Рецензии

Рецензија: Маратонските стечајни постапки ќе бидат решени со специјален закон

на 25. 11. 2013 | |
Ова требало да биде информативен материјал, промоција на новиот закон кој го подготвила Владата за решавање на долгите стечани постапки, но сите „мирудии,“ кои му се дадени на текстот, надвор од изјавата на премиерот во случајов, се застарени, паушални, непроверени, за кои не е наведен извор од каде се преземени. Со ваквиот начин на информирање е направена повеќе штета отколку корист, што била целта најверојатно, да се каже дека ќе се решат 300 стечајни предмети кои биле заглавени. Се говори за велешка „Порцеланка“ на пример, која е продадена во 2006 година токму од стечаен управник. Оваа фабрика, до средината на 90-тите години вработуваше над 2.500 велешани, кои слушајќи го прилогот на телевизија можат само да прашуваат во  недоумица дали некој

Рецензија: Женска тепачка на плоштад Македонија – три лица завршија во болница

на 22. 11. 2013 | | sq
Написот е илустриран со несоодветна фотографија. Нагласена е родовата припадност со што е нарушен принципот на еднаквост меѓу половите и информацијата во целост е преземена од полициски извештај. Тоа се клучните забелешки за овој напис, кој не би можел да се нарече новинарски производ, туку информација поставена на огласна табла. Линк до оригиналниот напис: Женска тепачка на плоштад Македонија – три лица завршија во болница Датум и време на објавување: 16.11.2013 Датум на рецензирање: 22.11.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Фактите врз кои се темели написот се добиени, препишани или само пренесени од извештај на полицијата. Нема причина да не веруваме во нивната веродостојност. Извори на информации: Единствениот извор кој може да се евидентира во написот е полицијата. Информациите од изворот

Рецензија: Македонија во дисциплината 2.200 километри со пречки!

на 22. 11. 2013 | |
Текстот почнува со класичен вовед во интервју: „Американскиот аналитичар Даниел Сервер во интервју за „Вечер„ порачува“… Интервју, (од англискиот збор interview) како новинарска форма, подразбира разговор или испрашување на новинарот со одредена личност, што потоа ќе биде објавено во весникот, на радиото, ТВ… Овој новинарски жанр, во облик на дијалог, на читателот/гледачот/слушателот му соопштува релевантни факти преку кои го објаснува, толкува, вреднува, своето индивидуално мислење за одреден проблем. Читателот, според воведот во овој опширен текст од 140 реда, очекува да прочита интересни новинарските прашања поврзани со декемврискиот самит на ЕУ (како што е најавено во наднасловот) и од Даниел Сервер да добие одговор зошто Македонија, како што соопштува медиумот во насловот, ја чека…„дисциплината 2.200 километри со пречки“.

РЕЦЕНЗИЈА: Што е лагата во отровните краставици на Заев?

на 22. 11. 2013 | | sq
Неблагодарно е кога новинарски текст, како што е во овој случај, ја презема улогата на судија, порота и истовремено егзекутор. Тежината на „професионалниот прекршок“ е дополнително зголемена имајќи ја на ум исклучително важната тема за граѓаните која се обработува, но не од суштински, туку од политички агол. Линк до оригиналниот напис:  Што е лагата во отровните краставици на Заев? Датум и време на објавување:   20.11.2013 17:07 Датум на рецензирање:  21.11.2013 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: Веднаш, на самиот почеток се соочуваме со тешкотии во утврдувањето на застапената доза вистинитост. Нема дилема дека настаните со „пестицидните македонски краставици“ уништени во Хрватска се тема и пол, исто како и можните консеквенци кои ќе ги има овој случај, но проблематичен е пристапот во дадениот

Рецензија: Македонците – печалбари во Катар на лезет работа

на 22. 11. 2013 | |
„Од Македонија не се испраќаат градежници на работа во Катар, а оние ангажирани во другите сектори, работат во добри услови. Ова го тврдат агентите за посредување при вработување во странство, откако во понеделникот Амнести интернешнл (АИ) објави вознемирувачки информации дека странските работници во Катар се третираат како животни. АИ ги обвини властите во Катар дека странските работници кои работат на изградбата на објектите за Светското првенство во фудбал во 2022 година се изложени на разни облици на злоупотреби и на експлоатација, на казнувања и неплаќање за работата што ја вршат, им се даваат обврски кои често се опасни по животот, како и дека живеат во крајно мизерни услови, поради што голем дел од нив завршуваат во болница.“ Текстот се однесува

Рецензија: ВИВА соковите со ликови на Дизни и Марвел

на 22. 11. 2013 | |
Етичките правила во новинарството не се случајни, ниту пак до нивното утврдување се дошло лесно. Новинарството е таква професија што може да служи како „иљач“, но и како „отров“ во едно општество. Токму и затоа се изградени мерките за саморегулација, а една од најсилните е кодексот. Во него, пак, јасно пишува Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата (дел од чл.6 од Кодексот на новинарите на

Рецензија: Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014

на 21. 11. 2013 | |
Ах тие новинари предавници! Кои не можат да размислуваат со своја глава, туку со онаа на СДСМ! Но, кога ќе ги оставите да размислуваат сами, тие веднаш го менуваат ставот! Ова би била кусата синтеза на тезата на текстот со наслов “Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014“, во кој се тврди дека новинарите, кои работат за медиумите за кои се смета дека се блиски до опозицијата, пишуваат критички текстови, но, всушност, не мислат така. Текстот што го рецензираме овде е непрофесионален производ во кој се објавени слики на новинарка која работи за порталот Плусинфо и која критички пишува за проектот Скопје 2014. Но, таа истовремено, на својот Фејсбук профил објавила лични фотографии од пред

Рецензија: Полицаец спречил самоубиство на девојче во Делчево

на 21. 11. 2013 | |
Уште во самиот наслов на веста „Полицаец спречил самоубиство на  девојче во Делчево“ се демонстрира невниманимателност и неодговорен однос кон чувствителната информација што се пласира во јавноста. Всушност, прашање е како и дали воопшто требало да се извести за овој случај, особено бидејќи се работи за тинејџерка, осмоодделенка која потекнува од мало место. Според официјалните податоци во Општина Делчево живеат 17.505 жители, од кои 11.536 во градот, а во целата Општина има само две основни училишта. Во Прирачникот за етика во новинарството се посочува дека: „Еден од факторите кои некоја ранлива личност можат да ја наведат на самоубиство е и публицитетот што на таквиот чин му се дава во медиумите“ И се напоменува  дека новинарите не треба да

Рецензија: Венизелос: Меркел на средбата со Нимиц ја поддржа Грција

на 21. 11. 2013 | |
Ако имаме неодговорни медиуми, тогаш сликата за општеството ни е како да сме на „Фарма“ или „Големиот брат“, а во центарот на вниманието се интригите, полувистини или невистини. Текстот кој што го рецензираме го има следниот наслов: „Венизелос: Меркел на средбата со Нимиц ја поддржа Грција“. Ако Венизелос навистина ова го изјавил, тогаш е лош дипломат и неговата изјава може крајно негативно да се одрази на понатамошните односи помеѓу Грција и Германија. Ако не го изјавил, а медиумот напрвил конструкција, тогаш тоа може крајно негативно да се одрази на дипломатските односи на Македонија и со Германија и со Грција. Линк до оригиналниот напис: Меркел на средбата со Нимиц ја поддржа Грција Датум и време на објавување: 15.11.2013,  19:02 Датум

Рецензија: Борис Трајковски е убиен од ЦИА оти ја знаел вистината за военото профитирање

на 20. 11. 2013 | | sq
Текстот со сензационален  наслов:  „Борис Трајковски е убиен од ЦИА оти ја знаел вистината за военото профитирање“, нема апсолутно никаква допирна точка со вистината. Станува збор за целосно препишана стара информација објавена уште во февруари 2012 година на  друг портал , при што е изменет само насловот. Овој copy-paste напис е објавен еден ден откако повеќето медиуми соопштија дека има нови моменти во истрагата за загинувањето на екс претсетадателот Трајковски. Нивните текстови се потпираа на веста што ја објави една телевизија со национална концесија и која нема врска со она што го објави порталот. Линк до оригиналниот напис: Борис Трајковски е убиен од ЦИА оти ја знаел вистината за военото профитирање Датум и време на објавување: 19.11.2013 Датум