Рецензии

РЕЦЕНЗИЈА: Почна ли СДСМ да применува популизам во борбата за гласачи?

на 20. 11. 2013 | | sq
Новинарски текст треба да дава одговори, да „копа, а не само да ја загребува површината“, максимално да се обидува, ако веќе до крај не може да ја разоткрие вистината, да ѝ објасни на публиката „за што станува збор“. Прашалните форми не се препорачуваат, можеби со исклучок ако имаат стилско значење за содржината. Во дадениов случај, имаме примери токму на спротивното: се поставуваат прашања до јавноста – сигурно не за стилски впечаток, не се нудат одговори на зададената тема, се пласираат тези без аргументи и конечно отсуството на извори за покрепа на кажаното. Со два збора: неодговорно новинарство. Линк до оригиналниот напис: Почна ли СДСМ да применува популизам во борбата за гласачи? Датум и време на објавување:  18.11.2013  16:47 Датум на

Рецензија: Утре мини геј парада во Скопје

на 20. 11. 2013 | |
Пред нас имаме вест со манипулативен, спинерски наслов. Од текстот е евидентно дека организациите кои авторот на текстот ги посочува како поддржувачи на Маршот за толеранција се организации од најразличен вид. Меѓу нив има организации за заштита на животните, младински организации, чиј примарен фокус е образованието и така натаму. Овие факти авторот не ги наведува во насловот. Наместо тоа, тој издвојува еден вид организации, конкретно организациите кои се борат за правата на ЛГБТ заедницата и Маршот за толеранцијата го поистоветува со „мини геј-парада“. Експликацијата дека станува збор за редакциска и уредувачка слобода не е валидна, поради тоа што читателот со ваквата селективност е доведен во заблуда и му се скратува правото на сеопфатно информирање како новинарска должност. Со други зборови,

Рецензија: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец

на 20. 11. 2013 | |
Навидум „мала“ грешка во насловот, која толку лесно се воочува и не го остава рамнодушен читателот да не ја искоментира. Во неколкуте реченици се нуди информација за запалени луксузни возила во Битола, на битолчани, на улица во Битола, се нудат фотографии на кои се гледаат битолски регистарски таблички, а во насловот пишува дека возилото било на велешанец. Во текстот таков податок не се нуди, па читателот може само да погодува дали авторот брзал и направил грешка во насловот или знае други информации кои не ги навел во текстот. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Му го полил со бензин и го запалил – погледнете што остана од луксузниот Мерцедес на овој велешанец Датум и време на објавување: 17.11.2013 Датум на рецензирање:

Рецензија: Милошевиќ притиснал, Глигоров прифатил Словенска Република Македонија, Андов одбил

на 20. 11. 2013 | |
Навидум станува збор за релативно коректна вест, делумна копија на вест објавена во друг медиум, со наведен линк кон медиумот од каде е преземена, при што е истакнат најважниот дел. Но, оваа вест отстапува од дел од новинарските стандарди – проверка на факти, балансираност, пишување без сензационализам, одбегнување на дискредитација на личности без проверени факти… Во веста што е предмет на оваа рецензија тие стандарди ги нема, а со насловот што е ставен на текстот, непроверен факт, се нуди како апсолутна вистина, засегајќи притоа, во прв ред, имиња на живи и мртви личности, поранешни и сегашни политичари. Линк до оригиналниот напис: Милошевиќ притиснал, Глигоров прифатил Словенска Република Македонија, Андов одбил Датум и време на објавување: 17.11.2013/22:38 Датум на рецензирање: 19.11.2013

Рецензија: Џон Аран ни го чисти избирачкиот список со искуства од Kонго и од Замбија

на 20. 11. 2013 | |
Профилите, портретите, на познати личности, или на личности кои станале медиумски интересни, не се непознати во новинарската пракса, ниту, пак, како новинарски жанр. Но, како и за сите други новинарски форми, и пишувањето профил треба да ги задоволи општите професионални и етички новинарски стандарди, како и посебните кои се однесуваат на овој новинарски формат. Сѐ што излегува од новинарското перо, а не ги задоволува овие стандарди, е нешто друго. Не

Рецензија: Со хеликоптер го донеле од Албанија – Македонец се бори за живот на скопските клиники

на 19. 11. 2013 | | sq
Веста е најважна новинарска форма. Таа е постара од самото новинарство и се провлекува низ сите други новинарски форми. Затоа мора да биде кратка, јасна, прецизна, вистинита и содржајна. Во оваа „вест“ тоа го немаме. Имаме наслов кој е, всушност, вест: „Со хеликоптер го донеле од Албанија-Македонец се бори за живот на скопските клиники“. Истото тоа го имаме и подолу во текстот дополнето со уште три збора, дека доживеал страотна сообраќајна незгода. Линк до оригиналниот напис: Со хеликоптер го донеле од Албанија-Македонец се бори за живот на скопските клиники
Датум и време на објавување: 17.11.2013  14:31 Датум на рецензирање: 18.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Неодговорно и непрофесионално преземена вест од нерелевантен извор и пренесена на читателите, кои слободно можат

Рецензија: Напуштените хангари во Визбегово се шверцерско дувло вредно 10.000.000 евра

на 19. 11. 2013 | |
„Петнаесетте хангари кои некогаш биле на АРМ, за потоа да ги користат Лавовите, сега официјално не ги користи никој. Токму на тоа место во скопско Визбегово, ВЕЧЕР и Алфите дојдоа до неверојатно сознание: хангарите се шверцерско дувло вредно десетици милиони евра! Внатре, Алфите и ВЕЧЕР затекнаа купишта кутии полани со патики, хектолитри скапи парфеми, тони текстил, брендирана гардероба и илјадници детски играчки. Засега нема одговор кој е сопственик на стоката, чии се хангарите и како шверцерите токму таму решија да ја сместат својата база“. Прес конференцијата која во неделата ја одржаа „на отворено“ министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и првиот цариник Ванчо Каргов за откриен хангар во Момин Поток, полн со шверцувани патики, дневниот весник низ една форма која

Рецензија: МЕГАСКАНДАЛ: Заеви стојат зад аферата со затруени краставици

на 19. 11. 2013 | | sq
Основниот проблем во овој текст е тоа што во моментот на неговото објавување нема потврда дека фирмите за кои детално се  елаборира дека се на семејството Заеви, се всушност и фирмите кои се вмешани во случајот со зеленчукот кој е хемиски третиран повеќе од дозволеното. Лоцирани се Државниот инспекторат за земјоделие и Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежни да ја потврдат оваа информација и добро е што оттаму се бара реакција, но, сепак, не е добиена потврда. Порталот во случајов користи изводи од Централниот регистар кои се веродостоен извор за сопствеништвото на компаниите во Македонија, но не го задоволува минимумот на веродостојност за тоа дека токму фирмите за кои елаборира се и оние што се вклучени во производството и

Рецензија: САД се тргна настрана – спорот за името оставен на Скопје и Атина

на 19. 11. 2013 | | sq
Според најавата во насловот, централната тема со која се занимава медиумот би требалo да биде позицијата на САД во спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Читателот очекува од информацијата да дознае дали САД навистина се тргаат настрана од спорот за името и има ли некое објаснување за ваквата одлука. За жал, не може да дознае ништо и збунет е дали САД навистина се повлекуваат од овој спор или остануваат да го поддржуваат процесот. Линк до оригиналниот напис: САД се тргна настрана – спорот за името оставен на Скопје и Атина

Датум и време на објавување: 14.11.2-13 9:22 Датум на рецензирање: 18.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Од фактите наведени во информацијата не може да се утврди што е вистината. Во

РЕЦЕНЗИЈА: ФОТО: Кој се ги бранеше правата на хомосексуалците

на 19. 11. 2013 | | sq
Наместо репортерско известување класично спинување, наместо граѓанска информација политичка калкулација, наместо ФОТО вест ФОТО жигосување. Ете тоа го нуди овој текст. Линк до оригиналниот напис:  ФОТО: Кој се ги бранеше правата на хомосексуалците Датум и време на објавување:  16.11.2013   17:57 Датум на рецензирање: 18.11.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Прашање е колку треба во детали да се навлегува во анализа на присуство или отсуство на професионални новинарски стандарди кога веднаш станува јасно дека намерата воопшто и не била, во овој текст, да се запазуваат критериуми, туку само неаргументирано да се напаѓа. Настанот кој се обработува и присуството на одредени лица, од медиумскиот и од невладиниот сектор, секако добро познати на јавноста, само се искористува за нивно оцрнување. Извори на информации: Како