verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ставрески: Во Македонија законите се почитуваат

on 30 - 12 - 2013       

FireShot-Screen-Capture-206-Ставрески_-Во-Македонија-законите-се-почитуваат-crop-resize

„Шеќеринска се осврна на, како што наведе, корупцискиот скандал во Турција и повикувајќи се на тврдење на директор на Халк банк оти од дел од парите што во кутии за чевли биле најдени кај него дома, милион евра биле наменети за Македонија, праша како тој износ пари стасал од адреса во Турција во Македонија и за кого биле наменети“.

Ова е извадок од веста во „Курир“ од седницата за пратенички прашања во Собранието на РМ, каде пратеничката Радмила Шеќеринска ја отвори темата за скандалот во Турција, поврзан со „Халк банка“, што доведе до оставки во кабинетот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во кој се откри дека 950 илјади евра нелегално влегле и во Македонија. Веста го задржува соодносот меѓу прашањето и одговорот во сразмер од барем 1:3, па речиси не знаете што прашува пратеничката, ама имате опширен одговор од министерот!

'Ставрески: Во Македонија законите се почитуваат'

Линк до оригиналниот напис: Ставрески: Во Македонија законите се почитуваат

Датум и време на објавување:26.12. 2013, 14:51

Датум на рецензирање: 26.12.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Факт е дека во Турција се одвива мега афера заради што премиерот го преполови составот на кабинетот и која заради уапсениот прв директорот на „Халк банка“ Сулејман Аслан,  ја допира и Македонија. Директорот Аслан во истрагата признал (да ја земеме само угледната деловна информативна агенција Блумберг) или весникот Хуриет, каде стои дека еден од 4,5 милиони евра кои беа пронајдени во неговиот дом, спакувани во кутии за чевли, бил наменет за Македонија, а дека досега успеал да испрати 950.000 евра (се користи изразот одвај) на, како што вели, некаков начин во земјава. Ова го пренесоа во растојание од два дена буквално сите медиуми во ова земја, немаше никакви приговори (од адвокатот на банкарот, на пример). Деталите од таа истрага, истекле на некој начин (впрочем на колегите од Курир секако им познато дека кај нас привилегираните медиуми доаѓаат и до видео касети од прибирање на докази, потоа цели видео стории за апсењето и слично).

Централното прашање од декемвриското соочување на пратениците со Владата така, според овој текст, се сведе на одвај разбирливо прашање, а опширен одговор.

Извори на информации: Околу оваа афера постојат извори и тие требало за сите во земјава да отворат рој од прашања, особено за надлежните институции. Видливо беше од стартот дека како поткрепа на веста медиумите можеле да се повикаат на колегите во Турција, но пред сѐ да бараат одговори тука, од професионални финансиски контролори, цариници, образовни власти… Веста се задржала  на „дијалогот“ меѓу Шеќеринска и Ставревски, ама барем била должна да им даде рационален сооднос.

Содржајност: Во веста никаде не се споменува крајниот адресант на овие турски пари – Балкан Универзитетот во Скопје. Ниту, пак, фактот што прашањето беше упатено на премиерот Груевски,  ама тој без образложение го препушти одговорот на оној кому не му беше наменето, а тој во меѓувреме, видовме на преносот на Третиот канал, се занимаваше со мобилниот телефон. Дијалогот во Собранието обилуваше со многу пикантерии што ја прават веста посодржајна, ама авторот од дијалогот направил речиси монолог!

Пристрасност: Со одбегнување  на навременото информирање на читателите од страна на сите македонски медиуми (освен неколку исклучоци) за скандалот со директорот на Халк банката, некој очевидно во земјава како да ставил брана на тоа прашање со што се отвора сомневање дека тоа е оценето како преопасно и да се отвори.  Јасно е дека се загрозени многу институции кои мора да внимаваат на своето реноме, како што под сомнение се става текот на парите во земјата – ги контролира ли нив некој или не? Пристапот на овој текст е, се разбира, дел од таа тактика – ако веќе мора да се известува за аферата, да се даде што поопширно одбраната, а да се редуцира до максимум нападот од собраниската говорница.

Оригиналност/Плагијат: Текстот не е потпишан и заради должината имаме верба дека е на порталот, особено што нема назнака дека е пренесување на некоја агенциска вест

Квалитет на насловот: Насловот е добра најава дека текстот (веста) се однесува главно на вицепремиерот и го објаснува пристапот на анонимниот автор, кој се држи до аргментите на Владата.

Фотографија: Во таа насока оди и фотографијата – и таа го дава Ставревски, ама не и Шеќеринска, која го постави прашањето и излезе два пати на говорницата, а еднаш говореше и од место (имаше две реплики). Само сликата не е од одговорот на вицепремиерот, туку од некогашно негово стоење на говорницата. Зошто не е направена фотографија каде тој одговара (од место) не е познато, но факт е дека тогаш би требало да го видиме и премиерот Груевски, а можеби било оценето дека не е згодно тој, во врска со оваа афера, да се најде во зумот на камерата по било кој основ?!

Заклучок:  Во врска со пратеничките прашања, пред сѐ, на опозицијата, постои еден генерално омаловажувачки однос. Тие прашања овој пат беа и малку на број, бидејќи пратениците од опозицијата не можеа да дојдат на говорницата од пратениците од владината коалиција. Барем медиумите низ својата уредувачка политика треба да се грижат за нивелација на значењето и местото на сите претставници на народот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести