Рецензија: Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна
Објавено во Рецензии
on 26 - 12 - 2013 Автор: Оливера Војновска„Госпоѓо немојте да викате полиција, затоа што ја украдов чоколадата. Немав што да јадам дома, а бев многу гладна“, рекло со солзи во очите деветгодишно девојче кое било фатено од страна на продавачката во еден дуќан како краде.“
Вака почнува текстот со впечатлив наслов: „Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна“, кој, без да посочи извор, локција и време, на читателската публика ѝ сервира една прилично чувствителна приказна. Никаде во написот не е наведено каде и кога се случува настанот, па се добива впечаток дека изгладнетото девојче, кое е принудено да краде чоколадо, е од нашето соседство. Всушност, приказната уште пред три недели е објавена на еден хрватски портал, а потоа преземена од други хрватски и босански медиуми, од каде е најверојатно „позајмена“ и македонската верзија. Начинот на кој е пласиран овој материјал, вклучително и фотографијата на која е прикажан тажниот лик на едно девојченце, се коси со основните професионални и етички стандарди на пренесување на информацијата.
Линк до оригиналниот напис: Девојче фатено во кражба: тетке ве молам не викајте полиција – бев многу гладна
Датум и време на објавување: 24.12.2013, 12:30
Датум на рецензирање: 25.12.2013
Рецензент: Оливера Војновска
Вистинитост: Самиот текст не нуди елементи од кои може да се види дали е веродостоен. Настанот е објавен во повеќе странски медиуми, но и таму нема наведено прецизни извори, па може само да се претпостави дали навистина се случил.
Извори на информации: Написот нема посочено кредибилни извори, целиот материјал се потпира исклучиво на раскажувањето на „една продавачка“.
Содржајност: Тука и не може да се говори за некаква содржајност. Се работи за целосно преземен текст. Но, македонската верзија е со лоша конструкција на речениците. Материјалот не е ниту редактиран, ниту лекториран, а некои реченици, како:
„Продавачките секој манијак мораат да го прегледаат самите“.
се лошо преведени од хрватски:
„Prodavačice svaki manjak na inventuri moraju podmiriti same.“
Реченицата има сосема друга смисла. Воопшто не се работи за именката од машки род „манијак“, туку за „кусок“. Односно, во случајот се мисли на евентуален недостиг од пари, кој продавачките мора да го надокнадат од сопствениот џеб.
Оригиналност/Плагијат: Текстот е комплетна копија. Оригиналот е објавен на хрватскиот портал на 07.12.2013, но, според формата во која е објавен на македонскиот сајт, веројатно е преземен од друг хрватски медиум, каде е објавен на 8.12.2013, или, пак, од овој босански медиум, каде е објавен на истиот датум.
Квалитет на насловот: Насловот е напишан во сензационалистички манир и на прв поглед делува прилично вознемирувачки.
Фотографија: Илустрацијата на која се гледа девојче со израз на лицето како да е фатено во лага, исто претставува сериозен пропуст. Објавувањето фотографии на деца е во спротивност со амандманот 9 од Кодексот на новинари, каде е прецизирано дека:
„Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите“
Заклучок: Сајтот, во рубриката насловена „Живот“, на читателите им подметнал текст ископиран од странски медиум, веројатно со цел да се зголеми посетеноста на порталот. Овој напис е меѓу најчитаните на сајтот (со над 2.700 посетители во попладневните часови во вторникот на 24.12.2013), што е далеку повеќе од читаноста на другите текстови објавени тој ден.
Овој потег го става под прашалник чесниот пристап на медиумот кон своите конзументи. Истовремено, претставува злоупотреба на довребата на читателите, кои од информативните портали очекуваат да добијат вистинита и сеопфатна информација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
сензационален
соодветен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови