премиерот, нападни ја опозицијата и имаш дневник

на 3. 12. 2015 | |
Нова спортска сала, нова ударна вест во централни вести. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 19 часот на 2 декември 2015 година]

 

Сè на сè, ова се вести кои немаат ниту „п“ од професионалност, ниту „н“ од новинарство. Кога во половина ТВ-дневник се напаѓа опозицијата, елементарно е да ѝ се даде дел од времето и неа да одговори на нападите. Таа е, сепак, важен чинител

ТВ-дневник: Уа СДСМ, браво ВМРО-ДПМНЕ, срам да ти е Ванхауте!

на 3. 12. 2015 | |
Нападни ја опозицијата, нападни ги странците и имаш ТВ-дневник. Фото: скриншот, колаж: СПФМ.  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 17.30 часот на 1 декември 2015 година]

 

Трошењето на народните пари влезе во фокусот на јавниот интерес и во една ваква ситуација гледачот очекува објаснување на комплексните економски одлуки. Наместо тоа, централниот дневник на „Алфа“ нуди спинувани еднострани објави, кои субјективно може да се резимираат на следниов начин:

Известување за кривични постапки – приватноста и правото на јавноста да знае

на 27. 11. 2015 | |
Местото на злосторството – и што смее или не смее да се објави оттаму. Фото: Who is hiding? via photopin (license)  

Иако постојат бројни медиумски прилози кои можат да бидат предмет на анализа на објавување на лични податоци на лица против кои е покрената кривична постапка („Змиско око“, „Сексуални работнички“, „Случај – сериски убиец Карамарков“…), како поттик за оваа анализа од понов датум го земам прилогот за поднесувањето обвинителен

Новинарски организации: Тие што ги создаваат проблемите, не можат да нудат и решенија

на 26. 11. 2015 | |
Новинарски протест. Фото: В.Ѓ. (СПФМ)  

Изборниот законик, а и законите што моментно се договараат во Клубот на пратеници, и тоа на крајно нетранспарантен начин, ги предизвика на реакција новинарските здруженија. Тие бараат да бидат вклучени во преговорите затоа што таму се разговара за нив. Исто така, бесни се и на измените кои се на штета на медиумите, а за кои воопшто не биле консултурани. Политичките партии засега го игнорираат