Рецензии

Рецензија: Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни

на 30. 12. 2013 | |
Во прилогот „Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни“  се претерало со величењето на владините економски успеси. Со сугестивниот наслов, поднасловот и самата конструкцијата на текстот (главата, изборот и редоследот на изјавите, заклучокот) добиен е еден апологетски извештај  од средбата на членовите на Владата со бизнисмените од Комората на Северозападна Македонија. Од  вака конципираниот телевизиски прилог се добива претстава дека во Македонија се случил некаков економски прогрес! Линк до оригиналниот напис: Економски успешна година – и Владата и бизнисмените задоволни Датум и време на објавување: 27.12.2013, 18:00 Датум на рецензирање: 28.12.2013 Рецензент: Оливера Војновска Вистинитост: Прилогот се потпира на изјавите на претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи и на министерот за финансии, Зоран Ставрески. 

Рецензија: Фото: Погледнете како изгледаат приведените пејачки од ноќниот клуб во тетовско Желино!

на 30. 12. 2013 | | sq
Преку проблематичниот, сензационалистички, тенденциозен наслов, авторот на оваа проширена вест го воведува читателот во уште попроблематична текстуална содржина, која не дава одговор на основното новинарско прашање: зошто овие девојки се приведени и зошто против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Ниту пеењето, ниту танцувањето не претставуваат кривични дела, па следствено, читателот не може да се информираа зошто овие девојки се нашле во ситуација за нив да има основано сомнение дека сториле кривично дело. Дури и кога текстот би открил зошто девојките се приведени, во ниеден случај јавноста не би можела да „види како изгледаат“ поради тоа што на таков начин би се кршела пресумпцијата на невиност. Линк до оригиналниот напис:  Фото: Погледнете како изгледаат приведените пејачки од ноќниот клуб

Рецензија: Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово

на 30. 12. 2013 | |
Новинарот може да одбере повеќе начини како да компонира вест, но таа во секој случај мора да ги содржи основните елементи на оваа новинарска форма. Тоа подразбира да одговори на оние пет фамозни прашања кои ги повторуваме во „секоја“ рецензија. Во овој случај рецензираме „нешто“ што би требало да се нарече вест, но е далеку од тоа. Линк до оригиналниот напис: Хулиганска пресметка на Делии и Гробари во Куманово
Датум и време на објавување: 25.12.2013, 14:13 Датум на рецензирање: 28.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Не може да се докаже дали ова навистина се случило, бидејќи во веста  нема одговор на основното прашање: „кога“?. Извори на информации: Се повикува на информација од полицијата дека :„двајца кумановци ќе одговараат

Рецензија: Гробот на Александар Македонски е кај Свети Николе?

на 30. 12. 2013 | |
Написот изобилува со претпоставки и шпекулации. Егзактното е измешано со метафизичкото. Математички, астрономски и геометриски пресметки се толкуваат со метафизички и митолошки аргументи. Самопрогласени експерти се претставуваат како самостојни истражувачи без да се провери нивното професионално портфолио. Недостига аналитички пристап во третирањето на темата. Место објективно информирање на јавноста предноста им е дадена на шпекулациите на соговорниците кои се извори на информациите. Линк до оригиналниот напис: Гробот на Александар Македонски е кај Свети Николе? Датум и време на објавување: 18.12.2013, 17:31 Датум на рецензирање: 26.12.2013 Рецензент: Тони Димков Вистинитост: Меѓу апстрактното и реалното, позбунети од читателите изгледа дека се самите толкувачи/изложувачи на аргументите. Во исказите на соговорниците нема јасна граница кои се реални, а кои се митолошки претпоставки во нивните

Рецензија: Ставрески: Во Македонија законите се почитуваат

на 30. 12. 2013 | |
„Шеќеринска се осврна на, како што наведе, корупцискиот скандал во Турција и повикувајќи се на тврдење на директор на Халк банк оти од дел од парите што во кутии за чевли биле најдени кај него дома, милион евра биле наменети за Македонија, праша како тој износ пари стасал од адреса во Турција во Македонија и за кого биле наменети“. Ова е извадок од веста во „Курир“ од седницата за пратенички прашања во Собранието на РМ, каде пратеничката Радмила Шеќеринска ја отвори темата за скандалот во Турција, поврзан со „Халк банка“, што доведе до оставки во кабинетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во кој се откри дека 950 илјади евра нелегално влегле и во Македонија. Веста го задржува соодносот

Рецензија: СДСМ фронтално против новинарите

на 30. 12. 2013 | |
Пред нас е еден крајно тенденциозен текст, во кој е целосно извртена поентата од дебатата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во него преку класичен спин во насловот и во поднасловот, најголемата опозициска партија се конфронтира со целата новинарска фела. Ставот, пак, што го искажа СДСМ во текот на седницата: „со двата закона власта ќе ја зголеми контролата врз медиумите и новинарите и затоа СДСМ нема да учествува во овој чин на историско газење на слободата на изразување “ (Игор Ивановски), а го пренесоа дел од медиумите, ( можеше  да се види и на директниот пренос на седницата, како и на снимката од собраниската расправа за споменатите законски решенија) нема никаква врска со конструкцијата

Рецензија: Што загубија Либијците со смртта на Гадафи

на 30. 12. 2013 | |
Текстот “Што загубија Либијците со смртта на Гадафи”, објавен пред една година, е препишан од интернет каде што можат да се најдат десетици слични текстови, на повеќе јазици, каде што се набројуваат добрите страни на режимот на Гадафи. Македонскиот портал, кој го преведува, се задоволил со превод на овој текст кој што својот извор најверојатно го наоѓа во про-Гадафи пропагандата што ја има во изобилство на интернет. Читателот без познавања за Либија ќе биде убеден дека сите Либијци биле среќни и се прашува зошто светот ги поддржа силите што бараа крај на владеењето на Гадафи. Ниту еден збор не е оставен за да се објасни репресијата на која беше подложен либискиот народ за време на овој режим. Карактеристика

Рецензија: Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна

на 26. 12. 2013 | |
„Госпоѓо немојте да викате полиција, затоа што ја украдов чоколадата. Немав што да јадам дома, а бев многу гладна“, рекло со солзи во очите деветгодишно девојче кое било фатено од страна на продавачката во еден дуќан како краде.“ Вака почнува текстот со впечатлив наслов: „Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна“,  кој, без да посочи извор, локција  и време, на  читателската публика ѝ сервира една прилично чувствителна  приказна.  Никаде во написот не е наведено каде и кога се случува настанот, па се добива впечаток дека изгладнетото девојче, кое е принудено да краде чоколадо, е од нашето соседство.  Всушност, приказната уште пред три недели е објавена на еден хрватски портал, а потоа

Рецензија: Парите најдени кај директорот на „Халкбанк“ во Турција наменети за Македонија?

на 26. 12. 2013 | | sq
„Парите најдени кај мене дома беа донација за Меѓународниот Балкански Универзитет во Македонија. Синот на пратеникот Хусеин Бурге, кој е претседател на Фондацијата основач на Универзитетот, донесе кај мене 1.950.000 евра, бидејќи не можеше да ги испрати поради законски пречки во Македонија, наведе денеска во својата одбрана генералниот директор на турската „Халкбанк“, Сулејман Аслан, кој минатата недела беше уапсен под обвинение за земање мито“. Оваа сензационална вест која длабоко задира во многу прашања во земјава (безбедност, нелегално финансирање, контрола на парични текови) е обелоденета без да даде ниту назнака на кој извор се потпира, а тоа ја девалвира нејзината уверливост. Линк до оригиналниот напис: Парите најдени кај директорот на „Халкбанк“ во Турција наменети за Македонија? Датум и време на објавување:

Рецензија: Загаден воздух: Ноќеска Карпош уриваше рекорди (ФОТО)

на 26. 12. 2013 | | sq
Темата загадување на воздухот последниве денови беше една од најактуелните во државава. Ќе можеше да се каже дека овој напи релативно прифатливо ја обработува темата, доколку не е направена крупна грешка – погрешно е протолкуван графиконот објавен на веб-страницата на Министерството за животна средина, каде измерените вредности се илустрирани со различни бои на кривите. За волја на вистината, графиконот навистина може да биде погрешно протолкуван, бидејќи се одбрани слични бои со кои се одбележани вредностите на двете општини со најголемо загадување – Центар и Карпош. Освен овој крупен превид, кој резултираше со погрешна поента извадена и во насловот и во главата на текстот, самиот напис е сиромашен со други податоци кои се однесуваат на загадувањето на воздухот, а кои му