verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014

on 21 - 11 - 2013       

Новинарите-на-Плусинфо-го-критикуваат-а-уживаат-во-Скопје-2014-2013-11-19-crop-resize

Ах тие новинари предавници! Кои не можат да размислуваат со своја глава, туку со онаа на СДСМ! Но, кога ќе ги оставите да размислуваат сами, тие веднаш го менуваат ставот!

Ова би била кусата синтеза на тезата на текстот со наслов “Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014“, во кој се тврди дека новинарите, кои работат за медиумите за кои се смета дека се блиски до опозицијата, пишуваат критички текстови, но, всушност, не мислат така.

Текстот што го рецензираме овде е непрофесионален производ во кој се објавени слики на новинарка која работи за порталот Плусинфо и која критички пишува за проектот Скопје 2014. Но, таа истовремено, на својот Фејсбук профил објавила лични фотографии од пред некои од објектите на овој проект и со самото тоа им дала идеја на колегите од порталот да направат текст во кој ја обвинуваат дека лошо пишува за проектот, но во приватниот живот тој ѝ се допаѓа, бидејќи се сликала пред него.

Интересно е и тоа што во самиот поднаслов на текстот се споменува СДСМ и уредникот на порталот Плусинфо. Споменувањето на опозициската партија и на името на уредникот познат како противник на Скопје 2014 и остар критичар на власта се доказ, според текстот, дека нивното влијание врз новинарката е огромно, па навредливо го наведуваат читателот да мисли дека новинарката е спречена да мисли со своја глава додека е на работа. Тезата е дека уредникот и СДСМ не можат да ја спречат новинарката, откако ќе заврши работното време, да ги изнесе јавно своите вкусови и да биде воодушевена од Скопје 2014.

Воедно, проектот Скопје 2014 е дежурна тема за новинарката на Плусинфо, која во своите текстови постојано го критикува. Но, токму овие новинари, очигледно во приватниот живот не мислат така.

Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014 - 2013-11-19_23.26.50Линк до оригиналниот напис: Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014

Датум и време на објавување: 19.11.2013

Датум на рецензирање: 21.11.2013

Рецензент: Светлана Јовановска

Вистинитост: Овој текст нема никаква врска со вистината и е тотална спин измислица.

Извори на информации: Изворот на информации е Фејсбук профилот на новинарката на Плусинфо која се сликала покрај спомениците на Скопје 2014. Остатокот од текстот е измислица на авторот, чија единствена цел е да докаже дека на новинарката  проектот ѝ се допаѓа, но, ете, мора да го напаѓа под влијание на опозицијата и уредникот во текот на своето работно време.

Содржајност: Текстот има проблем со својата содржајност. Непотпишаниот автор на текстот смета дека секое сликање пред некоја зграда, споменик, улица или било кој друг простор е автоматско одобрување на проектот. Според спинот на политичките градители на овие градби секое сликање пред нив е доказ за нивната убавина.

Освен тоа, авторот на текстот не ни помислил дека сликањето пред овие градби не е истовремено и нивно одборување, ниту, пак, љубов кон нив. Новинарката на Плусинфо можела да се слика пред Скопје 2014 како шега или илустрација токму на нејзиното неодобрување на проектот. Но, авторот на текстот не се потрудил да ѝ го постави прашањето на својата колешка од Плусинфо.

Колку што ни е познато, секој може да се слика на место каде што фотографирањето е дозволено без да навлече јавни критики за својата желба да се слика било каде.

Пристрасност: Текстот е пристрасен, бидејќи не содржи факти ниту изјави и се базира единствено на неколку приватни фотографии кои се злоупотребени за политички спин.

 Коментирање: Текстот е коментар. Во него нема информации за некаков настан, туку станува збор за еден вид осврт на авторот за критичниот начин на пишување на еден опозициски новинар кој на порталот не му се допаѓа, па оттука ја користи секоја можност за напад врз колегите.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е оргинална замисла на непотпишан новинар.

Квалитет на насловот:  Новинарите на Плусинфо го критикуваат, а уживаат во Скопје 2014” е тенденциозен и прилично непристоен наслов со кој се критикува пишувањето на медиуми блиски до опозицијата.

Фотографија Сликите кои се објавени со текстот се земени од Фејсбук профилот на новинарката од Плусинфо, а сликани за време на нејзиното стапување во брак. Сликите од Фејсбук се заштитени од самата новинарката на затворен профил на социјалната мрежа. Земени се од лице кое е на списокот на пријателите на новинарката, што му дава пристап до нејзините слики.

Постапката е целосно непрофесионална, не им одговара на новинарските стандарди и е за осуда.

Заклучок: За да бидат сликите на Фејсбук профилот заштитени доволно е, во принцип, да се затвори профилот. Тоа дава гаранција дека луѓето што ја немаат дозволата на сопственикот на профилот не можат да ги гледаат и користат тие фотографии. Но, преку соработка со лице кое овде е искористено најверојатно како посредник, дојдено е до фотографиите и тие се искористени за несоодветни цели, при што сосема се заборавени професионалните стандарди. Тие ги обврзуваат новинарите да информираат објективно, а не да се пресметуваат со колеги со кои не ја делат истата политичка идеологија.

На својот Фејсбук профил, токму Мирослава Бурнс има поголем број на фотографии на кои е фотографирана токму пред споменици и мостови кои се дел од Скопје 2014. Мирослава Бурнс, која е најголемиот критичар на проектот на Плусинфо очигледно заборава дека се фотографира пред нешто за кое ја убедувала јавноста дека е барокен кич.

Оттука, може да се каже дека постапката на текстот е сосема непрофесионална и нечесна, бидејќи порталот ја игра улогата на папараци, но папараци кој не направил свои слики туку ги украл од тој против кого потоа ги користи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

не е апликативно

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести