verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Абракадабра-докази

on 12 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

SAD ambasada - telegraf

[Рецензија: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)]

Текстот изнесува целосно непроверен и непотврден факт, со кој се обвинува дека вработени од Амбасадата на САД вршат притисок врз судиите и судовите.

Целиот напис е конструиран врз видеозапис во кој се гледа личноста, за која во текстот без доказ се тврди дека е вработена во Амбасадата на САД, во близина на судовите во Скопје. Исто така без потврда, написот тврди дека токму оваа вработена во Амбасадата на САД била задолжена за координација со Специјалното јавно обвинителство.

 

 

ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК Вработена во амбасадата на САД донесена во судот ИНФОМАКСЛинк до оригиналниот напис: ПОСТОИ ЛИ ПРИТИСОК: Вработена во амбасадата на САД донесена во судот? (ИНФОМАКС)
Датум и време на објавување: 03.07.2016, 17:44
Датум на рецензирање: 11.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова

 

АБРАКАДАБРА-ДОКАЖУВАЊЕ

Според напишаното, присуството на вработената во Амбасадата на САД по правило, односно по дефиниција, значи дека таа е таму за да врши притисок врз судиите во нивното одлучување. И, ни помалку ни повеќе, туку притисок баш за предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство!

„Според оригиналниот текст, иако речиси сите предмети кои досега ги покренува СЈО немаат апсолутно никаква основа за судски процес, Каранакова секојдневно врши притисок врз судиите и судовите, а последно е снимена како со службен џип од Амбасадата на САД е донесена во Кривичниот Суд во Скопје непосредно пред одлучувањето на судиите за предметот „Тврдина“, а откако забележала дека пред судот има новинари се упатила на задниот влез.“

Во текстот се тврди дека Каранакова била снимена како со службен џип од Амбасадата на САД била донесена во Кривичниот суд во Скопје. Текстот е зачинет и со видеоснимка, но на неа не се гледа ниту службениот џип на американската амбасада, ниту има потврда дека ова се случило истиот ден кога судиите одлучувале за предметот „Тврдина“ на СЈО.

Целосно се игнорира можноста дека Каранакова таму била присутна заради приватни причини, а дека тоа не е случај, нема потврда од ниту една страна.

 

ШТО ИМААТ СУДОВИТЕ ДА КАЖАТ?

Нема ни официјална ни неофицијална потврда од судот или од судиите дека оваа личност навистина им вршела притисок и тоа само за предметите на СЈО.

Не е побаран став од Судот дали Каранакова навистина била присутна таму како претставник на Амбасадата на САД. Недостига и официјален став од Амбасадата, која без докази се обвинува дека се меша во работата на судската власт.

Освен тоа написот се става во улога на суд, па си дава за право коментаторски да суди дали предметите кои ги покренува СЈО имаат или немаат основа за судски процес.

Текстот кој е предмет на ова анализа поставен е на сосема погрешни „столбови“ надвор од сите основни новинарски стандарди.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести