verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Мајмунлаци“ од текст!

on 14 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Prilepski majmunlaci

 

[Рецензија: ПРИЛЕПСКА РАБОТА: Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)]

 

Дискриминирачки, навредлив и коментаторски текст конструиран врз непотврдена информација. Текстот е навредлив за жителите на градот Прилеп, за кои се генерализира дека прават „мајмунлаци“, иако во текстот нема докази дека за „инцидентот“ се виновни прилепчани.

 

ПРИЛЕПСКА РАБОТА Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро ВИДЕО ФОТОЛинк до оригиналниот напис: ПРИЛЕПСКА РАБОТА: Прилепчани сосе автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО/ФОТО)
Датум и време на објавување: 06.07.2016, 14:58
Датум на рецензирање: 13.07.2016
Рецензент: Симона Атанасова

 

 

ТАБЛИЧКИТЕ СЕ СТРАНСКИ, А НЕ ПРИЛЕПСКИ

„Деновиве поголема група прилепчани се решиле сосе автомобил да влезат во езерото и од покривот на возилото да скокаат во водата. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како групата до половина го внела возилото во кристално чистата вода“.

Во текстот, без никаква потврда, се заклучува дека автомобилот е во сопственост на прилепчани, иако од приложениот видеозапис јасно се гледа дека автомобилот има странски регистарски таблички. Значи, може да станува збор за странски државјани, за жители на некој друг македонски град, за прилепчани… Но, иако нема потврда, во текстот упорно се тврди, а со тоа и се манипулира јавноста, дека навистина станува збор за жители на Прилеп – како само луѓето од таму да се „способни“ да прават „мајмунлаци“. Инаку, навредливиот епитет „мајмуни“ честопати се користи за прилепчани, а и во текстот е употребен во навредлива конотација.

На крајот, текстот глуми неутралност, па вели „Погледнете ги нивните „лудории“ и оценете дали нивната постапка е за критика“, иако во целиот напис луѓето се осудени, искритикувани и залепени им се навреди.

Написот ги прекршува членовите 11 и 15 од Кодексот на новинари.

11.
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.
15.
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести