verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Полицаец спречил самоубиство на девојче во Делчево

on 21 - 11 - 2013       

Policaec-sprechil-samoubistvo-na-devojche-vo-Delchevo-crop-resize

Уште во самиот наслов на веста „Полицаец спречил самоубиство на  девојче во Делчево“ се демонстрира невниманимателност и неодговорен однос кон чувствителната информација што се пласира во јавноста. Всушност, прашање е како и дали воопшто требало да се извести за овој случај, особено бидејќи се работи за тинејџерка, осмоодделенка која потекнува од мало место. Според официјалните податоци во Општина Делчево живеат 17.505 жители, од кои 11.536 во градот, а во целата Општина има само две основни училишта.

Во Прирачникот за етика во новинарството се посочува дека:

„Еден од факторите кои некоја ранлива личност можат да ја наведат на самоубиство е и публицитетот што на таквиот чин му се дава во медиумите“

И се напоменува  дека новинарите не треба да даваат гласност на сите случаи на самоубиство:

„во светот е усвоена практика за самоубиствата генерално, а особено за анонимните луѓе, воопшто да не се пишува“.

М-р Жарко Трајаноски, во анализата: „Како (не)треба да се известува за самоубиство: Препораки и примери“, нагласува дека  мора да се биде внимателен со деталните описи, дека не треба да се рекламираат „популарни“ места за саубиство и дека е крајно непрофесионално да се даваат конкретни насоки за тие локации:

„Деталното или сензационалистичко известување за „самоубиствени локации“ може да биде сфатено како нивна медиумска промоција.“

Во Прирачникот на СЗО, исто така, се напоменува:

„Не наведувајте детални информации за местото на извршеното самоубиство или обид за самоубиство“.

Наспроти ваквите укажувања во првата реченица од веста се вели:

Полицаец спречил самоубиство на 15-годишна осмоодделенка во Делчево, која сакала да си го одземе животот во непосредна близина на местото каде пред две недели се самоуби млад делчевец“ 

FireShot Screen Capture #098 - 'Полицаец спречил самоубиство на девојче во Делчево' - www_plusinfo_mk_vest_115135_Policaec-sprechil-samoubistvo-na-devojche-vo-DelchevoЛинк до оригиналниот напис: Полицаец спречил самоубиство на  девојче во Делчево

Датум и време на објавување: 19.11.2013, 13:19

Датум на рецензирање:20.11.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Веста има проблем со вистинитиста, таа се базира на непроверени информации.

Извори на информации: Во текстот нема прецизирано извори, авторот користи формулација „дознаваме“. Тоа може да бидат полициски извори, но и маалски озборувања.

„Полициски иследници, како што дознаваме, веќе започнале голема истрага, а се истражува и можната евентуална поврзаност на четворицата делчевци со одредена група.“

Токму на овој момент укажува м-р Жарко Трајаноски во анализата објавена на овој портал:

„Чаршијата не смее да се користи како извор. Новинар(к)ите треба да се воздржуваат од потпирање врз чаршиски извори или шпекулации“

Содржајност: Веста се состои од само три реченици, но во нив се изнесуваат лични детали за девојчето, а прилично прецизно  се опишува и локацијата каде, наводно, имало обид за самоубиство. Меѓутоа, токму тие детали ја прават нејзината содржина дискутабилна.

Пристрасност: Драматиката и насловот оставаат впечаток на одредена пристрасност при пишувањето и пласманот на овој материјал.

Коментирање: Во веста се видливи коментаторски елементи. Ги има во првата реченица

„местото каде пред две недели се самоуби млад делчевец“,

како и во последната, каде авторот не ги почитува препораките да не се опишуваат самоубиствата како необјасниви, па додава и една мистериозна димензија:

„За две недели во овој крај се случија три самоубиства, а најновиот случај ги мобилизираше државните институции, но и училишните социолози, полицијата и родителите, кои се договориле веднаш да реагираат, но и да ја истражат оваа чудна појава во овој мирен град во Источна Македонија.“

Веста е во спротивност и со членот 13 од новинарскиот кодекс, каде е наведено дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

Квалитет на насловот: Сериозен проблем на веста е насловот. Можеби намерата на авторот била да информира, но тој предизвикува вознемиреност кај читателите.

Фотографија: Веста е илустрирана со фотографија од Делчево.

Заклучок: Во оваа кратка вест целосно затаиле професионалните новинарски стандарди на етичкото известување кое не подразбира сензационализам.  Препораките при известување за самоубиства се во насока да се избегнуваат детали, бидејќи тие може да поттикнат и да испровоцираат и други такви случаи. Претпазливоста треба да биде уште поголема кога се работи за тинејџери. Во Прирачникот за етика во новинарството на ЗНМ е потенцирано дека

„новинарите се должни да ја зачуваат приватноста на личноста и да не известуваат со сензационализам во случаи на самоубиство, бидејќи станува збор за семејна трагедија“.

Во таква насока се и укажувањата на м-р Жарко Трајаноски во неговата анализа „(Не)етичко известување: Дали медиумите влијаат на бројот на самоубиствата?“

„Новинар(к)ите треба да бидат свесни дека известувањето за случаи на самоубиство е комплексна задача која може да отвори многу етички дилеми и предизвици. Медиумите честопати се критикувани дека со давањето на преголем публицитет, или со сензационалистичкиот пристап, придонесуваат за зголемување на бројот на самоубиства.“

„Новинар(к)ите треба да бидат информирани дека постојат бројни научни студии кои укажуваат дека некои видови на медиумско покривање можат да ја зголемат можноста за самоубиство кај ранливите индивидуи. Токму затоа, треба да бидат многу внимателни и одговорни, и особено свесни за предупредувањата кои видови на известувања ги зголемуваат ризиците за дополнителни самоубиства.“

SOS_linija_3136-400


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести