verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Геровски распали на Фејсбук во одбрана на Вранишковски

on 17 - 07 - 2013       

Уште еден во низата текстови во кои новинари се занимаваат со други новинари, посебно кога тие мислат поинаку од нив е и текстот на ДЕНЕШЕН, кој ги анализира и критикува ставовите на новинарот Бранко Героски за случајот Вранишковски, објавени на неговиот приватен профил на Фејсбук.

Тргнувајќи од повеќе години присутното, непишано правило дека околу случајот Вранишковски домашните медиуми во старт треба да имаат униформен став, авторот на написот во ДЕНЕШЕН, критиките на Героски упатени до колегите, со кои тој бара нивен попрофесионален пристап кон темата, веднаш ги прогласува за поддршка за Вранишковски, иако таа поддршка Героски никаде, de facto, не ја искажува.

Самиот напис, кој се однесува на активноста на Геровски на оваа социјална мрежа и нема друга поента, освен да го дискредитира во очите на јавноста.

Рецензија: Геровски распали на Фејсбук во одбрана на ВранишковскиЛинк до оригиналниот напис: Геровски распали на Фејсбук во одбрана на Вранишковски

Датум и време на објавување: 3.07.2013

Датум на рецензирање: 9.07.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Текстот во ДЕНЕШЕН се темели на пишувањето на новинарот Бранко Героски на неговиот Фејсбук профил, во кое тој изнесува неформална оценка за начинот на известување на медиумите околу случајот Зоран Вранишковски.

Извори на информации: Авторот се занимава со „вистинските“ мотиви зад критиките на Геровски , кои тој ги објави на социјалната мрежа Фејсбук и тоа е единствениот извор кој се користи во овој напис. Не е ниту направен обид да се најде Героски и да му се постават прашања со кои евентуално би се фрлило целосно светло врз мотивите на критиките и би се испочитувал професионалниот пристап во информирањето – да се праша и „другата страна“.

Содржајност: Веста е несеопфатна, базирана на лични толкувања и претпоставки.

Пристрасност: ДЕНЕШЕН се обидува забелешките на Героски за професионалниот однос на колегите кои го следат случајот Вранишковски да ги изврти и протолкува на свој начин, односно како наклонетост на Героски кон Вранишковски.

Коментирање: Коментирањето на Фејсбук статусот на Героски е всушност и единствената содржина на написот на ДЕНЕШЕН за кој станува збор.

Оригиналност/Плагијат: Авторот на написот, кој е анонимен, се служи со копија од Фејсбук статусот кој Героски го објави на својот профил како своевиден доказ за релевантноста на своите тврдења.

Квалитет на насловот: Насловот ја одразува намерата на авторот и содржината на написот преку употреба на жаргон, а со цел потенцирање на поентата.

Фотографија: Како илустрација на текстот всушност служи screen-shot од Фејсбук- статусот на Геровски, кој потоа е коментиран од авторот на написот на ДЕНЕШЕН.

Говор на омраза:Авторот на написот прави обид за дискредитација на Героски веќе со насловот „Геровски распали на Фејсбук во одбрана на Вранишковски“, иако тој никаде во својот Фејсбук статус всушност и не го брани обвинетиот Вранишковски и во текстот го заклучува истото. Читатели можат да се уверат од скриншотот на „доказниот материјал“ дека таму нема таков исказ на Геровски.

Заклучок: Еден приватен коментар, објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој новинар со нагласено опозициони ставови им забележува на своите колеги дека забораваат на професионалните стандарди и водат политика кога известуваат за случајот Вранишковски, за неименуваниот автор од порталот ДЕНЕШЕН беше доволен повод за неаргументирани тврдења, кои го доведуваат новинарот во негативна поврзаност со судски случај, кон кој јавноста веќе создала негативна перцепција.

На новинарот, притоа, не му е дадена шанса самиот да дообјасни, па претпоставките на ДЕНЕШЕН на читателот му се пласираат како единствената вистина до која дошол медиумот.
Објавениот скриншот од постот на Героски на Фејсбук, презентирана како доказ, на ДЕНЕШЕН всушност му служи да ја затскрие вистинската цел на написот – дискредитација на новинарот со непоткрепени тврдења и шпекулации.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

веродосотојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има,

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

можеби

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно

има

има

наклонетост

политичка

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има

интегрирани

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

да

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

има

нема

не потикнува

дискриминира

политичка

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни

нема

делумно уреден

не

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести