verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мегаспин: Сечење, лепење и монтирање конструкција за Голи Оток

on 25 - 01 - 2017       

11115

[Рецензија: ГОЛИ ОТОК ЗА ГЛАСАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Љуми Бекири, Ацо Кабранов, Синоличка Трпкова и Јон Фрчкоски бараат затвор за 455.000 Македонци кои се против Сорос!]

 

Мегаспин! Нема друг термин за ова чудо од напис коj најдобро покажува како во Македонија може да се манипулира и да се изврти безмалку секој јавен или личен настап. Еден, единствен фејсбук-статус на млад човек, активист, познат по своите изјави против актуелната власт, е злоупотребен не само за да се даде поинаква конотација, туку и да се залепи шмек на генерализација – дека една група луѓе е против гласачите на владејачката партија?!

 1111Линк до оригиналниот напис: ГОЛИ ОТОК ЗА ГЛАСАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: Љуми Бекири, Ацо Кабранов, Синоличка Трпкова и Јон Фрчкоски бараат затвор за 455.000 Македонци кои се против Сорос!

 Датум и време на објавување: 22.01.2017

 Датум на рецензирање: 24.01.2017

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

МАНИПУЛАЦИЈА, НАВРЕДИ КЛЕВЕТИ

Од една објава на „Фејсбук“ до целосен спин со високи дози невистина. Читајќи го овој пропаганден памфлет, јасно се гледа дека намерата е да се настрви на одредени личности кои власта многу не ги „мириса“. Притоа, не се гледа на средствата за да се исполни целта. Користено е сè и сешто. Од манипулација, генерализација, навреди и клевети, бележење и стигматизирање, до употреба на несоодветни фотографии.

Значи, Љуми Бекири напишал: „Кој не сака отоворено општество, затворено има во Идризово“ и топката почнала да се тркала.

„Соросовите платеници скандалозно најавуваат затвор и прогон за сите неистомисленици со политиките на милијардерот Џорџ Сорос во Македонија“.

Прво, од каде тоа дека ФБ-коментарот на активистот е насочен токму против граѓаните, и тоа сите, ама баш сите кои на последните избори гласале за коалицијата на десетици партии предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Саркастичниот коментар можеби е само за врвот на партијата, зашто ако нејзиното раководство е контра Сорос, тоа по автоматизам не подразбира дека сите што го дале гласот за таа коалиција го делат истиот став за Фондацијата „Отворено општество“ како Груевски и неговите соработници. Каква е оваа непримерна генерализација која се потира на шпекулација, а не на факти?

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави, вели член 1 од Кодексот на новинари.

Како тоа да не било доволно, па се забегало и во именување црни места од историјата, како некакво сценарио за кое, наводно, се залагала личноста што го објавила коментарот.

 

А КОЈ ГО СПОМНАЛ „ГОЛИ ОТОК“?

Какво „сечење, лепење и монтирање“. Кој тоа го споменал „Голи Оток“, познат како место за елиминација на политички неистомисленици и тоа управуван од тогашната власт?! Значи, „Голи Оток“ како синоним за пресметка со оние кои поинаку мислат подразбира дека тоа би било можна алатка на тој што е на власт!

Бидејќи постот добил „лајкови“, меѓу другото, и од неколку новинари и јавни личности кои не се во „мегафонската лепеза“, тоа некому добро му дошло како оправдување дека и тие се за наводното затворање на сите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Љуми Бекири, Ацо Кабранов, Синоличка Трпкова и Јон Фрчкоски бараат затвор за 455.000 Македонци кои се против Сорос“.

Тврдење кое зад себе нема аргументи.

И конечно, овој нагласено тенденциозен мегамикс е финиширан со визуелизација во форма на несоодветни фотографии. Страшно, извлечено е сè што може да се ископа на „google images“ и ставено е во служба на манипулацијата. Своевидна параноја пласирана како медиумски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести