verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Минотаур од текст: Човечко тело со глава од бик

on 25 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Балканските соросоиди се приклучуваат во војната со Трамп и американската администрација]

Кога ќе ја прочитате оваа медиумска содржина сфаќате дека станува збор за создание составено од две различни целини. Или некоја мутирана новинарска форма. Или, ми се чини, најдобра илустрација за Минотаур. Она митолошко суштество кое се родило од копулацијата на критската кралица со – бик.

Се разбира, далеку од тоа дека текстот што го рецензираме има митски димензии. Само сакаме најпластично да објасниме што може да се роди кога се кршат правилата во новинарството и кога се прават обиди да се спои тоа што не се спојува. Бидејќи нема лепак.

Некој, сепак, создал „Франкенштајн“ од текст и затоа вреди да се запрашаме, сепак, што е тоа што послужило како „лепило“ за да се залепат две или три несродни парчиња. Не можеме да заклучиме ништо друго, освен дека за „лепило“ послужила потребата да се поддржи актуелната кампања за „десоросоизацијата“ со внесување регионален контекст. Но, дали има некаква основа за една таква конструкција?!

01242017-Republika-BalkanskЛинк до оригиналниот напис: Балканските соросоиди се приклучуваат во војната со Трамп и американската администрација

Датум и време на објавување: 24.01.2017, 11:02

Датум на рецензирање: 25.01.2017

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

СПОЈКА НА ДВА НЕСПОЈЛИВИ ДЕЛА

Текстот е составен од два неспојливи дела. Во првиот се парафразираат делови од некое интервју на извршната директорка на „Ист-вест институтот“, Делина Фицо (за кое нема линк, ниту наслов, ниту медиум), и во тоа интервју Фицо изнесува свои ствавови во врска со протестите во САД за женските права. Вториот дел од оваа медиумска содржина има цел да накалеми дека „Ист-вест институтот“ поддржува балканска регионална кампања против Трамп, со пари на УСАИД што ги менаџира конзорциум во кој главни играчи се невладини организации под покровителство на ФООМ(?!)

Целосна каша: ФООМ прави кампања против Трамп со пари на Трамп, односно на УСАИД, ама буџетите биле утврдени пред да дојде Трамп на власт(?!).

И за сето ова нема извори, а тие би можеле да бидат „лепилото“ што недостига. Препораките на професионалните и одговорни новинари и на добрата практика се дека мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Треба да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.

Ништо од овие препораки нема во овој текст. Затоа е неконсеквентен, конфузен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести