verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Премиерот Груевски денес со стандардното интензивно работно темпо

on 4 - 01 - 2014       

2-00000009876-987543-crop-resize

Пригодно, новогодишно „текстче“, објавено во предвечерието на пречекот на 2014-та година. Пример, кој слободно, без каква било заддршка, може да се смести во учебниците, за тоа како изгледа медиумско апологетство кон една власт во државата. Невидено „новинарско подлизуркување“ со кое се величи т.н. работливост на владата и секако, нејзиниот шеф. Овој напис, составен од само неколку реченици, успева да ги прекрши безмалку сите основни професионални стандарди и етички вредности кои треба да ги претставува еден вистински новинарски производ. Лакејство од гигантски пропорции!!!

2Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Премиерот Груевски денес со стандардното интензивно работно темпо

Датум и време на објавување: 31.12.2013,  14:28

Датум на рецензирање:  02.01.2014

Рецензент:  Владимир Мирчески

Вистинитост: Ние помисливме дека времињата на глорифицирање на државното раководство и повременото јавно потсетување на тоа колку „другарите од врвот работат за доброто на народот“ минале, кога, еве, пак се враќаат. Овој текст наликува како да е напишан во 1970-тите, а не на крајот на 2013-тата година. Ама тогаш било едноумие, а сега нели сме демократија. Ако е така, тогаш која е поентата на овој сервилен производ? – Да ни каже дека додека ние славиме, „лидерот“ напорно работи? Дека тој, наспроти новогодишната еуфорија, себеси макотрпно се „троши“ за нашето подобро утре? Дека станува збор за натчовек? Навистина, што е многу, многу е! Ако цела година, одредени центри, или центар нѐ задушуваат со информации за активности за добробитта на граѓаните, тогаш може барем за Нова година да нѐ олабават. Добро, премиерот и дел од министрите се фотографирани на состанок на кој, како што се вели,:

„И на последниот ден од година кога вечерва се дочекува новата година, во попладневните часови премиерот Груевски во Владата имаше работен состанок со неколку министерства на кој се разгледуваат реализациите на тековни и идни проекти“.

И? Дали тоа, според критериумите, е вест? Не, тоа е политички маркетинг и местото не му е насловната страница.

Извори на информации: Текстот се темели на две фотографии кои треба пластично да ја прикажат работливоста на владата на 31.12. Има и анонимни извори кои ја „дообјаснуваат“ сериозноста на состанокот:

„Според нашите извори, се разговарало за проекти со конкретна корист од повеќе сектори за бизнис заедницата, младите, пензионерите, инфраструктурата, земјоделците“.

Содржајност: Ја нема. Граѓаните ги плаќаат тие луѓе да работат, независно од датумот, исто како и полицијата, пожарникаските служби, армијата. Значи нема новост која, од новинарска гледна точка, би го оправдала објавувањето на овој напис. ПР – аспектот не е аргумент.   

Пристрасност: Од каде да се почне?

„Се очекува состанокот да трае до вечерните часови“.

„Од Владата очекуваме добри вести во Новата година и проекти од интерес за граѓаните“.

Мислам дека ова е доволен доказ за пристрасноста.

Оригиналност/Плагијат: Оригинален политички памфлет наменски пласиран преку одреден медиум.

Квалитет на насловот: Насловот всушност ја навестува сервилноста на содржината на текстот, бидејќи сака да информира за „стандардното, интензивно, работно темпо“ на само неколку часа пред Новата година. И за насловот, исто како и за целиот напис, важи дека е недозволиво пристрасен и политички обоен и ја наведува публиката.

Фотографија: Употребени се две фотографии за да се долови „работната атмосфера“ во владата. Без нив, тектстот не би можел да ја исполни задачата која однекаде му била зададена. Очигледно, не може некој фоторепортер туку-така да влезе и случајно да ги „кадроса“ премиерот и министрите. Не, некој тоа го смислил, го организирал и ги повикал екипите. Сепак, фотографиите се најдобриот дел од целиот „пакет“.

Заклучок: Ваквиот тип текстови треба да се музејски експонати за времето кога работите главно се правеле „диригирано“. Нив, преку стакло, треба да ги гледаат генерациите идни новинари за да направат разлика како било и како треба да биде, а не сега 14 години од влезот во новиот милениум, да ги читаат како „легитимни“ информативни производи. Затоа, аман веќе од вакви ретро(градни) текстови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

аноними

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести