verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неразработена информација и несоодветна фотографија

on 28 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

press 24

[Рецензија: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот]

 

Објавата е сочинета од нафрлени и неразработени информации, кои не даваат никаква конкретна целина, а сензационалистичкиот наслов служи за привлекување читатели.

Апокалиптично пророштво доаѓа крај на светот Press24Линк до оригиналниот напис: Апокалиптично пророштво-доаѓа крај на светот

Датум и време на објавување: 23.01. 2017

Датум на рецензирање: 28. 01. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

КАДЕ Е НАПРАВЕНА ФОТОГРАФИЈА?

Насловот е сензационалистички и привлекува внимание. Иако најавува некакво ненаучно и непотврдено гледање, наведува на кликнување, што веројатно и била идејата.

Фотографијата која се користи, според едни информации е направена во Грција, според други – во Саленто. Временскиот период кога е направена и авторот на фотографијата засега не може да се одреди. Поради тоа во прашање се доведува нејзината соодветност.

Информацијата, која според категоријата во што е објавена, „Свет“, би требало да претставува вест, но ако се погледне целосната содржина, се забележува дека не се запазени новинарските стандарди, односно не се одговара на клучните прашања што треба да се одговорат во главата на веста. Наместо тоа, се дава нејасен цитат, кој не е ниту прецизно идентификуван.

„Од Саленто со  палми и јужните ветрови, до снежно Саленто … Два дена снег, два удари во небото, знам дека ова е крај на светот, напишана од Tafuri“.

 

А КОЈ Е ТАФУРИ?

Нејасно е кој е „Тафури“ и кога е дадена изјавата. Имајќи предвид дека станува збор за вест од актуелна категорија, се добива впечаток дека е изјава на некоја личност од денешницата, а не за познатиот италијански филозоф, Матео Тафури, кој е познат како „италијанскиот Ностардамус“ и кој живеел од 1492 до 1582 година. Тој своевремено рекол дека врнежите од снег, кои ќе треаат два последователни дена во италијанскиот град Саленто, кој е познат по својата блага клима, ќе бидат најава на апокалипсата.

Сепак, во веста овие информации не се разработени. Отворајќи ја веста со мислата на филозофот, се прави обид да се прикаже временската состојба и прогноза во овој италијански град.

Написот се коси со новинарските стандарди, пред сè затоа што и во полесните вести кои се објавуваат  во рубриките како, на пример, „Забава“, „Живот“, задолжително се почитуваат новинарските стандарди на разработување на информацијата, но со помала „строгост“ во однос на формулирањето. За жал, тука информациите само се нафрлани, недообјаснети и читателот не добива никаква претстава ниту за кој филозоф станува збор, за што тој зборувал, ниту, пак, за сегашната временската состојба на југот на Италија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести