Рецензии

„Мајмунлаци“ од текст!

на 14. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ПРИЛЕПСКА РАБОТА: Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)]

  Дискриминирачки, навредлив и коментаторски текст конструиран врз непотврдена информација. Текстот е навредлив за жителите на градот Прилеп, за кои се генерализира дека прават „мајмунлаци“, иако во текстот нема докази дека за „инцидентот“ се виновни прилепчани.   Линк до оригиналниот напис: ПРИЛЕПСКА РАБОТА: Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)
Датум и време на објавување: 06.07.2016, 14:58
Датум на рецензирање: 13.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова     ТАБЛИЧКИТЕ СЕ СТРАНСКИ, А НЕ ПРИЛЕПСКИ „Деновиве поголема група прилепчани се решиле сосе автомобил да влезат во езерото и од покривот на возилото да скокаат во водата. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како

ВМРО-МВРО фалба и напад на критичарите

на 14. 07. 2016 | |
 

[Рецензија:  Командир-комита: вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија]

  Полицаец ги „измешал брзините“, па побркал што е во доменот на професионалното, а што на приватното. Ај што тој го сторил и јавно го објавил тоа, туку чинот е глорифициран од дел од медиумите, кои дотичниот дури и го крстија командир-комита. Дали е ова тоа ВМРО-МВРО за кое слушавме во изминатиот период?!     Линк до оригиналниот напис: Командир-комита: вака се колнеа патриотите дека ќе ја бранат Македонија Датум и време на објавување: 13.07.2016  11:57 Датум на рецензирање: 13.07.2016 Рецензент: Владимир Мирчески     КОМАНДИРОТ-КОМИТА ГИ „ПОБРКА“ МВР И ВМРО Во домашното општествено-политичко реално шоу недостигаше уште ова – „полицаец суперѕвезда“, од провладините медиуми карактеризиран како командир-комита. За плус

Срамен лов на кликови

на 14. 07. 2016 | |
   

[Рецензија: ТИ Е*АМ ТОА ВЕЃАТА ГРУЗИЈСКА: Само Саше Шамарлитико го брани Алекс Ружин, сопартијците бришат под со синот на Нано Ружин!]

    Текстот што е предмет на рецензија е насочен кон брутална дискредитација на членот на Либерално-демократска партија, Александар Ружин. Приватниот живот, како и неговите активности на социјалните мрежи воопшто не се од јавен интерес, па читачката публика да биде соочена со вулгаризми и со уличен јазик во статија која воопшто не може да се нарече новинарски производ, бидејќи не задоволува ниту еден стандард. Освен кон Александар Ружин (неговото правилно име не е употребено ниту еднаш во текстот), лични навреди се упатени и кон неговиот татко, поранешниот амбасадор, политичар и универзитетски професор Нано Ружин.   Линк до

Провоцирачките генерализирања се неприфатливи во новинарството

на 14. 07. 2016 | | sq

 

Напис: СКАНДАЛ – Видете колку нè мразат некои Македонци

Омразата на еден дел од Македонците кон Албанците зела патолошки размери. Неколку од нив не се двоумат и јавно да ги навредат Албанците и кога тие се мртви, а дури страдаат и се етикетираат како предавници оние хумани Македонци кои се солидаризираат со случајот на малиот Алмир, убиен од еден монструм Македонец во Куманово, пишува „Факте“. Случајот за кој се зборува крена голема врева кај Албанците, бидејќи без никаква вина се згасна тукушто почнатиот живот на малиот Алмир. Со право Албанците се запрашаа: каде се нивните сограѓани што не се солидаризираат? Дали е вината кај медиумите што го премолчуваат случајот, државните институции што ги управуваат медиумите или нешто друго? Тие

Државата и партијата во медиумската прегратка

на 13. 07. 2016 | | sq
[Рецензија: Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба]   Од далеку се гледа дека оваа медиумска содржина има единствено политичко-пропагандистичка цел. Даден ѝ е непропорционално висок приоритет и обем кој никако не го заслужува. Дали можеме ова категорично тврдење да го поткрепиме со факти? Да, и тоа со најелементарната проверка со тестот за тоа што е тоа што ја прави една информација медиумски вредна вест. Овој тест е прецизен како математичка формула и низ него ја „пуштаме“ медиумската содржина што ја рецензираме – за свечено пуштање на кружен сообраќаен тек. Првиот критериум на тестот е дали во информацијата има новост, новина. Секако дека одговорот е – не. Што е ново во градежниот зафат кружен тек? Се работи

Од реализација до конечна цел има многу

на 13. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА:Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај]

Ова е еден крајно популистички текст, кој има цел да го фали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Притоа, написот повеќе наликува на соопштение од партиски билтен, отколку на новинарски текст.   Линк до оригиналниот напис: ВМРО ШТО ВЕТУВА РЕАЛИЗИРА:Остварени барањата од теренската посета на Груевски на мавровско-дебарскиот крај Датум и време на објавување: 03.07.2016 Датум на рецензирање: 13.07.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ, ТЕКСТОТ „ГЛУВ ОРЕВ“ Самиот наслов на овој текст е доста бомбастичен, најавувајќи дека се „остварени барањата од посетата на Груевски на мавровско-дебарскиот крај“. Но, во текстот подолу гледаме дека ветувањата се далеку од остварени. „Минатиот август, Груевски во својство

Дојранско Езеро е чисто – градоначалникот така кажа!

на 13. 07. 2016 | |
 

[Рецензија: Во Дојранско се капат сите – се одржа и Крштевка и свадба]

  Текстот што е предмет на рецензија не го штити јавниот интерес на луѓето, односно нивното здравје, туку на секој можен начин се обидува да „докаже“ дека водата во Дојранско Езеро е добра за капење. Како „докази“ за чистотата на водата се земаат изјавите на градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, и на граѓаните кои се капеле во езерото. Анализата на Центарот за јавно здравје Велес, пак, покажа дека водата во езерото на четири места е загадена, но, според написот, таа е ирелевантна. Доволно било тоа што Општина Дојран ја оспорила забраната за капење на четири плажи издадена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за да не

Бременоста како „директор“

на 13. 07. 2016 | | sq

[Рецензија: Бременост, завчера избрка од работа 10 текстилни работнички]

    Несреќна формулација што довела до несреќен наслов и до утка од семантичка гледна точка, која, пак, на целиот текст му дава поинаков лик.   Линк до оригиналниот напис: Бременост, завчера избрка од работа 10 текстилни работнички  Датум и време на објавување: 08.07.2016  Датум на рецензирање: 12.07.2016  Рецензент: Владимир Мирчески     РАБОТОДАВЦИ, А НЕ БРЕМЕНОСТ, БРКААТ РАБОТНИЦИ   Семантика: (едн.) семантиката Вид збор: Именка, женски род Дел од лингвистиката што се занимава со проучување на значењето на зборовите и на изразите.   Лошо срочена реченица која резултира со информација што докрај не е точна. Најверојатно се сакало да се каже дека извесен работодавец, поради фактот дека биле бремени, решил да отпушти 10 работнички. Значи,

Оптичка илузија или гледање тоа што сакаш да видиш

на 12. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ?! УМС И ВМРО-ДПМНЕ СЛАВЕА РОДЕНДЕН СО ОБРАТНО СВРТЕН КРСТ НА СЦЕНАТА КОЈ Е СИМБОЛ НА САТАНАТА!]

    Објавата не заслужува ни да се нарече новинарски напис, затоа што воопшто не ги исполнува критериумите за професионално новинарско известување, а истовремено претставува класично манипулирање со јавноста.     Линк до оригиналниот напис: КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ?! УМС И ВМРО-ДПМНЕ СЛАВЕА РОДЕНДЕН СО ОБРАТНО СВРТЕН КРСТ НА СЦЕНАТА КОЈ Е СИМБОЛ НА САТАНАТА! Датум и време на објавување: 26.06. 2016 Датум на рецензирање: 12.07.2016 Рецензент: Димитар Тануров   САМО НАСЛОВ И ФОТОГРАФИИ – И СПИН! Написот

Абракадабра-докази

на 12. 07. 2016 | | sq
  [Рецензија: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)] Текстот изнесува целосно непроверен и непотврден факт, со кој се обвинува дека вработени од Амбасадата на САД вршат притисок врз судиите и судовите. Целиот напис е конструиран врз видеозапис во кој се гледа личноста, за која во текстот без доказ се тврди дека е вработена во Амбасадата на САД, во близина на судовите во Скопје. Исто така без потврда, написот тврди дека токму оваа вработена во Амбасадата на САД била задолжена за координација со Специјалното јавно обвинителство.     Линк до оригиналниот напис: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)
Датум и време на објавување: 03.07.2016, 17:44
Датум на рецензирање: 11.07.2016