Рецензии

Рецензија: Заев не се откажува од идентитетот, ама сепак ќе го свитка ’рбетот

на 8. 07. 2013 | |
Дневниот весник Нова Македонија ден после одржување на последниот Конгрес на главната опозициска партија донесе куса информација од неколку редови за Конгресот, која не може да се смета за извештај, бидејќи содржи наслов во кондиционал, има кус текст со назнаки што ќе се случува на Конгресот, кој очевидно е напишан пред да се знае крајот, а веројатно и текот на настанот. Оттаму, текстот објавен следниот ден, во вторникот, кој е предмет на рецензијата, за читателот на Нова Македонија би требало да претставува прозорец за она што се случувало на последната средба на највисоко ниво на социјалдемократите. Извештајот се комбинира со други жанрови и претставува обид на замаглување на еден настан со негово вкрстување со настан, како и изјави на личности

Рецензија: Прометеј не пие „брља“

на 8. 07. 2013 | |
Неколку текстови во нашите медиуми беа посветени на забавата што по повод националниот празник на неговата земја ја направил шведскиот амбасадор во земјава. Причината лежи во своевидниот перформанс, кој бил изведен на забавата, а кој според медиумската кампања бил насочен против земјата – домаќин. При највнимателното прочитување на тие текстови не е можно да се сфати каде лежи „вината“ на амбасадорот и каде е навредата за нашата земја? Го поседува ли само таа правото самата да прави јавни перформанси со еден митски лик, кој инаку му припаѓа на целото човештво? „Не е тајна дека има и граѓани на оваа земја кои се потсмеваа на споменикот и што е уште пострашно, се потсмеваат на борбата што тој ја симболизира. Но тоа

Рецензија: Откриена е пирамида на Водно (ФОТО)

на 5. 07. 2013 | |
Темата за постоење на пирамиди на Водно е пласирана површно, еднострано и без критички однос кон податоците претставени на Фејсбук. Занемарена е основната функција на информацијата – да информира, нудејќи точни и релевантни факти, односно, отсуствува труд тие да се утврдат. Едноставно, по линија на најмал отпор, со copy-paste приод, пренесено е она што веќе може да се прочита на споменатата социјална мрежа и со тоа е пропуштена шанса да се изработи занаетски коректен и заокружен новинарски производ, како што доликува на вистински информативен медиум, кој претендира да биде сфатен сериозно од страна на читателите. Најлош впечаток остава тоа што веста не е довршена, туку е оставена на половина реченица, упатувајќи го читателот да се доинформира на сајтот 365.ком.мк. Линк

Рецензија: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови

на 5. 07. 2013 | |
Текстот е грубо спинување на јавноста и пласирање полувистини со цел читателот да добие впечаток дека Владата не погрешила со првичниот текст на Предлог – законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. Уште повеќе, написот ја промовира Владата како конструктивен фактор, токму во моментот кога се промовира втора верзија на законот, со што се прави обид да се амортизираат евентуални нови критики, особено од меѓународните институции, чии ставови во написот се девалвираат.
Линк до оригиналниот напис: ОБСЕ и Советот на Европа различно ја советуваат Владата за исти законски членови Датум и време на објавување: 05.06.2013, 20:09 Датум на рецензирање: 05.07.2013 Рецензент: Ида Протугер Вељковиќ Вистинитост: За овој што ја читал првичната верзија на предлог-законот, текстот изобилува со полувистини и факти

Рецензија: Колку, што и зошто учат денешниве деца?

на 4. 07. 2013 | |
Сеопфатна, објективна, но и предолга анализа на речиси сите аспекти на образовниот систем.
Линк до оригиналниот напис: Колку, што и зошто учат денешниве деца? Датум и време на објавување: 22.06.2013, 14:16 Датум на рецензирање: 04.06.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Написот се темели врз податоци од официјални институции, изјави на луѓе вклучени во образованието и истражувања на невладини организации. Извори на информации: Авторот ги консултира сите засегнати страни – од учениците и професорите, до експертите и бизнисмените, притоа користејќи и податоци добиени во актуелни истражувања. Отсуството на став од Министерството за образование или некој друг официјален орган можеби е единствената слабост на овој текст во однос на користените извори. Содржајност: Користејќи голем број релевантни извори, авторот постигнува солидна сеопфатност на написот.

Рецензија: Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите!

на 4. 07. 2013 | |
Текстот третира актуелна тема (реакции на ЕВН и на Австриската амбасада по повод поевтинувањето на струјата), која речиси воопшто не е обработувана од другите медиуми, но во обработката на темата е пристапено еднострано, односно без да се слушне мислењето на официјалните органи кон кои се упатени реакциите. Линк до оригиналниот напис: Австриската амбасада во Скопје загрижена, ЕВН ќе ја обжали одлуката на регулаторите! Датум и време на објавување: 29/06/2013, 12:09 Датум на рецензирање: 01/07/2013 Рецензент: Ѕвездан Георгиевски Вистинитост: Текстот го објаснува ставот на ЕВН за штетата што поевтинувањето на струјата ќе го направи врз оваа компанија, но недостасува објаснување врз основа на кои параметри е донесена ваквата одлука. Извори на информации: Како извори се користат соопштенија на ЕВН и Австриската

Рецензија: За Советот на Европа поважни се правата на хомосексуалците, отколку правата на Христијаните

на 2. 07. 2013 | |
Пренесен Фејсбук статус со коментар на политичар, лажно претставен како факт. Линк до оригиналниот напис: За Советот на Европа поважни се правата на хомосексуалците, отколку правата на Христијаните Датум и време на објавување: 28.06.2013, 13:50 Датум на рецензирање: 30.06.2013 Рецензент: Соња Здравеска Вистинитост: Текстот се темели врз фејсбук статус, во кој што е изнесено мислењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеновски во врска со расправата во Советот на Европа за прашањата на хомосексуалноста. Извори на информации: Единствен извор користен во написот е пратеникот Спасеновски, односно неговиот фејсбук статус. Содржајност: Авторот носи сериозен заклучок потпирајќи се исклучиво врз коментарот на пратеникот. Информацијата која е содржана во статусот не е проверена и разработена, што значи дека написот селективно ја претставува ситуацијата.

Рецензија: Владата ја исфрли опасноста од цензура

на 2. 07. 2013 | |
Преку сугестивен наслов и легенда под фотографија, преку начинот на конструкција на извештајот (глава, редослед на изјави и крај на извештајот), на читателот му е сугериран цврст став дека Владата е конструктивна и дека во однос на политиката кон медиумите и новинарството таа нема никаква намера да воведува цензура, туку напротив, соработува со новинарите, медиумите и нивните здруженија, со крајна цел да воведе ред во професијата. Но, тоа е само едната страна на приказната. Втората е многу бледо нафрлена во текстот. Линк до оригиналниот напис: Владата ја исфрли опасноста од цензура Датум и време на објавување: 06.06.2013 Датум на рецензирање: 07.06.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Извештајот е мешаница на факти, но и на тврдења чија точност не може да се

Рецензија: Полицаец рекетирал шверцери на мигранти наместо да ги апси

на 1. 07. 2013 | |
Класичен пример на некритичко и целосно преземање на соопштение од полициски билтен. Текстот е обременет со бирократски и нејасен јазик, а според делото што е направено дадено му е премногу простор.

Рецензија: Соросоидите владеат во Центар – парадржавна власт среде Скопје

на 30. 06. 2013 | |
Станува збор за псевдо-анализа во која врз база на два скенирани документа целосно се дикредитира градоначалникот на Центар и функционалноста на новата општинска власт, но се оцрнуваат и невладини организации и здруженија на граѓани што имаат поинакви погледи за уредувањето на централното градско подрачје во однос на владеачката партија во државата ВМРО ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Соросоидите владеат во Центар – парадржавна власт среде Скопје Датум и време на објавување: 13.06.2013 Датум на рецензирање: 14.06.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Фактите се состојат од два документа – барање(иницијатива) упатено од невладина организација „Плоштад Слобода“ и административно писмо од претседателот на Советот испратено до секторите во Oпштината со кое ја препраќа иницијативата од „Плоштад Слобода“. Извори на информации: Во самиот текст