Рецензии

Рецензија: Да го запреме злото на време: Педофилите бараат права како хомосексуалците!

на 27. 11. 2013 | |
Полувистини, лаги, манипулации, говор на омраза и на моменти грешен превод од сериозните референци што се даваат како извори (на пример, публикација од Харвард) може да се забележат при длабинската опсервација на овој медиумски производ, пласиран со спинерски наслов. Оригиналниот текст е напишан пред две и пол години, а во македонската верзија се сервира како новост, што претставува манипулирација и спин. Главната идеја врз која е конципиран текстот е да се изедначи кривично дело со сексуална ориентација, при што авторот на македонската верзија го потврдува своето дискриминаторско стојалиште кон ЛГБТ заедницата уште во насловот, каде го изедначува со зло. Во првата половина од текстот воопшто нема сериозни и издржани извори, па се користат воопштувања како, на пример, „психолозите“ и „критичарите

Рецензија: СДСМ е кум на училиштето „Конгреси Манастири“

на 26. 11. 2013 | |
„Чаирското основно училиште „Конгреси Манастири“ (Shkolla Fillore Kongresi I Manastirit Shkup), го добило своето име уште во 2006 година, за време на владеењето на СДСМ и тоа со одлука на тогашната влада во која вицепремиер беше Радмила Шекеринска, велат документите до кои дојде Нетпрес. Именувањето на училиштето било направено со Допис од тогашното министерство за образование, во март 2006 година, документ потпишан од тогашниот државен секретар во МОН, Зоран Поповски“. Токму во периодот кога лидерите на двете најголеми коалициони партии во Владата – СДСМ и ДУИ се најдоа на терен заедно и поминаа еден час во пријатна атмосфера, печатот отвори дебата за тоа зошто кога албанското име на училиштето е транскрибирано на македонска кирилица не било и преведено во –

Рецензија: Среќен роденден Јохан

на 26. 11. 2013 | |
Форма на новинарски производ кој би можел да се пласира во рубриката „родени на денешен ден“, доколку во него нема неколку спорни епитети кои се даваат за славеникот, во случајов Јохан Тарчуловски, кого порталот го прогласува за херој, цитирајќи притоа за што бил осуден од страна на Меѓународниот суд за просторите на поранешна Југославија со седиште во Хаг. Токму ваквото нагласување на „херојот“ ја прави „честитката“ или информацијата во најмала рака несоодветна, бидејќи величи личност која со правосилна одлука била осудена од страна на меѓународен суд за кршење на правилата на војување во Македонија. Ваквата „честитка“ и делењето на епитети може длабоко да задре во чувствата на заедницата за која Јохан сигурно не е херој. Улогата на медиумите не е

Рецензија: На Бразилците им е најмал, а на Хондурашаните најголем

на 26. 11. 2013 | | sq
За да изградиш нешто вредно за почит, нешто што служи за пример, нешто што инспирира и поттикнува нови исти такви нешта, нешто поради што зборот достоинствено се пишува со мали, ама силни букви, треба многу. Потребни се многу мисловни, доблесни, висококвалификувани жени и мажи. За некои дејности потребно е сето ова претходно да трае со години, десеттици години… Доблесните новинари веруваат дека новинарството што тие го практикуваат е наследство од

Рецензија: Плукни залепи програма на СДСМ

на 25. 11. 2013 | |
Напис кој претставува типичен пропаганден текст е поместен помеѓу останатите дневни информации на порталот за да прилега на новинарска информација, но содржи премалку елементи за да биде тоа. Појдовна точка, но и единственот информативен елемент во написот е дека постоела печатната грешка на промотивниот материјал со кој Социјалдемократскиот сојуз ја промовира својата нова економска програма за враќање на средната класа и таа се ползува за исмевање како на програмата, така и на самата политичка партија. Освен податокот дека на летоците на кои е испечатена програмата на СДСМ, наместо евра, до сумата која е наведена стои денари, написот не содржи ништо друго освен низа навредливи коментари на сметка на партијата. Линк до оригиналниот напис: Плукни залепи програма на СДСМ Датум и

Рецензија: Пулените на СДСМ по професија новинари, по хоби политичари

на 25. 11. 2013 | |
Интересна тема за обработка. Публиката секогаш е расположена за четива кои се обидуваат да ја разјаснат поврзаноста меѓу новинарството и политиката, но и линиите кои ги раздвојуваат. Дали постојната комуникација меѓу новинарот и политичарот со текот на време, од професионална веќе почнува да добива и лична димензија? Дали упатеноста едни на други, по извесен период, го „поматува“ фокусот на новинарот? Дали меѓусебниот однос, кој треба да се базира на „потребите на крајниот корисник,“ а тоа е јавноста, преминува во личен бенефит: политичарот в џеб да има новинар, а новинарот „моќен мецена,“ кој ќе му го чува грбот? Тоа се прашања кои долг период се дел, не само од новинарската, туку и од политичката теорија. Но, проблемот е што во овој

Рецензија: „Евтино, само оваа среда, најдобрите масерки“: еротската масажа на Фејсбук и скапите телефонски тарифи

на 25. 11. 2013 | |
„Најмуваш неколку студентки, им даваш скапи телефони со скапи тарифи, правиш фејсбук-група со провокативни секси-фотографии, нудиш еротска масажа, луѓе се јавуваат на скапа тарифа и ете ти лесна и брза заработувачка. Не се знае дали еротската масажа воопшто и се извршува. Еве го нашето искуство“. Порталот извршил истражување за најновите „трендови“ во мамењето на граѓаните со помош на еротиката. Наодите се објавени во две продолженија, а тука е даден линкот до првиот текст. Може да се каже дека во истражувањето секако можело да се оди и понатаму (како и во секое, впрочем), но е доволно што се дава импулс на организираните форми за борба против ова зло, а кои се должни околу оваа појава да поведат истрага. Досега нема реакција,

Рецензија: Самсунг му исплати 1 милијарда долари на Apple во 30 камиони монети од 5 центи

на 25. 11. 2013 | | sq
„Утрово повеќе од 30 камиони натоварени со апоени од 5 центи пристигнале пред канцелариите на Apple во Калифорнија. Обезбедувањето на фирмата се обидело да ги убеди да си заминат, но неколку минути подоцна директорот на Apple Тим Кук добил телефонски повик од Самсунг преку кој му било објаснето дека Јужно Корејската фирма решила на овој начин да го исплати долгот по судскиот спор кон Apple.“ Вака почнува сатиричната приказна која ѝ се подметнува на јавноста како вистинска вест. Всушност, оваа сатирична информација е објавена на повеќе странски интернет сајтови со ваков профил и содржина уште во август  минатата година . Во текстот што го рецензираме, пак, нема ниту една ограда дека станува збор за „кромид“ и никаде не е наведено

Рецензија: Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи

на 25. 11. 2013 | | sq
Вест со сензационалистички наслов кој го манипулира читателот да помисли дека се работи за настани што се случиле во Македонија. Со повеќекратно преземање и копирање од еден на друг портал, веста губи важни елементи и овде ја имаме „осакатена“ и неверодостојна, но подеднакво сензационална. Линк до оригиналниот напис: Исповед на малолетна проститутка: Наутро на училиште, попладне со богаташи
Датум и време на објавување: 18.11.2013 Датум и време на рецензирање: 23.11.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Од информациите содржани во веста може само да се претпостави дека тие се точни – се зборува за судот во Рим, за некаков ланец на малолетна проституција, но во текстот нема никаква референца (освен „италијанските медиуми“), ниту линк до извор кој би можел да ја зајакне

Рецензија: Ќе горат во пеколот: Родители си го изгладнувале бебето до смрт бидејќи имале „попаметна работа“

на 25. 11. 2013 | |
Пред нас се наоѓа вест од рубриката свет, во која изостануваат основните елементи на веродостојност. Главната забелешка се состои во тоа што авторот на македонската верзија на текстот, кој најверојатно е превод од странски медиуми, не прави професионална дистанца од содржината и се доведува во ситуација да суди, да се соживува со написот и да изнесува вредносни квалификации кои одат дотаму што тој го предвидува пеколот како казна за сторителите на кривичното дело. Новинарите не се Господ, иако во принцип се чувствуваат послободни да ги инволвираат вредносните судови во своите пишувања тогаш кога се уверени дека веста се случила „некаде далеку“ и дека најверојатно никој нема да реагира на начинот на кој е пласирана информацијата. Линк до оригиналниот напис:  Ќе