verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Започна судскиот процес за убиството на Стоиле Максимов

on 4 - 01 - 2014       

www_sitel_com_mk_mk_zapochna-sudskiot-proces-za-ubist-crop-resize

Пример за телевизиски прилог кој е направен направен набрзина, без почитување на основните новинарски стандарди и без претставување на клучните податоци за настанот. Прилог направен на ваков начин ги остава  читателот и гледачотбез одговор на прашањето: која била целта на најавата за судењето, што е главна информација во материјалот, ако новинарот не се потрудил да ни обезбеди дополнителни важни информации, како што е верзијата за настанот што треба да ја каже обвинетиот, а која би била „втора“ страна во приказнава. Новинарот, дописник на медиумот од Штип, обезбедил и изјава од соговорник, судијата-портпарол на судот, која апсолутно е неупотреблива во целиот контекст. На гледачот, кој ги гледал вечерните телевизиски вести, воопшто не му е важна изјавата на судијата кој вели дека ќе почне судењето на обвинетиот за убиство и можеби ќе заврши со пресуда во текот на денот?! На кој ден, на тој што длабоко завршил, а во прилогот нема ниту една реченица што се случило откако почнало судењето, што рекол обвинетиот, дали го признал или го негирал делото, имало ли сведоци, се утврдило ли кој бил мотивот: нетрпеливост, долг или било која друга причина?

Судењата се јавни, па на новинарите не им е ускратена можноста да бидат во судница и да пренесат што се случувало внатре и на тој начин ќе ја обезбедат страната на обвинетиот како втора страна, наспроти тврдењето на полицијата и обвинителството која ни се пренесува. Едноставно, во конкретниов случај, медиумот го снимил влегувањето на обвинетиот во судот, обезбедиле изјава од судијата која е „застарена“ кога се емитува прилогот, бидејќи ни најавува дека ќе почне судењето, а може и ќе заврши во текот на денот, но во прилогот нема ниту збор што се случило навистина?

На вака подготвен материјал во најмала рака требало да се обезбеди дополнителна информација, која во форма на вест би се емитувала по прилогот каде што ќе биде содржана информацијата дали завршило судењето, дали имало пресуда или ќе продолжи друг ден. Фактот дека дописниците пишуваат на разни теми и покриваат повеќе настани на ден не е оправдување да ги нема важните податоци од судењето во овој прилог кој е направен уште пред да почне „настанот“, во случајов судењето. Новинарот се обидел да го прикрие идентитетот на обвинетиот, кажувајќи ги иницијалите, а не цело име и презиме, но која е смислата на овој потег, ако обвинетиот е снимен со камера во лик и без никакво затемнување е прикажан на телевизија?

www_sitel_com_mk_mk_zapochna-sudskiot-proces-za-ubistЛинк до оригиналниот напис: Започна судскиот процес за убиството на Стоиле Максимов

Датум и време на објавување:  26. 12. 2013 година

Датум на рецензирање: 30. 12. 2013 година

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Настанот е вистинит, се темели на факти, но отсуството на втората страна и необезбедување на сеопфатна информација го прави површен и неподатлив.

Извори на информации: Информациите се официјални, суд и обвинителство, но не се адекватно употребени.

Содржајност: Во прилогот се содржани минимум информации, во најголем дел веќе познати, кои се однесуваат за убиството, но ги нема сегашните, актуелни кои биле изнесени на судењето.

Пристрасност: Пристрасноста е содржана во самиот факт што е пренесена само страната, верзијата на обвинителството (државата), но не и за поединецот. Вака прикажаните факти веќе сугерираат вина, што е спротивно на Кодексот на новинарите и правилата за известување од судските постапки, каде што новинарот не смее да сугерира вина или да прејудицира пресуда.

Оригиналност/Плагијат: Оригинално дело.

Квалитет на насловот: Класичен, информативен наслов, без проблематични елементи.

Фотографија: Адекватна на содржината, но неприлагорена според текстот. Во текстот е направен обид да се прикрие идентитетот на обвинетиот за убиството со соопштување на неговите иницијали, а на снимката неговиот идентитет незамаглен ѝ се прикажува на јавноста на телевизија.

Заклучок: Новинарите не треба да имаат страв од судниците, а судењата да ги сфаќаат како здодевни настани кои долго траат. Да биле во судница, новинарите ќе ја имале и верзијата на втората страна, која може да биде многу поразлична од онаа содржана во обвинението и на тој начин ќе ја слушнат одлуката на судот, која не секогаш мора да биде осудителна!  Вака направените прилози, колку да се „одбележи“ судењето, ниту го информираат читатителот или гледачот, ниту ја пренесуваат вистината, што е основа во новинарството.

Правото е сувопарна материја, често тешко разбирливо за поширок круг на граѓани, но ако имаме предвид дека во Македонија годишно има околу 1,5 милиони предмети во судови, тоа значи дека судството е област од која се засегнати голем број луѓе и затоа недозволиво е да се известува со леснотија и преку импровизации, каков што е посочениов случај.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести