verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Провоцирачките генерализирања се неприфатливи во новинарството

on 14 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #280 - 'SKANDAL_ Shikoni sa na urrejnë disa maqedonas (foto) I FAKTE_NET' - www_fakte_net_skandal-shikoni-sa-na-urrejne-disa-m

 

Напис: СКАНДАЛ – Видете колку нè мразат некои Македонци

Омразата на еден дел од Македонците кон Албанците зела патолошки размери. Неколку од нив не се двоумат и јавно да ги навредат Албанците и кога тие се мртви, а дури страдаат и се етикетираат како предавници оние хумани Македонци кои се солидаризираат со случајот на малиот Алмир, убиен од еден монструм Македонец во Куманово, пишува „Факте“. Случајот за кој се зборува крена голема врева кај Албанците, бидејќи без никаква вина се згасна тукушто почнатиот живот на малиот Алмир.

Со право Албанците се запрашаа: каде се нивните сограѓани што не се солидаризираат? Дали е вината кај медиумите што го премолчуваат случајот, државните институции што ги управуваат медиумите или нешто друго?

Тие малкумина што имаа храброст да побараат правда за варварски убиениот Алмир веднаш се етикетираат од другите дека „им го расипуваат одморот за еден убиен Албанец“, можеби се и од „другата страна“.

Така е кога коалиционата власт го хранеше национализмот цели 10 години, за да ги краде граѓаните, понижувајќи ги Албанците./ФАКТЕ.НЕТ

 

[Рецензија: „СКАНДАЛ – Видете колку нè мразат некои Македонци“]

Пред неколку денови, медиумите во Македонија беа ставени пред еден поголем предизвик од оние секојдневните, кога станува збор за професионалното информирање и за надминување на сите недостатоци што веќе се дел од секојдневието во медиумското известување. Случајот за една кавга во Куманово што резултираше со гаснење на животот на едно петгодишно дете, крена голема врева во медиумите на албански јазик, а помина под сенка од еден дел од медиумите на македонски јазик, нешто што малку и можеби се смени по добивањето на веста дека детето починало како последица на повредите. Иако покажа дека паралелните медиумски светови во зависност од јазикот сè уште постојат во Македонија, и овој деликатен случај дел од медиумите го третираа на професионален начин, меѓутоа голем дел од содржините беа далеку од стандардите на новинарството.

Fakte - Skandal shikoni sa na urrejne disa maqedonasЛинк до оригиналниот напис: „СКАНДАЛ: Видете колку нé мразат некои Македонци”

Датум на објавување: 02.07.2016

Датум на рецензирање: 12.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Овој текст е објавен без неопходното внимание што било потребно пред објавувањето. Во овој случај, авторот ја пополнил празнината од недостигот на извори со свои коментари. Најголемиот проблем е дека употребените поими се провоцирачки генерализации и како такви – неетички за новинарската професија. Дали коментарот на еден корисник на социјални мрежи е показател за мерење на омразата што ја има еден народ кон друг? Одговорот е сосема јасен. Но, во текстот стои:

„Омразата на еден дел од Македонците кон Албанците зела патолошки размери. Неколку од нив не се двоумат и јавно да ги навредат Албанците и кога тие се мртви, а дури страдаат и се етикетираат како предавници оние хумани Македонци кои се солидаризираат со случајот на малиот Алмир, убиен од еден монструм Македонец во Куманово“.

Доволни ќе беа двајца експерти или познавачи на проблематиката, кои го следеле случајот, за да ги дадат своите проценки и да ги кажат причините за тоа зошто и дали постои оваа „патолошка омраза“, за ккоја се зборува во текстот.

Во врска со тоа дека другата етничка група не се солидаризираше за неправедната смрт на момчето и зошто институциите не се ангажираа доволно, бидејќи така се тврди и се проценува во оваа содржина, требало да се пренесат и проценките од претставниците на институциите, граѓаните итн., а не овие проценки да ги „запечати“ самиот автор со лични коментари и со навредливи оценувања:

„Така е кога коалиционата власт го хранеше национализмот цели 10 години, за да ги краде граѓаните, понижувајќи ги Албанците“.

Во вакви случаи, етички е медиумот да се потруди да го смири чувството на омраза и на гнев кај јавноста, а не да го провицира. Вакви коментари може да има секогаш, од секого за кој било случај, но не сите што се изјаснуваат јавно се фактор и треба да се прави вест од нив. Затоа, објавувањето на таквите изјаснувања не е информирање туку провокација и ова ја влошува состојбата на терен, нешто за кое авторот треба да сноси морална одговорност.

Говорот на новинарот секогаш треба да биде умерен и неутрален, спротивно од тој што нуди готови заклучоци и оценки, или се граничи со говорот на омраза, стои во Кодексот на новинарите на Македонија.

Покрај тоа, во него се додава и:

Медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, фотографии, мислење, коментар) што има цел да шири непријателство или омраза или доколку постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза кон некого поради расна припадност, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички хендикеп итн.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

Етноцентризам, генерализирања, поттикнувачки говор

Може да поттикне

Може да поттикне

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести