verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Државата и партијата во медиумската прегратка

on 13 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Naslov Republika

[Рецензија: Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба]

 

Од далеку се гледа дека оваа медиумска содржина има единствено политичко-пропагандистичка цел. Даден ѝ е непропорционално висок приоритет и обем кој никако не го заслужува.

Дали можеме ова категорично тврдење да го поткрепиме со факти? Да, и тоа со најелементарната проверка со тестот за тоа што е тоа што ја прави една информација медиумски вредна вест. Овој тест е прецизен како математичка формула и низ него ја „пуштаме“ медиумската содржина што ја рецензираме – за свечено пуштање на кружен сообраќаен тек.

Првиот критериум на тестот е дали во информацијата има новост, новина. Секако дека одговорот е – не. Што е ново во градежниот зафат кружен тек? Се работи за еден сосема обичен градежен зафат, кој ниту е иновативен, ниту, пак, е направен првпат. Оттаму, оваа содржина не поминува на првото скалило за медиумски вредна информација.

 

 

07132016-Republika-KruzenЛинк до оригиналниот напис: Пуштен во употреба новиот модерен кружен тек во Гази Баба

Датум и време на објавување: 12.07.2016, 12:23

Датум на рецензирање: 13.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

Вториот тест е проверката на степенот на засегнатост, односно влијание или значење за животот на публиката на која ѝ е наменет проектот кружен тек. Точно, овој сообраќаен градежен зафат го олеснува текот на сообраќајот, но тоа не е од такво пресудно значење за животот на граѓаните. Скопјани знаат дека таа крстосница освен ситни пречки, не создаваше којзнае каква сообраќајна главоболка.

Блискост е следниот критериум за кој можеме да прифатиме дека е исполнет делумно. За среќа, веста не известува за кружен тек во Њујорк.

Кога би се шегувале, четвртиот критериум на тестот за утврдување на медиумска вредност во оваа информација, би можел да помине. Ако градоначалникот на градот, министерот за сообраќај и претседателот на една партија ги сметаме за проминентни личности. Со други зборови, тоа значи дека славните личности се сами за себе вест. Колку тоа може да се „закачи“ за овие тројца, оставаме сами да процените.

Петтиот критериум кој од една содржина прави медиумска вредна информација е – конфликтот. Овде за такво нешто не станува збор.

И шестиот критериум, атрактивност, никако не може да се аплицира на оваа содржина. Што е толку атрактивно во пуштањето во сообраќај на еден кружен тек?!?

И на крајот, но не помалку важно, туку напротив: Проценката на новинарот за политичката вредност на една информација од аспект на злоупотреба на должности и функции. Прашање на изострен новинарски сенс е да се процени кога има конфликт меѓу партиското и државното. Кога јавни ресурси се (зло)употребуваат за афирмација на една политичка партија. Инаку, што би барал на пуштање на еден кружен тек – претседател на партија.

Новинарите треба да го нотифицираат тоа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни,

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести