Рецензии

Рецензија: Бакал од Кичево плати 1,88 милион евра за акции во „Европа“

на 19. 07. 2013 | | sq
Прилогот за една, навидум, обична берзанска активност, на овој портал добива димензии на првокласна вест, дури и сензација, заради откривањето на идентитетот на правното лице кое купило акции на скопската фабрика „Европа“. Оваа проширена вест докажува дека големите вести понекогаш лежат во малите, секојдневни работи, само ако се покаже малку поголемо љубопитство, односно кога на една вест ќе и се даде поголема содржајност. Линк до оригиналниот напис: Бакал од Кичево плати 1,88 милион евра за акции во „Европа“ Датум и време на објавување: 15.07.2013, 14:29 Датум на рецензирање: 16.07.2013 Рецензент: Љубомир Костовски Вистинитост: „Кичевска компанија за трговија на мало, сопственост на едно лице, плати 1,88 милиони евра и купи 18 отсто акции со право на глас во скопската кондиторска индустрија

Рецензија: Членовите на избирачките одбори и комисии се уште чекаат на нивните пари

на 19. 07. 2013 | |
Повод за рецензија на оваа вест е нејзината лоша структура, која многу отстапува од правилото на превртена пирамида. Непочитувањето на ова правило ја „убило“ информацијата што авторот имал намера да ја пренесе. Линк до оригиналниот напис: Членовите на избирачките одбори и комисии се уште чекаат на нивните пари Датум и време на објавување: 02.07.2013, 09:24 Датум на рецензирање: 03.07.2013 Рецензент: Сунчица Стојановска Зоксимовска Вистинитост: Факти има неколку, но важните на кои би очекувале да се темели написот или не се презентирани, или се многу разводнети, па се губат во низа непотребни информации. Главниот факт (дека општината им должи над два милиони денари на членовите на избирачките одбори) не е ниту детално објаснет, ниту цврсто поткрепен од релевантен извор. 
Извори на

Рецензија: „Делата“ на кавадаречкиот градоначалник – почнале, па ќе продолжат!

на 18. 07. 2013 | |
Оваа вест е пример како е можно и кус извештај од прес конференција да биде искористен за спин. Фокусот е на насловот, кој е, всушност, циничен коментар дека кавадаречкиот градоначалник се фалел со почнати проекти, а истата тенденција е видлива и во самиот текст на извештајот. Авторот, притоа, како да заборава да каже дека прес-конференцијата и била свикана со цел на јавноста да и биде соопштено кои се проектите на кои почнала да работи локалната власт во новиот состав. Линк до оригиналниот напис: „Делата“ на кавадаречкиот градоначалник – почнале, па ќе продолжат!
Датум и време на објавување: 03.07.2013, 12:32 Датум на рецензирање: 10.07.2013 Рецензент: Југослава Дуковска Вистинитост: Веста содржи сублимат од прес-конференција на градоначалникот на Кавадарци, при што се извадени

Рецензија: На младите не им се работи, дури и сезонски!

на 17. 07. 2013 | |
Станува збор за напис кој „тврдо“ следи една теза од почеток до крај, теза која е преземена од изјава на соговорник. Оваа теза, која почнува од насловот и продолжува низ целиот текст, е поткрепена од еднострани извори, додека знаците и податоците што говорат поинаку, а кои ги има и во информациите во текстот и во придружните вести со текстот, воопшто не се земени во предвид. Ни за момент никој не се посомневал дека основната теза – младите не сакаат да работат сезонски – е барем донекаде проблематична. Линк до оригиналниот напис: На младите не им се работи, дури и сезонски! Датум и време на објавување: 12.07.2013 Датум на рецензирање: 17.07.2013 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Написот почнува со зборовите: „Додека во

Рецензија: Геровски распали на Фејсбук во одбрана на Вранишковски

на 17. 07. 2013 | |
Уште еден во низата текстови во кои новинари се занимаваат со други новинари, посебно кога тие мислат поинаку од нив е и текстот на ДЕНЕШЕН, кој ги анализира и критикува ставовите на новинарот Бранко Героски за случајот Вранишковски, објавени на неговиот приватен профил на Фејсбук. Тргнувајќи од повеќе години присутното, непишано правило дека околу случајот Вранишковски домашните медиуми во старт треба да имаат униформен став, авторот на написот во ДЕНЕШЕН, критиките на Героски упатени до колегите, со кои тој бара нивен попрофесионален пристап кон темата, веднаш ги прогласува за поддршка за Вранишковски, иако таа поддршка Героски никаде, de facto, не ја искажува. Самиот напис, кој се однесува на активноста на Геровски на оваа социјална мрежа и нема друга поента, освен

Рецензија: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма

на 17. 07. 2013 | |
Вообичаено е пресовите кои ги држат или во кои учествуваат владини министри да бидат организирани во стилот „имаме што и да и соопштиме на јавноста“. Ретки се исклучоците кога новинарите поставуваат дополнителни прашања или го користат присуството на владините чиновници за да дознаат нешто повеќе од нив. ТВ Телма неодамна покажа дека на новинарите, или дел од нив, сѐ уште не им изветреала храброста во насока на поголема транспарентност на власта. Линк до оригиналниот напис: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма Датум и време на објавување: 11.07.2013 Датум на рецензирање: 14.07.2013 Рецензент: Љубомир Костовски Вистинитост: Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска одби да одговори на прашањето на Телма како ќе се реши проблемот со

Рецензија: Светата честичка не е исчезната, кај архиепископот е!

на 17. 07. 2013 | |
Веста за пронаоѓањето на исчезнатите реликвии не кажува доволно за начинот на нивното исчезнување, а потоа и пронаоѓање, а уште помалку за степенот на важност на реликвиите, за кои од веста се добива впечаток дека се ексклузивни и битни во светски рамки, што воопшто не е точно. Линк до оригиналниот напис: Светата честичка не е исчезната, кај архиепископот е! Датум и време на објавување: 11.06.2013, 10:34 Датум на рецензирање: 12.06.2013 Рецензент: Ѕвездан Георгиевски Вистинитост: Станува збор за исчезнувањето на честичката од Светиот Исусов крст и други реликвии, донесени од наш донатор, студент по Богословија од САД. Иако станува збор за вест во низа, сепак во текстот не е објаснет карактерот на реликвиите, односно фактот дека нивната веродостојност ја прогласува Црквата,

Рецензија: Центарци добија бесплатно зонско паркирање

на 17. 07. 2013 | |
„Мнозинството советници изгласаа одлука со која жителите на Центар конечно ќе имаат неограничено бесплатно зонско паркирање на територијата на општината. Со ова се исполни едно од основните изборни ветувања”, рече Жерновски. Ова е цитат од веста која ја објави порталот Скај, а се однесува на крајот на маратонската седница на Советот на Општина Центар, која заврши во средата во 7 часот наутро . Порталот е, се чини, еден од ретките кој благовремено, без оглед на времето на завршување на седницата, извести точно и без подметнувања. Оваа вест целосно се разликува од најголем дел од објавените вести од седницата, кои даваат целосно спротивни содржини за истата вест. Освен брзината и точноста, соодветни на ситуацијата на пазарот на вести во земјата, како

Рецензија: Железницата чека подобри вагони за подобри денови

на 16. 07. 2013 | |
Веста отвора премногу прашања во врска со железничкиот сообраќај во земјава, но не ги затвора. Почнува со став и завршува тврдење, кое има коментаторски елементи. За вакво нешто немало потреба во една телевизиска вест. Линк до оригиналниот напис: Железницата чека подобри вагони за подобри денови Датум и време на објавување: 11.07.2013, 20:35 Датум на рецензирање: 12.07.2013 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Секако дека во веста има вистинити наводи. Најголем број се бездруго вистинити.  Но, има и непоткрепени и недоволно поткрепени ставови и коментари. Проблем е што и самата вест наместа е недоречена и нејасна. И во недореченоста страдаат деталите. А, деталите се неопходни за да се осознае вистината и читателот да не остане збунет или делумно информиран. Вака како што е

Рецензија: Со збир на стажот и возраста до пензија?

на 16. 07. 2013 | |
Ова е пример за текст кој во комуниколошката литература се нарекува „производ настанат врз игнорирање на демантот“. И покрај „негирањето на надлежните“ дека се разгледува модел во кој со збир на стажот и возраста ќе може да се оствари право на пензија, авторот развива тематска проекција спротивна на тој категоричен демант и ја истакнува во насловот на текстот. За да се избегнат вакви ситуации, новинарот тежиштето на текстот треба да го стави врз фактот дека надлежните не планираат реформа на пензискиот систем и покрај неофицијалните информации дека се прават анализи во таа сфера. Притоа, може да го презентира и споменатиот модел како дел од оние кои биле анализирани и неприфатени, па дури и да го „брани“ како добар, се разбира,