verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дојранско Езеро е чисто – градоначалникот така кажа!

on 13 - 07 - 2016       

Vecer za Dojransko

 

[Рецензија: Во Дојранско се капат сите – се одржа и Крштевка и свадба]

 

Текстот што е предмет на рецензија не го штити јавниот интерес на луѓето, односно нивното здравје, туку на секој можен начин се обидува да „докаже“ дека водата во Дојранско Езеро е добра за капење. Како „докази“ за чистотата на водата се земаат изјавите на градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, и на граѓаните кои се капеле во езерото. Анализата на Центарот за јавно здравје Велес, пак, покажа дека водата во езерото на четири места е загадена, но, според написот, таа е ирелевантна. Доволно било тоа што Општина Дојран ја оспорила забраната за капење на четири плажи издадена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за да не се земат предвид доказите од оваа релевантна институција.

 

 

 

FireShot Capture 205 - Во Дојранско се капат сите - се одржа_ - http___vecer.mk_makedonija_vo-dojrЛинк до оригиналниот напис: Во Дојранско се капат сите – се одржа и Крштевка и свадба

Датум и време на објавување: 09.07.2016, 21:45

Датум на рецензирање: 13.07.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ВОДАТА НЕ СЕ ПРОВЕРУВА ОД ОКО

Написот почнува со тврдењата на дојранчани, туристи и на градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, дека водата во езерото е чиста, но тие не можат да бидат релевантен извор, бидејќи освен со голо око, не можат да ја оценат бактериолошката и хемиска исправност на водата. Притоа, во статијата не е приложен никаков доказ од релевантна институција што ќе ги поткрепи овие тврдења за чистината.

„Дојранчани тврдат дека водата во езерото е чиста и безбедна за капење. Во исправноста на водата е убеден и градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов кој заедно со голем број негови сограѓани влезе да се изкапе во езерото. Стамов и понатаму тврди дека водата во езерото никогаш не била почиста и вели дека ќе продолжи да доаѓа на градската плажа и да се капе во езерото“.

Текстот не нуди одговор врз основа на што градоначалникот тврди дека „водата во езерото никогаш не била почиста“. Тоа што Стамов вели дека во езерото се капел и „кога го немало“ не мора да значи ништо, бидејќи намалено ниво на водата не значи и нејзин помал квалитет. Убедувањето на градоначалникот дека „анализите ќе покажат дека езерото има чиста вода со одличен квалитет,“ остануваат во сферата на претпоставките и на недокажаното.

„Јас како и моите сограѓани од Дојран, а и сите вљубеници во Дојран продолжуваме да се бањаме. Денес и лично се уверивм сметам дека водата во езероти никогаш не била почиста. Сме се капеле во езерото кога буквално го немаше, кога беше во многу лоша состојба и ќе продолжиме да се капиме ова лето и во иднина. Убеден сум дека анализите ќе покажат, и на крајот ќе излезе дека Дојранско езеро има одлична вода, чиста вода со одличен квалитет“.

 

НИТУ КРШТЕВКАТА НЕ Е ДОКАЗ

Како „доказ“ за чистотата на водата се посочува и крштевка на дете направена во езерото. Овде, сепак, станува збор за субјективна одлука за изведба на тој чин, што не е доволен доказ дека водата е чиста. И покрај објективните причини за постоење забрана за капење во езерото поради бактериолошка и хемиска неисправност на водата, на крајот индивидуална е одлуката дали таа забрана ќе се почитува. Но, таа одлука не може да биде посилен доказ за исправноста на водата од анализите, кои покажаа дека во водата во езерото континуирано се влеваат фекалии речиси од сите страни.

„Неколкумесечниот Александар од Гевгелија светата тајна крштение ја прими во водите на Дојранско езеро. И покрај забраната за капење на неколку плажи донесена од страна на здравствениот и санитарен инспекторат и препораките да не се користи водата за капење, семејството Здравевски реши светото крштевање на нивното дете да го извршат токму во водите на Дојранското езеро“.

Бактериолошка и хемиска исправност на вода не се утврдува врз основа на изјави на граѓани, градоначалник, свештеник, туку неа ја проверува релевантна институција која изработува соодветна анализа. Текстот ги „измешал лончињата“ во однос на тоа кој доказ треба да се земе предвид и кој е релевантен извор за темата за која се пишува, а како последица на тоа може да произлезе загрозување на здравјето на капачите во езерото и притоа не се штити јавниот интерес на граѓаните.

Инаку, Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука за забрана за капење на Градска плажа и на плажите Црвен крст, Златен брег и Калдрма, откако е утврдено дека бактериолошката и хемиската неисправност на Дојранско Езеро е од трет степен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни,

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести