verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: На Бразилците им е најмал, а на Хондурашаните најголем

on 26 - 11 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Na-Brazilcite-im-e-najmal-V-crop-resize

За да изградиш нешто вредно за почит, нешто што служи за пример, нешто што инспирира и поттикнува нови исти такви нешта, нешто поради што зборот достоинствено се пишува со мали, ама силни букви, треба многу. Потребни се многу мисловни, доблесни, висококвалификувани жени и мажи. За некои дејности потребно е сето ова претходно да трае со години, десеттици години… Доблесните новинари веруваат дека новинарството што тие го практикуваат е наследство од дејноста на илјадници претходници од сите меридијани. Сите тие ставиле барем по една цигла во монументот што се нарекува етички исправно и доблесно новинарство. Сите следбеници на тие претходни генерации имаат почит кон тоа дело и кон таа професија. Но, како и во многу други сфери, како и во многу заедници, па дури и во семејните, ќе се најде еден, или една мала група кои уништуваат сѐ што е добро. Така и во новинарството. Потребен е само еден наслов да ти се одмили. Да те потсети дека постојат суштества кои смислата на своето постоење ја оживотворуваат само низ деструкцијата.

Na-Brazilcite-im-e-najmal-VЛинк до оригиналниот напис: На Бразилците им е најмал, а на Хондурашаните најголем

Датум и време на објавување: 23.11.2013

Датум на рецензирање: 25.11.2013

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вистинитост: Кога еден пристоен човек ќе наиде на ваков наслов, веќе не станува збор за тоа дали „новинарскиот“ текст е вистинит или не. На човека му се згадува, па дури му е и незгодно од туѓата срамота. 

Коментирање: Кога би биле несериозни, како и овој „текст“, би рекле дека насловот коментира без аргументи и без соодветни извори и експерти за тоа на кој колкав му е – коефициентот. Колку е лесно да си празноглав, дрзок, безобразен и деструктивен. Но, ние тука ќе запреме. Доволно е.

Квалитет на насловот: Овој наслов е навреда на професијата и на професионалците во новинарството. Овој наслов сведочи за целосен медиумски безобразлук и некултура. Навреда на добриот вкус, на пристојното професионално однесување. Ако тука го продолжиме воведот на оваа рецензија, овој „текст“ е новинарски вандализам. Вандализам е било кое додавање, бришење или менување на содржината направено со намера да се наруши интегритетот, убавината, светоста на нешто, на некоја личност, на некое уметничко дело…

Фотографија: Небитна.

Говор на омраза: Нема.

Заклучок: Ќе ја зарвшиме оваа рецензија со приказната за рускиот хрт. Кучето. Ловечко. Оваа сорта кучиња имаат една карактеристика која е мошне апликативна и за луѓето. Еве за што се работи: Кога рускиот хрт ќе тргне во лов да гони некое животно во руските шуми, заради големата брзина со која трча, удира со главата во дрвјата и паѓа. Веднаш се исправа, ја протресува малку главата и – продолжува. Со истата брзина до следното дрво. И повторно удар, и повтрно станува, и повторно… Така е и со некои новинари и уредници. Ти им велиш „внимавај дрво!“ Тие пет пари не даваат. Удираат со главата и повторно трчаат. Со истата брзина, до следното дрво…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

небитно

небитно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

небитно

официјални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

ако се земе и насловот, има

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести