verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Откривање и манипулирање со лични податоци

on 30 - 01 - 2017       

kurir

[Рецензија: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос]

 

Коментаторски, навредлив, потценувачки и сензационалистички текст, кој без докази става на тапет одредени личности кон кои се однесува непријателски и за кои, без нивна дозвола, објавува лични податоци. Текстот тврди дека сите личности набројани во написот ја оправдуваат платата на директорката на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија“, Фани Каранфилова.

Сорос со тактика „Нема правда нема мир“ протестира и против Трамп Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос
Датум и време на објавување: 23.01.2017, 16:47

Датум на рецензирање: 28.01.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

ОД КАДЕ СЕ ДОБИЕНИ ПОДАТОЦИТЕ?

Уште во насловната конструкција и во поднасловот се тврди дека Каранфилова зема плата од 3.400 евра. Но, каде е тука доказот дека тоа e навистина така? Нема никаква потврда дека таа навистина ја зема споменатата сума на месечно ниво.

„Срамота: Ѓунер, Милчин, Кабранов, Маричиќ, Ивана Туфегџиќ, Забрчанец и Борјан Јовановски поддржуваат плата од 3.400 евра за Каранфилова од Сорос“

 

„Забеганоста на платениците на Сорос се гледа преку отворената и јавната поддршка за платата од 3.400 евра на Фани Каранфилова како директорка на Сорос во Македонија“.

Не е познато од каде медиумот заклучил дека сите овие набројани личности „отворено и јавно“ даваат поддршка за платата на Каранфилова. Каде ја истакнале поддршката? Секој од нив имал посебна изјава? Ако тоа е случај, тогаш зошто не се цитирани нивните изјави во текстот?

Најспорното во овој текст е потеклото на добиените информации за платите и за приходите на личностите ставени на тапет. Во написот нема ниту еден извор на информации. Овие податоци можат да се добијат единствено ако нив одлучи да ги сподели Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или, пак, самите лица. Но, во текстот не е назначено од каде се добиени, што остава голем простор тие и да не се точни, односно да се измислени.

 

ОТКРИВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Освен што не е назначен изворот на информацијата, објавувајќи ги приходите на одредени луѓе, кои се сметаат за лични податоци, текстот го прекршува Законот за заштита на лични податоци.

Членот 2 од Законот за заштита на личните податоци вели:

1. „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет;

 

2. „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.

Дури и тие навистина да ја поддржуваат платата на Каранфилова, како тоа ги прави „забегани“ и зошто би било тоа „срамота“? Каранфилова не зема буџетски пари, односно пари од граѓаните на Македонија. Освен тоа, текстот не нуди ниту еден аргумент или образложение зошто Каранфилова не ја заслужува наведената сума пари.

 

ОРКЕСТРИРАН НАПАД

Подолу во текстот, наредени се осум личности кои текстот на еден или друг начин ги поврзува дека земале пари од Фондацијата „Отворено општество“, тврдење за кое не се приложува ниту еден доказ. Вака нафрлени, овие информации изгледаат невистинити и шпекулативни. Дури и некој од нив навистина да добил некаков вид на финансирање од Сорос, нема образложение зошто тоа би било спорно.

Како што често се случува во вакви пропагандистички текстови и во овој напис недостигаат ставови и изјави од засегнатите страни, кои се ставаат на тапет без притоа да им биде дозволено да ја искажат својата страна на приказната.

Целта на овој текст е силен и оркестриран напад врз граѓанскиот сектор заради манипулација на читателите преку константната „демонизација“ на Сорос и на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија.  Написот е необјективен, едностран и шпекулативен и служи за пресметка со неистомисленици.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести