verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Маратонските стечајни постапки ќе бидат решени со специјален закон

on 25 - 11 - 2013       

ALFA TV-zakon-0000-0000-crop-resize

Ова требало да биде информативен материјал, промоција на новиот закон кој го подготвила Владата за решавање на долгите стечани постапки, но сите „мирудии,“ кои му се дадени на текстот, надвор од изјавата на премиерот во случајов, се застарени, паушални, непроверени, за кои не е наведен извор од каде се преземени.

Со ваквиот начин на информирање е направена повеќе штета отколку корист, што била целта најверојатно, да се каже дека ќе се решат 300 стечајни предмети кои биле заглавени. Се говори за велешка „Порцеланка“ на пример, која е продадена во 2006 година токму од стечаен управник. Оваа фабрика, до средината на 90-тите години вработуваше над 2.500 велешани, кои слушајќи го прилогот на телевизија можат само да прашуваат во  недоумица дали некој си поигрува со нив намерно или од незнаење. Во октомври 2006 година „Утрински весник“ објавува дека е продадена Порцеланка на швајцарската фирма „Гофи“, за да ја дополнат оваа информација на денот кога е извршена и уплатата дека се платени 800.000 евра за колку што е купена фабриката. Тоа што не била рестартирана фабриката од страна на новиот сопственик е друго прашање кое нема допирна точка со објавенава информација дека новиот закон ќе го реши долгиот стечај во „Порцеланка“.

Слична е судбината и на другите споменати, „Фиком“ и „Самарија,“ на пример, фирми кои градеа станови што им ги продавале на неколку луѓе во исто време. Беа откриени измамите, сопствениците осудени, а станарите не ги добија становите, бидејќи во тек се повеќе постапки во кои се поништуваат хипотеки, се утврдува право на сопственост и други правни работи, но тоа не се стечајни постапки, како што кажува овој материјал во самиот вовед.

Бидејќи не е цитиран извор (дали е тоа информација на Влада, на некое министерство, суд, агенција) се добива впечаток дека се презентирани некакви наводни факти, колку да се даде форма на телевизиски прилог, која нема да биде само изјава на премиерот што ги промовирал законските решенија.

ALFA TV-zakon-0000-0000Линк до оригиналниот напис: Маратонските стечајни постапки ќе бидат решени со специјален закон

Датум и време на објавување: 21.11.2013

Датум на рецензирање: 22.11.2013

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Ако земеме во вид дека наброените фирми не можат да влезат во категоријата на долги стечаи, како и податокот кој ни го соопштува авторот дека лани биле решени 10 стечаи кои траеле по една и пол година (?!), во целиот текст како вистинита може да се оцени изјавата на премиерот Никола Груевски кој го објаснува законот!

Ако се потсетиме дека еден судија во Македонија кој работи на стечајни постапки месечно мора да реши 15 предмети, утврдена норма, тогаш кој и каде ги решил овие 10 стечаи, кои не влегуваат во долги постапки за кои говори текстот зашто таквите траат по 20 години, а овие 10 само само година и половина. Значи, бројката од 10 стечаи требало да биде решена од еден судија за еден месец, па со непотенцирање на извор или во кој суд биле решени, под сомневање ја доведува вистинитоста на сите презентирани факти како имиња на фирми, години на траење или бројки.

Извори на информации: Освен изјавата на премиерот, друг извор не  е цитиран, па затоа со вака пласирани информации консументот се доведува во заблуда, а презентираните податоци не можат целосно да се проверат ниту да се разберат.

Содржајност: Текстот содржи минимум содржајност, но кога ќе се отстранат сите недефинирани и непрецизни информации, со право може да се сомневаме дали тој минимум ни дава некаква слика за тоа што била целта – да се информира за новите правила за решавање на стечајните постапки.

Пристрасност: Непотребно потенцирање дека одредени постапки траат повеќе од 20 години, бидејќи нема такви веќе, што лесно се проверува на официјалните судски сајтови, како и тоа дека тие отишле во стечај во периодот до 2000-тата година, кога од самиот старт се спомнуваат фирми како „Фиком“ , „Самарија“ и други кои се многу подоцна од споменатата 2000-та година.

Оригиналност/Плагијат: Оригинално авторско дело, со познат автор.

Квалитет на насловот: Информативен, кој нуди минимум сеопфатност за тоа што ни го соопштува текстот.

Фотографија: Сегашни и архивски снимки користени за илустрација на тоа што се кажува во текстот.

Заклучок: Ваквиот пристап, без цитирање, барем на извори од кои ќе се види сериозноста на медиумот, па дури и ако има грешка, таа би се лоцирала кај некој друг кој ги дал податоците, а не кај новинарите, е многу погрешен и во прашање може да го доведе кредибилитетот на сѐ што е објавено. Новинарите мора да знаат дека со информациите располагат одредени институции или граѓани, кои веднаш реагираат на нешто што е кажано, а не е така како што е презентирано.

Во овој случај, несфатливо е зошто новинарот не го побарал новиот закон што се предлага и списокот на 300 фирми, како што пишува, кои се заглавени во стечај, па да направи мал напор за дополнително истражување и претставување на сеопфатни и точни податоци.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести