verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оптичка илузија или гледање тоа што сакаш да видиш

on 12 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Naroden glas prevrten krst

[Рецензија: КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ?! УМС И ВМРО-ДПМНЕ СЛАВЕА РОДЕНДЕН СО ОБРАТНО СВРТЕН КРСТ НА СЦЕНАТА КОЈ Е СИМБОЛ НА САТАНАТА!]

 

 

Објавата не заслужува ни да се нарече новинарски напис, затоа што воопшто не ги исполнува критериумите за професионално новинарско известување, а истовремено претставува класично манипулирање со јавноста.

 

 

КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ УМС и ВМРО ДПМНЕ сЛинк до оригиналниот напис: КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ?! УМС И ВМРО-ДПМНЕ СЛАВЕА РОДЕНДЕН СО ОБРАТНО СВРТЕН КРСТ НА СЦЕНАТА КОЈ Е СИМБОЛ НА САТАНАТА!

Датум и време на објавување: 26.06. 2016

Датум на рецензирање: 12.07.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

САМО НАСЛОВ И ФОТОГРАФИИ – И СПИН!

Написот нема ни класичен наслов, ниту пак текст, сѐ е споено во едно – и претставува класичен спин! Според својата природа, би требало да претставува фото-вест, но наместо да пренесува информација, се нудат спин и коментар. Објавата прикажува фотографии од прославата на роденденот на владејачката партија, но притоа дава коментар и се обидува да даде искривена слика, користејќи притоа и други фотографии, за да етикетира и да дисквалификува.

На фотографијата јасно се гледа дека во заднина е поставен бројот 25, кој е ставен на црна заднина, но поради лицата што се наоѓаат пред него, дел од бројката не се гледа јасно. Поради обликот на фонтот што е користен при испишување, бројките изгледаат четириаголно, но и покрај ваквиот изглед, сепак бројот е јасно воочлив и бројките се забележуваат убаво, па не може да се каже дека идејата била да се истакне превртен крст. А тоа оваа објава го нагласува во насловот.

Уште повеќе, под двете фотографии, кои се идентични, само што на едната е заокружен „крстот“, се става и уште една фотографија од свастика, односно кукастиот крст што бил симбол на нацистичка Германија. Тоа, пак, зборува дека идејата за објавата била владејачката партија, освен за „сатанизам“, да се обвини и за „нацизам“. Подолу, како дополнителен „доказ“ се става и друга илустрација, односно сатанистички превртен крст.

 

ЈАСЕН ОБИД ЗА ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ

Ова претставува дезинформирање е и спротивно на новинарските стандарди. Новинарите имаат задача да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат, но притоа не смеат да импутираат недокажливи работи.
Написот се коси со повеќе членови од Кодексот на новинари:

Член 10
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа.

Член 13

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 14
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Член 15

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести