verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

На удар и „Транспаренси интернешнел“

on 30 - 01 - 2017       

http___kurir.mk_makedonija_vesti_s

[Рецензија: Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават]

 

„Сè што не ѝ одговара на власта, мора да се оцрни“. Ова е мотото под кое конкретниот текст, како и илјадници други, се раководи кога пренесува каква било информација поврзана со која било сфера од општеството, а која не е по ќеиф на властодршците. Поточно, на мета е земена домашната филијала на „Транаспаренси интернешнел“, по објавувањето на последниот извештај за индексот на перцепција на корупција во Македонија, кој покажа огромен пад на земјата на ранг-листата. Значи, лоши вести и затоа следува атак, неаргументиран, се разбира.

 1111Линк до оригиналниот напис: Соросовите организации со штелувани извештаи против сите држави кои ќе им се спротивстават

Датум и време на објавување: 26.01.2017   14:03

Датум на рецензирање: 29.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

НА „ОТСТРЕЛ“ НЕПОЖЕЛНИТЕ

Еден куп обвинувања без соодветни аргументи. Класично четиво за „отстрел“ на непожелните, во овој случај, граѓанско здружение што се занимава со клучна тема за кое било општество, како што е борбата против корупција:

„Главна цел на програмата за работа на здружението на граѓани „Транспаренси интернешнел – Македонија“ е да се воспостави систем на добро владеење за ефикасна превенција за борба против корупцијата…“, Мисија, Транспарентност Македонија

Причина зошто е „удрено“ врз „Транспаренси интернешнел“ е нејзиниот најнов глобален годишен индекс на перцепција на корупција, во кој влезе и истражувањето за Македонија, кој, пак, покажа поразителни резултати – меѓу најголемите падови во светски рамки и меѓу најслабите резултати во регионот. Оттука, јасно е зошто се медиумските напади како овој – непоткрепени, чиста пропаганда и во спротивност со сè што претставува новинарската професија.

„Еден од начините на кој дејствува СОРОС е креирање на лажна слика и перцепција преку неговите меѓународни организации кои тој ги финансира, а кои вршат рангирање за повеќе сфери и области во различни држави. Во зависност на степеност на соработка со СОРОС државите кои се спротивставуваат на функционирањето и методите на апсолутна корупција која ја спроведува оваа организација се шиканирани и независно од постигнатите реформи за да се дисциплинираат се ставаат на дното на табелите кои подоцна преку нивните испостави и филијали во државите се претставуваат како објективни параметри“.

Коментаторски, неиздржани формулации, кои едноставно туку-така се залепени на овој „ѕиден весник“, кој како да се уредува по партиски, а не по новинарски терк. Тешки обвинувања, недокажани, а и со дискутабилна вистинитост. Имено, според официјалните информации, јавно достапни, „Отвореното општество – Македонија“ не стои како финансиер зад „Транспаренси интернешнел – Македонија“.

 

ЗАГОВОРНИЧКО СЦЕНАРИО

Па, се прави и целосен пакет-аранжман за заговор со тврдењето дека истражувањето на „Транспарентност“ доаѓа по интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ваквото лошо рангирање доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Република од пред две недели објави дека државата бележи успех на индексот за борба против корупција дури и на организација финансирана од СОРОС како што е Трнаспарентост Интернешнл. Очигледно СОРОС преку неговите инсталации тука стана свесен и испорача лошо рангирање“.

Премногу параноја, дури и за домашен медиум склон на такви јавни илузии.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, вели член 13 од Кодексот на новинарите.

Инаку, пресметката на индексот не е некоја произволна активност, како што ни се претставува, туку опсежна анализа која се темели на методологија составена од четири чекори, со користење на релевантни и стандардизирани извори.

Не може, барем не во нормалното новинарство, цела една комплексна анализа да се дискредитира низ поедноставување на равенката дека станува збор за местенка на „Сорос, опозицијата итн…“ На аргументи, треба да се одговори со аргументи, да се утврди дали има „штелување“, а не да се расфрлаат флоскули дека сè е туѓо масло… Така што, ова е само уште еден текст што ја продолжува „Сорос-фобијата“ што ја протежира владејачката партија.

„Со новиот извештај  Трансперенси Интернешнл нафрла уште една топка на СДСМ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ, а на сметка на државата“.

А кому нафрла овој напис, зашто топката сигурно не е наменета за публиката?!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести