verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Плукни залепи програма на СДСМ

on 25 - 11 - 2013       

2013_11_16_plikni-zalepi-programa-na-sdsm-crop-resize

Напис кој претставува типичен пропаганден текст е поместен помеѓу останатите дневни информации на порталот за да прилега на новинарска информација, но содржи премалку елементи за да биде тоа. Појдовна точка, но и единственот информативен елемент во написот е дека постоела печатната грешка на промотивниот материјал со кој Социјалдемократскиот сојуз ја промовира својата нова економска програма за враќање на средната класа и таа се ползува за исмевање како на програмата, така и на самата политичка партија. Освен податокот дека на летоците на кои е испечатена програмата на СДСМ, наместо евра, до сумата која е наведена стои денари, написот не содржи ништо друго освен низа навредливи коментари на сметка на партијата.

Плукни залепи програма на СДСМЛинк до оригиналниот напис: Плукни залепи програма на СДСМ

Датум и време на објавување: 16.11.2013, 14:25

Датум на рецензирање: 22.11.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Написот се базира на фактот што во летоците со кои Социјалдемократскиот сојуз ја информира јавноста  за своите предлози за враќање на ДДВ на граѓаните, се поткраднала техничка грешка, која потоа била корегирана со лепенка, но, тоа е, всушност, и единствениот факт што се појавува во овој текст.

Извори на информации: Како извор на информацијата, односно на написот е наведен самиот портал.

Содржајност: Овој текст не ги задоволува ниту минималните критериуми на сеопфатност. Всушност, тој како да заталкал помеѓу останатите информации во рубриката „Живот“, бидејќи не информира.

Пристрасност: Политичката пристрасност, манифестирана во овој текст, е нескриена. Се користи банална печатна грешка на леток, која е несмасно корегирана со лепенка, со цел да се искористи испечатеното количество за опозициска партија да се прикаже како брзоплета и со намера да излаже

„…очигледно Социјалдемократскиот сојуз место да направи квалитетна програма, акцентот бил ставен на квантитет, односно плукни залепи. Тие во желбата да излажат веќе не знаат што прават.“

Како подлога за спинување на вистината е искористена печатната грешка кај бројката од 130 милиони евра повраток на ДДВ на граѓаните, но иако таа била исправена (во првичната верзија на флаерот наместо евра стоело денари), авторот ја користи за да го нарече програмата на СДСМ плукни залепи и да заклучи дека

„може да се очекува дека кога би ја добиле власта, истото би го правеле и би ги решавале судбините на граѓаните со истиот систем “плукни залепи”.

Коментирање: Коментарите, всушност, ја сочинуваат целата содржина на написот. Впечаток е дека авторот немал намера само да ја пренесе информацијата дека на летокот на СДСМ се појавила грешка, туку таа да биде само вовед за политички обоената порака дека програмата која летокот ја промовира, не чини и дека СДСМ сака да ги излаже граѓаните, а доколку ја добие власта, несмасно и по принципот плукни-залепи ќе им ја решава судбината.

Оригиналност/Плагијат: Се работи за текст на друг портал, кој овде е интегрално пренесен. Истиот текст, интегрално или со скусување, е пренесен и во неколку други медиуми.

Квалитет на насловот: Насловот е коментаторски, а не информативен и како таков го одразува духот на целиот напис.

Фотографија: Текстот е илустриран со летокот за кој станува збор.

Говор на омраза: Присутен е навредлив говор.

Заклучок: Пропагандни текстови понекогаш завршуваат во информативните рубрики на некои медиуми, без нужните огради, повикувања на извори или цитирани соговорници, поставени помеѓу новинарски вести и информации, за да прилегаат како да припаѓаат во тоа опкружување, иако таму, според новинарските стандарди, не им е место. Тоа се типични случаи на злоупотреба на информативната функција на медиумите, кои лошо зборуваат за самиот медиум без оглед дали тој самиот ги произведува или некритички ги пренесува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести