Рецензии

Рецензија: Оџачарот му донесе среќа на Тодоров, но донесе и инвестиции, трансплантации, едукација…

на 6. 01. 2014 | |
Секоја информација понудена на јавноста во врска со некоја владина политика, а без поткрепа врз соодветни извори, во старт станува сомнителна од аспект на можната манипулација со јавното мислење. Таков е случајот и со текстот што го рецензираме, а ненаведувањето на изворите е само еден од недостатоците, гледано од аспект на исполнување на професионалните стандарди. Линк до оригиналниот напис: Оџачарот му донесе среќа на Тодоров, но донесе и инвестиции, трансплантации, едукација…  Датум и време на објавување: 31.12.2013 Датум на рецензирање: 03.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Вистинитоста на фактите изнесени во овој текст е главниот проблем. Причината е едноставна – нема наведено извор, освен на едно место, а за проверка на фактите се потребни повеќечасовни пребарувања. Извори на информации: Освен на

Рецензија: Мистериозно откритие за проектот Скопје 2014

на 4. 01. 2014 | |
Веќе неколкупати, различни колеги вклучени во овој проект како рецензенти, констатираа дека секојдневно се среќаваме со новинарски продукти кои не секогаш можат да се изедначат со стандардите на востановените новинарски жанрови или форми. И оваа рецензија е посветена на еден таков новинарски производ, објавен на еден од порталите на македонската дијаспора. Велиме производ зашто се работи за содржина составена од текст од неколку реченици, кои го наведуваат читателот да проследи

Рецензија: ФОТО: Премиерот Груевски денес со стандардното интензивно работно темпо

на 4. 01. 2014 | |
Пригодно, новогодишно „текстче“, објавено во предвечерието на пречекот на 2014-та година. Пример, кој слободно, без каква било заддршка, може да се смести во учебниците, за тоа како изгледа медиумско апологетство кон една власт во државата. Невидено „новинарско подлизуркување“ со кое се величи т.н. работливост на владата и секако, нејзиниот шеф. Овој напис, составен од само неколку реченици, успева да ги прекрши безмалку сите основни професионални стандарди и етички вредности кои треба да ги претставува еден вистински новинарски производ. Лакејство од гигантски пропорции!!! Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Премиерот Груевски денес со стандардното интензивно работно темпо Датум и време на објавување: 31.12.2013,  14:28 Датум на рецензирање:  02.01.2014 Рецензент:  Владимир Мирчески Вистинитост: Ние помисливме дека времињата на глорифицирање на државното раководство и

Рецензија: Прв натпревар по мајчин јазик и литература меѓу средните училишта во Скопје

на 4. 01. 2014 | |
Пред нас е текст  за натпреварот по мајчин јазик и литература меѓу средните училишта во Скопје, организиран во чест на авторот на првата македонска граматика, професорот Круме Кепески. Поточно, станува збор за извештај од свеченото доделување на наградите од овој натпревар, кој го организираше Градот Скопје, а кој телевизијата го презела од Националната информативна агенција, што е наведено на крајот од написот. Од извештајот не може да се дознае кои ученици се наградени, што претставува пропуст. Инаку, сите медиуми тој ден објавија речиси идентични извештаи и наслови за овој настан (само некои ги имаа посочено победниците). Во сите написи, вклучително и текстот што го рецензираме,  проблематичен е  зборот „прв“. Оваа бројна придавка (која некои медиуми ја избегнале во насловот, но,

Рецензија: Официјално најзагадениот град во светот има просек од 372 ПМ10, Скопје сега има 600!

на 4. 01. 2014 | |
Статистичките податоци оставаат простор за различно претставување на состојбите. Пред нас се наоѓа текст во кој годишниот просек на загаденост на воздухот се споредува со месечниот просек, што не е меродавно за да се донесат вистински и точни заклучоци, бидејќи не ни се познати резултатите од мерењата на ПМ10 честичките во останатите 11 месеци. Линк до оригиналниот напис: Официјално најзагадениот град во светот има просек од 372 ПМ10, Скопје сега има 600! Датум и време на објавување: 27.12.2013, 10:04 Датум на рецензирање: 31.12.2013 Рецензент: Мирослава Бурнс Вистинитост: Внимателните читатели ќе забележат дека во текстот просекот од 372 ПМ10 честички е годишен просек во градот Ахваз, а дека просекот за Скопје 600 ПМ10 честички е за месец декември, кој во моментот

Рецензија: ФОТО: Со возило од 80.000 евра Заев ја промовира среднта класа?

на 4. 01. 2014 | |
Ако според една од многу дефиниции „Веста е таков облик на новинарско изразување со кој во најкуси црти се одговара на прашањата кој, каде, кога, што, како и зошто и така јавноста се известува за еден или повеќе факти“, а коментарот е „Очекување на публиката за проширена информација добиена од истражување, но и став на авторот“ прашањето кое се поставува е зошто во последниот период толку многу се инсистира на мешање на овие два жанра во одредени домашни медиуми? Дали поради незнаење, или намерно со некаква цел? Кога ќе се земе во предвид дека во поголемиот број случаи во ваквите „новинарски микс-материјали“ се обработува опозицијата тогаш како одговор се наметнува втората варијанта. И покрај упорното повторување дека според Кодексот

Рецензија: Започна судскиот процес за убиството на Стоиле Максимов

на 4. 01. 2014 | |
Пример за телевизиски прилог кој е направен направен набрзина, без почитување на основните новинарски стандарди и без претставување на клучните податоци за настанот. Прилог направен на ваков начин ги остава  читателот и гледачотбез одговор на прашањето: која била целта на најавата за судењето, што е главна информација во материјалот, ако новинарот не се потрудил да ни обезбеди дополнителни важни информации, како што е верзијата за настанот што треба да ја каже обвинетиот, а која би била „втора“ страна во приказнава. Новинарот, дописник на медиумот од Штип, обезбедил и изјава од соговорник, судијата-портпарол на судот, која апсолутно е неупотреблива во целиот контекст. На гледачот, кој ги гледал вечерните телевизиски вести, воопшто не му е важна изјавата на судијата кој вели дека

Рецензија: Изгласан буџетот за 2014-та во Центар

на 3. 01. 2014 | |
Овде станува збор за кус материјал кој првично требалo да пласира основна информација за тоа дека „без многу врева“ меѓу власта и опозицијата, Советот на општина Центар го изгласал буџетот за наредната година. Но, во таа вест се протнале неколку „класични примери“ за политичко навивање во нешто што во основа требало да биде информативен производ, поради што конечниот изглед на понудентото повеќе наликува на политички, отколку на медиумски материјал наменет за широката публика. Линк до оригиналниот напис: Изгласан буџетот за 2014-та во Центар Датум и време на објавување:  26.12.2013 Датум на рецензирање:  29.12.2013 Рецензент: Владимир Мирчески Вистинитост: Генерално, овој извештај објавен на интернет телевизија, нема проблем со вистинитоста, бидејќи навистина бил усвоен општинскиот буџет на таа седница на Советот. Проблематично

Рецензија: Новоизбраните амбасадори во Ватикан и во Србија ги презентираа платформите

на 3. 01. 2014 | |
„Македонија има интерес да ги продолжи добрососедските односи и во таа насока дејствува во практиката. По прославата на 100 години од Кумановската битка, ќе се продолжи со активности за затоплување на односите и за разрешување на проблемите поврзани со одбележувањето на Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински, рече Јовановска Типко пред Комисијата“. Ова е вест од настапот на двајца новоименувани амбасадори на Македонија во Ватикан и Србија, но во неа не се допира дискусијата која се разви во Комисијата за надворешна политика на Собранието на РМ, пред сѐ, во однос на промоторката Вера Јовановска Типко, психијатар по професија, која просто е производ на крајно дискутабилна и неселекивна кадровска политика во дипломатијата, како што отворено посочија дел од присутните членови

Рецензија: Крај на цивилизацијата што ја знаеме

на 31. 12. 2013 | |
Анализата како новинарска форма дозволува новинарот да го изнесе своето гледиште за одредени политики и за општествените премрежија, но притоа бара висок степен на познавање на проблематиката и придржување до фактите. Ако се отстапи од овие принципи, тогаш се влегува во сфера на манипулации, невистини, ширење дефетизам и страв кај читателите. Рецензираме баш таква надворешно-политичка анализа, во која меѓу редовите се препознава спинот, амнестирање на актуелната домашна политичка елита од неуспехот во Брисел, како и сугестија на која страна треба да се „заврти компасот“. Поедноставно кажано, со сета сила се повлекува „рачната кочница“ на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и се сугерира друга опција: „Сјајната дипломатска игра на велемајсторската репрезентација на Русија, доведе до драматично сменета ситуација на штета