verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бременоста како „директор“

on 13 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

TV Star - Bremenost

[Рецензија: Бременост, завчера избрка од работа 10 текстилни работнички]

 

 

Несреќна формулација што довела до несреќен наслов и до утка од семантичка гледна точка, која, пак, на целиот текст му дава поинаков лик.

 

11111Линк до оригиналниот напис: Бременост, завчера избрка од работа 10 текстилни работнички

 Датум и време на објавување: 08.07.2016

 Датум на рецензирање: 12.07.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

РАБОТОДАВЦИ, А НЕ БРЕМЕНОСТ, БРКААТ РАБОТНИЦИ  

Семантика:

(едн.) семантиката

Вид збор: Именка, женски род

Дел од лингвистиката што се занимава со проучување на значењето на зборовите и на изразите.

 

Лошо срочена реченица која резултира со информација што докрај не е точна. Најверојатно се сакало да се каже дека извесен работодавец, поради фактот дека биле бремени, решил да отпушти 10 работнички. Значи, работодавецот избркал од работа вработени, а не „бременост избрка од работа 10 текстилни работнички“.

Изгледа дека желбата за поголема атрактивност во насловната конструкција, но и во главата на написот, довела до нелогична и семантички некоректна формулација, за која и реагираа читателите.

Освен оваа маана, текстот нема други проблеми зашто пласира вест, има именувани и лоцирани извори кои го потврдуваат настанот и општо го објаснуваат проблемот со работничките права во Македонија.

Сѐ ќе беше во ред да немаше случај на поистоветување меѓу газда и бременост.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести