verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма

on 17 - 07 - 2013       

Вообичаено е пресовите кои ги држат или во кои учествуваат владини министри да бидат организирани во стилот „имаме што и да и соопштиме на јавноста“. Ретки се исклучоците кога новинарите поставуваат дополнителни прашања или го користат присуството на владините чиновници за да дознаат нешто повеќе од нив. ТВ Телма неодамна покажа дека на новинарите, или дел од нив, сѐ уште не им изветреала храброста во насока на поголема транспарентност на власта.

Рецензија: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма Линк до оригиналниот напис: Министерката за култура не сакаше да одговара на прашања на Телма

Датум и време на објавување: 11.07.2013

Датум на рецензирање: 14.07.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост:

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска одби да одговори на прашањето на Телма како ќе се реши проблемот со сѐ помасовното преименување на топонимите во западниот дел од државата.  Таа направи сѐ за да ја избегне оваа тема која е очигледно непријатна за неа, инсистирајќи,  како што рече, на важноста на денешната промоција на млади уметници за изработка на мебел.“

И пред камерите на ТВ Телма, како и од самиот текст, се виде дека министерката дури и со физичко оддалечување се обиде да ја промени темата од прашањето на новинарката, некогаш љубезно, некогаш поостро во интонацијата, ама и кај новинарката не недостасуваше упорност во барањето на одговор кој на крајот, сепак, го – немаше.

Извори на информации: Темата која ја покренува прилогот на Телма со топонимите е поставена вон контекст на една тематска прес конференција. Изворите се – така да се рече – ноторни факти и не мора да се наведат (промената на топонимите е јавна), но бидејќи по редовен и официјален пат не е добиен никаков одговор од надлежната Управа за културно наследство (под капата на министерката) излегува дека еден државен орган не сака да одговори на дилеми на јавноста по едно значајно прашање.

Содржајност: Прилогот на Телма не прикрива факти, туку за нив се обидува низ прилог од прес конференција на надлежен орган на фактите што ги поседува да им ја даде „алката која недостасува“, а тоа е односот кон над 3.600 топоними кои се заштитени во државата. Значи, Телма на една прес конференција ѝ додава нова димензија која покажува дека власта, како прво, не сака да одговара на прашања од своја надлежност ако тие не се совпаѓаат со однапред одредената еднодимензионалност на средбата со новинарите и како второ, не е подготвена за транспарентност во работењето.

Пристрасност: Политичките рефлекси на ситуацијата, која се создава со одбивањето на одговор на прашањето на телевизијата, се неспорни, но тие треба да се гледаат во насока на појаснување на вештачката отвореност на Министерството, кое паѓа на првиот испит кога се излегува од „сценариото“.

Квалитет на насловот: Насловот насочува на транзицијата на темата која настанува на прес конференцијата – од тоа да биде само рутинско претставување на „уште еден успех“ на власта, станува јасен доказ на нејзината нетранспаретност.

Фотографија: Фотографијата е веројатно стоп-кадар од ТВ извештајот. Ја прикажува министерката Канчевска во нејзиниот познат начин на настапување, овој пат нарушен со непријатноста на прашањата.

Уреден за веб: Местоположбите на видео клипот и фотографијата не се добро избрани. Овие два елементи изгледаат како да се „фрлени од око“, а не како да се внимавало на нивното поставување. Потоа, објавување на помала фотографија при поголем формат на видео клипот едно подруго не изгледа пријатно, а и создава „колена“ кај текстот. Ова  треба да се избегнува. Ако медиумот сака да има и фотографија и видеоклип, тогаш треба да им најде соодветно место така што ќе ги раздели еден од друг. Најсоодветен начин е фотографијата горе, а видео клипот долу, но можни се и поинакви варијанти. Веб дизајнерите тоа можат да го уредат да изгледа далеку подобро.

Потоа, пишувањето на насловот со сите големи букви, но со помал фонт, исто така, создава непријатен впечаток и не го прави тој да биде ударен. Кога сите букви се големи, тогаш, пак, не може да се претерува со преголем фонт, зашто целиот наслов ќе биде преголем. Затоа, освен кај таблоидите, по правило се практикува само првата буква да биде голема.

Заклучок: Токму прилогот на Телма го покажува одговорното лице на новинарот – тој е слуга на јавноста, а не на власта.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има

точни

веродосотојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна

не прикрива

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно

нема

нема

балансираност

политичка

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема

издвоени

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

не

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема

нема

не потикнува

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни

нема

неуреден

не

Претплатете се за најнови вести