verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Срамен лов на кликови

on 14 - 07 - 2016       

 

Think

 

[Рецензија: ТИ Е*АМ ТОА ВЕЃАТА ГРУЗИЈСКА: Само Саше Шамарлитико го брани Алекс Ружин, сопартијците бришат под со синот на Нано Ружин!]

 

 

Текстот што е предмет на рецензија е насочен кон брутална дискредитација на членот на Либерално-демократска партија, Александар Ружин. Приватниот живот, како и неговите активности на социјалните мрежи воопшто не се од јавен интерес, па читачката публика да биде соочена со вулгаризми и со уличен јазик во статија која воопшто не може да се нарече новинарски производ, бидејќи не задоволува ниту еден стандард. Освен кон Александар Ружин (неговото правилно име не е употребено ниту еднаш во текстот), лични навреди се упатени и кон неговиот татко, поранешниот амбасадор, политичар и универзитетски професор Нано Ружин.

 

FireShot Capture 206 - ТИ Е_АМ ТОА ВЕЃАТА ГРУЗИЈСКА_ Само Са_ - http___think24.mk_2016_07_07_ti-e-Линк до оригиналниот напис: ТИ Е*АМ ТОА ВЕЃАТА ГРУЗИЈСКА: Само Саше Шамарлитико го брани Алекс Ружин, сопартијците бришат под со синот на Нано Ружин!

Датум и време на објавување: 06.07. 2016

Датум на рецензирање: 13.07.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

САМО ДИСКРЕДИТАЦИИ, А НЕДОСТИГА ОСНОВНАТА ИНФОРМАЦИЈА

Написот само дискредитира, а не информира за каков резил на Александар Ружин станува збор и не се кажува јасно ниту дека тој е член на Либерално-демократската партија, за потоа членовите на таа партија, како што се вели во текстот, да „бришат под со него“. Од текстот не може да се утврди поради какви постапки или активности Александар Ружин е исмеан, а уште помалку се одговара на прашањето дали тие се од јавен интерес, односно дали граѓаните треба да бидат информирани за тоа. Меѓу другото, се дава и кратка информација за „бизнисот“ на Александар, при што неговиот татко е обвинет за шверц на автомобили, без да се понудат докази за тоа.

„Резилот кој го зафати синот на Нано Ружин, Алекс Ружин кој инаку се занимава со продажба на гуми и фелни кои ги увезува од земјите на Бенелукс (линк отворен од татко му додека беше амбасадор и шверцуваше автомобили), не престанува, а најсилниот удар пристигнува токму од неговите сопартијци кои на социјалните мрежи буквално го бришат подот со него, му фаќаат сеир и го исмеваат.“

Понатаму во текстот се објаснува кој застанал во одбрана на Ружин, а кој го нападнал – информации кои воопшто не се важни за јавноста, особено зашто станува збор за пренесување преписки на социјалните мрежи. Се изнесуваат информации за приватниот живот на инволвираните страни, што е сосема неважно во контекстот на јавниот интерес. Во текстот, на читателот му се нуди и избор – од понудените коментари на социјалните мрежи (пренесени како принтскрин) да избере свој. Во текстот, инаку, е избран „фаворит“.

„На овој смешен обид за одбрана на Ружин, следеше канонада од исмевање, меѓу кои најбрутлен во исмевањето беше братучедот на Шеќеринска кој напишал дека вака ќе му се направи голема штета на Нано Ружин, а со тоа и на цело ЛДП, мислејќи на човек партијата. По ова следеше мрсулавење и плачење од страна на Алекс Ружин кој се обиде да во „вразуми“ Наумовски и да го подучи дека немањето солидарност била причината поради која тие не можеле да дојдат на власт!“

Написот што е предмет на рецензија настанал како резултат на одредени активности и преписки на Александар Ружин на социјалните мрежи. Темата што се третира воопшто не е од јавен интерес и не може да биде предмет на новинарски текст кој претендира да ги запази стандардите на пишувањето. Оттука, статијата не е ништо друго туку уште еден обид она „рекла-кажала“ од социјалните мрежи да донесе уште еден клик на медиумот кој ги преточува како содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести