Рецензии

Ахмети не донел конечна одлука за формирање влада

на 1. 02. 2017 | |
 

[Рецензија: Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада]

Текстот се базира на информација наводно објавена во други медиуми, но, всушност, преставува чиста шпекулација. Написот, во време кога се водат интензивни консултации во ДУИ пред истекот на рокот за формирање влада, тврди дека Али Ахмети донел одлука во новата влада да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, а како потврда за тоа цитира некои медуми, иако такво нешто не постои. Линк до оригиналниот напис: Ахмети ја донел конечната одлука за формирање на новата Влада Датум и време на објавување: 28.01. 2017, 11:37 Датум на рецензирање: 30.01.2017 Рецензент: Симона Атанасова    

НЕВИСТИНА

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети веќе ја донел одлуката да ја направи новата Влада во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ,

Откривање и манипулирање со лични податоци

на 30. 01. 2017 | |

[Рецензија: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос]

  Коментаторски, навредлив, потценувачки и сензационалистички текст, кој без докази става на тапет одредени личности кон кои се однесува непријателски и за кои, без нивна дозвола, објавува лични податоци. Текстот тврди дека сите личности набројани во написот ја оправдуваат платата на директорката на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија“, Фани Каранфилова. Линк до оригиналниот напис: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос
Датум и време на објавување: 23.01.2017, 16:47 Датум на рецензирање: 28.01.2017 Рецензент: Симона Атанасова  

ОД КАДЕ СЕ ДОБИЕНИ ПОДАТОЦИТЕ?

Уште во насловната конструкција и

На удар и „Транспаренси интернешнел“

на 30. 01. 2017 | |

[Рецензија: Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават]

  „Сè што не ѝ одговара на власта, мора да се оцрни“. Ова е мотото под кое конкретниот текст, како и илјадници други, се раководи кога пренесува каква било информација поврзана со која било сфера од општеството, а која не е по ќеиф на властодршците. Поточно, на мета е земена домашната филијала на „Транаспаренси интернешнел“, по објавувањето на последниот извештај за индексот на перцепција на корупција во Македонија, кој покажа огромен пад на земјата на ранг-листата. Значи, лоши вести и затоа следува атак, неаргументиран, се разбира.  Линк до оригиналниот напис: Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават Датум и време

Неразработена информација и несоодветна фотографија

на 28. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот]

  Објавата е сочинета од нафрлени и неразработени информации, кои не даваат никаква конкретна целина, а сензационалистичкиот наслов служи за привлекување читатели. Линк до оригиналниот напис: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот Датум и време на објавување: 23.01. 2017 Датум на рецензирање: 28. 01. 2017 Рецензент: Димитар Тануров  

КАДЕ Е НАПРАВЕНА ФОТОГРАФИЈА?

Насловот е сензационалистички и привлекува внимание. Иако најавува некакво ненаучно и непотврдено гледање, наведува на кликнување, што веројатно и била идејата. Фотографијата која се користи, според едни информации е направена во Грција, според други – во Саленто. Временскиот период кога е направена и авторот на фотографијата засега не може да се одреди. Поради тоа во прашање се доведува нејзината соодветност. Beauty of

Жежок наслов, млака содржина!

на 26. 01. 2017 | | sq

 

Напис: ЦИА објавува документи во кои пишува како СДСМ го поддржувала режимот на Милошевиќ

Состојбата во Македонија во 1995 година беше влошена, во Белград беше експлоатирана економската независност на Скопје за Србија да може да продолжи со директната трговија со Македонија и да го искористи секој надворешен трговски канал. Освен тоа, придобивката од нелегалната трговија не беше овозможена сè додека Скопје не ги подобри санкциите за еден долг временски период. Македонскиот министер за надворешни работи одамна му признал на американскиот генерал со мисија во Скопје дека неговата земја не може да дозволи санкции бидејќи треба да се одржат трговските врски со Србија. Освен тоа, високи функционери меѓу кои и премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски, за транспорт Бузлевски, примале

Добра вест, но лошо обработена

на 25. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Димитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, повеќе наликува на повик, отколку на новинарски напис. Иако е коментаторски, сепак не е пласиран како коментар, туку како вест. Линк до оригиналниот написДимитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција! Датум и време на објавување: 23.01.2017 Датум на рецензирање: 25.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

ВЕСТА ВИСТИНИТА, АМА КОМЕНТИРАНА

Со самиот наслов на текстот  се повикуваат премиерот Емил Димитриев и министрите Елизабета Канческа, Никола Попоски и Никола Тодоров, да поднесат оставки од една функција. „Цел месец Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска го кршат Уставот, Законот за Влада и Изборниот законик“. Ова е

Минотаур од текст: Човечко тело со глава од бик

на 25. 01. 2017 | | sq
[Рецензија: Балканските соросоиди се приклучуваат во војната со Трамп и американската администрација] Кога ќе ја прочитате оваа медиумска содржина сфаќате дека станува збор за создание составено од две различни целини. Или некоја мутирана новинарска форма. Или, ми се чини, најдобра илустрација за Минотаур. Она митолошко суштество кое се родило од копулацијата на критската кралица со – бик. Се разбира, далеку од тоа дека текстот што го рецензираме има митски димензии. Само сакаме најпластично да објасниме што може да се роди кога се кршат правилата во новинарството и кога се прават обиди да се спои тоа што не се спојува. Бидејќи нема лепак. Некој, сепак, создал „Франкенштајн“ од текст и затоа вреди да се запрашаме, сепак, што е тоа што послужило

Меѓуетничката омраза како мамка за читатели

на 25. 01. 2017 | | sq

 

Напис – Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или зборувај македонски или оди во Албанија

На обожавателите и на симпатизерите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не им се допаѓа обвинителката Aлбанка, Фатиме Фетаи. Тие не можат да го прифатат фактот дека една Aлбанка станала главен лик во борбата против криминализираните политичари во Македонија. Предраг Ивановски, кој на својот фејсбук-профил објавил фотографија заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реагирал кон еден напис од агенцијата за вести ИНА, во врска со обвинителката Aлбанка. „Зборувај македонски, изгубена овца, да те разбере целиот свет. Ако не сакаш да зборуваш македонски, оди таму каде што се зборува албански јазик“, напишал Ивановски. (ИНА).  

[Рецензија-„Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или

Мегаспин: Сечење, лепење и монтирање конструкција за Голи Оток

на 25. 01. 2017 | |

[Рецензија: ГОЛИ ОТОК ЗА ГЛАСАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Љуми Бекири, Ацо Кабранов, Синоличка Трпкова и Јон Фрчкоски бараат затвор за 455.000 Македонци кои се против Сорос!]

  Мегаспин! Нема друг термин за ова чудо од напис коj најдобро покажува како во Македонија може да се манипулира и да се изврти безмалку секој јавен или личен настап. Еден, единствен фејсбук-статус на млад човек, активист, познат по своите изјави против актуелната власт, е злоупотребен не само за да се даде поинаква конотација, туку и да се залепи шмек на генерализација – дека една група луѓе е против гласачите на владејачката партија?!  Линк до оригиналниот напис: ГОЛИ ОТОК ЗА ГЛАСАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Љуми Бекири, Ацо Кабранов, Синоличка Трпкова и Јон Фрчкоски бараат затвор за

Непроверената информација не е вест, туку озборување

на 24. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: ДРАМА ВО АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА: СЈО ГО УАПСИЛО ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ВО НЕГОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА, ПО ИСПРАШУВАЊЕ ЦЕЛ ДЕН БИЛ ПУШТЕН!]

  Написот е шпекулативен, пренесува непроверени информации, а истовремено и коментира за да се направи спин и да се наруши угледот на директорот на Државниот архив на Македонија, Филип Петровски. Линк до оригиналниот напис: ДРАМА ВО АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА: СЈО ГО УАПСИЛО ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ВО НЕГОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА, ПО ИСПРАШУВАЊЕ ЦЕЛ ДЕН БИЛ ПУШТЕН! Датум и време на објавување: 13.01. 2017 Датум на рецензирање: 23.01.2017 Рецензент: Димитар Тануров  

РЕКЛА – КАЖАЛА

Сензационалистичкиот наслов сам по себе најавува каков текст може да се очекува, односно сензационализам, кој ќе привлече читатели. Показател за тоа е првиот дел од насловот, односно употребата на