verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Светата честичка не е исчезната, кај архиепископот е!

on 17 - 07 - 2013       

Веста за пронаоѓањето на исчезнатите реликвии не кажува доволно за начинот на нивното исчезнување, а потоа и пронаоѓање, а уште помалку за степенот на важност на реликвиите, за кои од веста се добива впечаток дека се ексклузивни и битни во светски рамки, што воопшто не е точно.

Рецензија: Светата честичка не е исчезната, кај архиепископот е!Линк до оригиналниот напис: Светата честичка не е исчезната, кај архиепископот е!

Датум и време на објавување: 11.06.2013, 10:34

Датум на рецензирање: 12.06.2013

Рецензент: Ѕвездан Георгиевски

Вистинитост: Станува збор за исчезнувањето на честичката од Светиот Исусов крст и други реликвии, донесени од наш донатор, студент по Богословија од САД. Иако станува збор за вест во низа, сепак во текстот не е објаснет карактерот на реликвиите, односно фактот дека нивната веродостојност ја прогласува Црквата, а не науката, што значи дека светоста на реликвиите се базира врз верување, а не врз научни докази.

Исто така, не се објаснува кои се светците, чии реликвии исчезнале, па се наведува Свети Јован, што читателот го доведува во заблуда, бидејќи во конкретниот случај станува збор за Св. Јован Шангајски, црковен големодостојник од  ХХ-иот век, кој во првата половина на векот има служено и во Охрид.

Извори на информации: Користен е само еден извор, односно само донаторот на реликвиите, чии наводи се третирани како авторитетни и неподложни на проверка.

Содржајност: Веста е нецелосна затоа што не е побарана изјава од архиепископот или од неговиот кабинет која би ги потврдила наводите на донаторот, а освен што нема објаснување за значењето на реликвиите, нема прецизни детали на кој начин тие дошле во посед на донаторот.

Пристрасност: Недостасува образложение за значењето на исчезнатите реликвии, бидејќи вака како што е интонирана веста може да се сфати дека станува збор за некои навистина ретки и ексклузивни предмети, што, без да го намалуваме нивното значење, во глобални рамки воопшто не е точно.

Квалитет на насловот: Станува збор за типичен информативен наслов.

Фотографија: Текстот е илустриран со фотографија од исчезнатите реликвии, но не е наведено кога, каде и кој ја направил фотографијата, што секако би било интересно со оглед на нивното исчезнување.

Заклучок: Веста се однесува на актуелна тема, но, за жал, направена е со мали предзнаења за темата, а испуштена е и можноста да се проговори за конфузијата во МПЦ, која дозволила реликвиите првин да се прогласат за исчезнати, а потоа да се пронајдат кај архиепископот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

не прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно

нема

нема

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема

издвоени

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор и извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

не

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема

нема

не потикнува

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема

нема

уреден

не

Претплатете се за најнови вести