Рецензии

Целосна дезинформација

на 24. 01. 2017 | |

[Рецензија: ОХРИД СОС БАКРАЧЕСКИ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ДА НЕ ОДАТ НА ВОДИЦИ]

  Коментаторски вовед во непроверена информација е далеку од рецепт за професионална објава. Во овој напис не се почитува основното новинарско правило кое се однесува на проверка на точноста на информациите (имајќи предвид дека има демант на објавата). Исто така, се редат формулации насочени кон дискредитација на субјект кој очигледно не е прашан за став како за актуелноста за која се пишува, така и за други работи за кои истиот се обвинува без докази. Линк до оригиналниот напис: ОХРИД СОС БАКРАЧЕСКИ И ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ДА НЕ ОДАТ НА ВОДИЦИ Датум и време на објавување: 17.01.2017 Датум на рецензирање: 23.01.2017 Рецензент: Александар Пешев    

Шокантна лага за еден измислен конфликт

на 24. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!

На границата меѓу Косово и Србија, односно во близина на селото Добросин денеска имало една премногу тензична ситуација. Весникот „Блиц“ од свои извори разбрал дека имало пукотници од огнено оружје меѓу српската жандармерија и косовската полиција. Според изворите на весникот „Блиц“, српската жандармерија била таа која провоцирала прва. „Во еден момент, ситуацијата ескалира. Се слушнаа пукотници од оружје“, истакнал овој извор, не давајќи повеќе детали. Според овие извори, настанот се случил рано наутро, некаде по 5 часот. Од друга страна, од косовската полиција велат дека немаат информации за тензична ситуација во тој дел на границата. Контактиран од страна на весникот „Блиц“, портпаролот на косовската полиција, Баки Келани,

Медиумска рожба на пропагандата

на 23. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Соросовите шарени платеници тргнаа против Трамп исто како во Македонија]

Едноставно е непримерно, недозволиво, непрофесионално, една медиумска содржина со такви претензии какви што имплицира нејзиниот наслов, во целата своја конструкција да не се повика на ниту еден извор. Оттаму, таквата постапка го прави текстот што го рецензираме плод на препаганда за домашна употреба, за ширење на ептен очигледни дезинформации за тоа кој стои зад протестите во Соединетите Американски Држави за време на инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп. Зошто? Затоа што елементарно правило во новинарството, етичкото и  професионалното, е тврдењата во новинарските текстови да бидат поткрепени со извори кои ќе потврдат или барем ќе индицираат дека зад протестите во Вашингтон и во другите градови стои Џорџ Сорос. Тоа го

Класична злоупотреба на терминот „анонимни извори“

на 23. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев]

Текстот што го рецензираме личи на сè, освен на новинарски напис. Тој е тенденциозен, полн со коментари и има цел да удри по друг медиум и по неговиот главен уредник, а притоа се води од политички мотиви. Линк до оригиналниот напис: Еве зошто Атанас Кировски ја стави Телма на послужавник на СДСМ и Заев  Датум и време на објавување: 18.01.2017 Датум на рецензирање: 23.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

Во написот се напаѓа главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“, Атанас Кировски дека, наводно,  работел за интересите на СДСМ и дека телевизијата во целост ја ставил на располагање на раководството на таа партија. Притоа,

Танц на спинот и на невистината

на 23. 01. 2017 | |

[Рецензија: Американската полиција реагираше жестоко: Во првиот ден на Трамп уапсени 217 хулигани на Сорос, не се дозволи „Шарена револуција“ (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)]

  „Мешање баби и жаби“, тенденциозност, спинување… Ова се главните карактеристики на конкретниот напис што се обидува да прави некаква паралела меѓу протестите во САД и „Шарената револуција“ во Македонија. Покрај изместувањето на фактичката состојба, која покажува дека во Вашингтон ситуацијата ескалирала далеку повеќе отколку во Скопје, упорно се форсира и демонизацијата на Сорос, со тоа што се тврди дека сите уапсени на собирите во главниот град на САД биле „хулигани на Сорос“!   Линк до оригиналниот напис: Американската полиција реагираше жестоко: Во првиот ден на Трамп уапсени 217 хулигани на Сорос, не се дозволи „Шарена револуција“ (ФОТО

Со виртуелни експерти против Катица Јанева

на 23. 01. 2017 | |

[Рецензија: Правната фела реагира – потегот на СЈО е преседан]

  „Гол и бос“ напис, барем во делот за тезите што ги пласира. Не може остро да се осудува потег на државна институција врз основа на наводни ставови на „правна фела“ „познавачи“ и „адвокати“, кои повеќе се виртуелни, отколку реални. Видлива е површноста со која ѝ  се пристапува на комплексната тема и текстот остава впечаток дека е претрчано преку одлуката на СЈО за предметот „Пуч“. Линк до оригиналниот напис: Правната фела реагира – потегот на СЈО е преседан  Датум и време на објавување: 20.01.2017  16:12 Датум на рецензирање: 21.01.2017  Рецензент: Владимир Мирчески     ПРАВНА „ФЕЛА“, ПОЗНАВАЧИ,  АДВОКАТИ  Ова е пример за „новинарско“ обработување правна тема преку алатки што воопшто не се

Надувано „насилство“

на 21. 01. 2017 | | sq
[Рецензија: Хаос во САД: Платеници на Сорос ја нападнаа полицијата на инаугурацијата на Трамп]   Речиси во секоја реченица на оваа медиумска содржина има проблеми. Но, дали станува збор за грешки или манипулација, ќе заклучиме во завршницата на оваа рецензија. Затоа, да одиме со ред. Од текстот објавен на овој портал, како и од видеозаписот, кој, очигледно, е изворот за креирање на овој „новинарски“ производ, нема ниту еден елемент, изјава или каков било знак, симбол, па дури ни индиција, според кои протестите за коишто се пишува можат да се идентификуваат како активност на „платеници на Сорос“. Дури да го земеме овој термин, „платеници на Сорос“, како реален, иако тој апсолутно нема никаква реална врска со стварноста и со фактите, зашто

Наместо професионална вест, шпекулација за сценарио

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Ексклузивно – Можно сценарио, Иванов ќе поднесе оставка?!

По истекот на рокот како мандатар, како што дознава порталот „Тетова сот“, Никола Груевски нема да успее да состави влада и едно можно сценарио е претседателот Ѓорге Иванов  да поднесе оставка за да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ова сценарио, како што ce дознава, може да се случи на денот кога на Никола Груевски му истекува рокот на мандатот, затоа што тој нема да може да ја состави новата влада. Инаку, Никола Груевски отворено изјави дека не ги признава точките на платформата на Aлбанците, а од друга страна лидерот на ДУИ, која е главниот клуч за формирање на владата и која има 10 пратеници,

Критика адресирана на погрешен човек

на 20. 01. 2017 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Заев со импровизирано тракторче се справува со снегот, додека струмичките улици се во катастрофална состојба]

  Грешка во чекори, ама голема. Се куди погрешен човек за снегот во Струмица. Зоран Заев веќе неколку седмици не е градоначалник. Кој знае – знае. Кој не знае – ќе прави вакви текстови.   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Заев со импровизирано тракторче се справува со снегот, додека струмичките улици се во катастрофална состојба  Датум и време на објавување: 18.01.2017  13:31  Датум на рецензирање: 19.01.2017  Рецензент: Владимир Мирчески   „АКО ПОМИНЕ, ПОМИНЕ“ Секако дека сме за тоа да се критикува власта, независно дали е централна или локална, ако не ги исполнува своите обврски кон граѓаните. Чистењето на булеварите, улиците и на тротоарите, поради

Лоша и непрофесионална копија со коментари

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!

ДУИ сè уште е во исчекување на поканата од Груевски за да се почнат преговорите за формирање на новата влада. Претставниците од партијата на Али Ахмети очекуваат преговорите да почнат до крајот на неделава. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред девет дена го доби мандатот од претседателот на државата, сè уште официјално не поканил на преговори ниту една партија. Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“. „Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од