verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Популистичка објава во која нагласено се воздигнува Владата

на 17. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Владата со брзата рекција успеа во рекорден рок да им помогне на луѓето од тетовско]

  Ова е уште еден од серијата прилози во кои нагласено се воздигнува Владата. Оваа популистичка објава е обоена со фалбаџиски тон, почнувајќи од самиот наслов, па сѐ до последниот ред. Линк до оригиналниот напис: Владата со брзата рекција успеа во рекорден рок да им помогне на луѓето од тетовско Датум и време на објавување: 14.08.2015, 17:33:46 Датум на рецензирање: 15.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

РЕПРИЗИ И ПРОПАГАНДА

Материјалот што го рецензираме се однесува на посетата на  премиерот и на дел од членовите на неговиот кабинет на поплавените села во Тетовско (13 август 2015 година), за која медиумот истиот ден информираше во два прилози.

Набиени фалби за набиената агенда на премиерот Груевски

на 14. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Набиена агенда на премиерот Груевски – ветените проекти се остваруваат]

  Станува збор за исклучително пристрасен прилог, правен без никаква новинарска диоптрија. Целиот материјал има агитроповска интонација и наликува на политичко-пропагандна содржина, во која се величи премиерот и лидер на владејачката партија. Линк до оригиналниот напис: Набиена агенда на премиерот Груевски – ветените проекти се остваруваат Датум и време на објавување: 10.08.2015, 14:39 Датум на рецензирање: 11.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

САМО КОМПЛИМЕНТИ ЗА ПРЕМИЕРОТ

Изборот на насловната конструкција, која е од два дела, во кои отворено се фали премиерот, навестува каква славопојка им се нуди на гледачите. Написот е објавен еден ден по работниот викенд на премиерот, за кој медиумот опширно известуваше во повеќе прилози. Во овој

Наталитетот, „виртуелните“ експерти и неиздржаното воспевање на владиниот проект

на 7. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Стимулациите за многудетно семејство се покажаа делотворни, демографијата останува во врвот на владините предизвици]

  Идејата на овој текст е да ја пофали Владата дека води посебна грижа за наталитетот, нагласувајќи го истовремено „позитивниот ефект“ од владините реклами за многудетни семејства. Ваква порака испраќа уште со насловот, кој е прилично долг и обоен со фалбаџиски тон: „Стимулациите за многудетно семејство се покажаа делотворни, демографијата останува во врвот на владините предизвици“. Впрочем, во таков дух е пишуван целиот напис, вклучувајќи ги и трите рамки кои дополнително го засилуваат впечатокот дека на читателите им е понуден еден необјективен материјал, во кој се величи споменатиот проект на владејачката пратија. Линк до оригиналниот напис: Стимулациите за многудетно семејство се покажаа делотворни,

„Преџвакани“ претходно објавени технички информации не претставуваат вест

на 5. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Нова прекрасна фонтана со 128 светилки во Скопје]

  Веста што е пред нас прозвучува како да соопштува некаква новост за која јавноста досега никогаш не слушнала. Всушност, станува збор за  површинската фонтана-прскалка на плоштадот Македонија во Скопје,  за која досега повеќе пати се пишувало, а за Илинден беше свеченото отворање. Според тоа, во овој материјал не се кажува ништо ново, туку само се повторени познатите податоци, со тоа што неименуваниот автор „заборавил“ да спомене дека за фонтаната се потрошени 2,5 милиони евра! Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Нова прекрасна фонтана со 128 светилки во Скопје Датум и време на објавување: 03.08.2015, 12.34 Датум на рецензирање: 04.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

„ПРЕЏВАКАНА“ ВЕСТ

Оваа фото-вест нема проблем со

Школски пример за тенденциозен наслов

на 4. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Ваква слика СДСМ нема 20 години! Нова инвестиција-во Охрид…]

  Главниот проблем со овој текст, кој бележи уште едно инвестициско остварување на Владата, е насловот.  Првиот дел од насловната конструкција: „Ваква слика СДСМ нема 20 години!“,  е тенденциозен и нема врска со написот. Изгледа како да е „налепен“ на текстот со намера по секоја цена да ја нападне опозицијата.  Линк до оригиналниот напис: Ваква слика СДСМ нема 20 години! Нова инвестиција-во Охрид… Датум и време на објавување: 30.07.2015 Датум на рецензирање: 01.08.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

„МАТЕМАТИЧКА ГРЕШКА“

Направен е таков избор на наслов кој во исто време ја фали власта, која носи нови инвестиции во државата, и ја критикува најголемата опозициска партија, иако, таа вооопшто не се

Фејсбук-ќорци наместо вистински извори

на 29. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Ина Многуфина распали по Жерновски]

  Оваа куса вест набедува и оцрнува без аргументи. На столбот на срамот го става градоначалникот на Центар, повикувајќи се само на коментар и на фотографија објавени на социјалните мрежи. Тие се „крунскиот доказ“ дека Андреј Жерновски не си ја врши работата, па затоа контејнерите на улицата Орце Николов се преполни со смет! Но, дали е така или критиките за преполните контејнери низ скопските улици треба да се упатат на друга адреса – градските власти? Линк до оригиналниот напис: Ина Многуфина распали по Жерновски Датум и време на објавување: 27.07.2015, 16:58 Датум на рецензирање: 28.07.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ОБЈАВА НА „ФЕЈСБУК“ – НЕПРИКОСНОВЕН ФАКТ!

Станува збор за материјал од само три реченици,

Ништо не е јасно, ама барем Иванов е испофален

на 27. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Претседателот Ѓорге Иванов одбива наметнати решенија од Одбрана]

  Овој материјал не им ги дава на читателите сите детали, му фали „штоф“! Насловот навестува интересна вест: Претседателот Ѓорге Иванов одбива наметнати решенија од Одбрана“ . Но, наспроти првиот впечаток, внатре веста е речиси празна и прилично нејасна. Од скудната информација не може да се разбере кои се наметнатите решенија, кога се наметнати и од кој министер за одбрана се предложени –  Зоран Јолевски, Фатмир Бесими, Талат Џафери… Линк до оригиналниот напис: Претседателот Ѓорге Иванов одбива наметнати решенија од Одбрана Датум и време на објавување: 23.07.2015, 16:23:20 Датум на рецензирање: 24.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

А КОИ СЕ ВОЕНИТЕ АТАШЕА?

Текстот е непрецизен во однос на изворите на

„Ние работиме, ние испорачуваме, ние…“

на 22. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Оптимизмот на Груевски за победа на изборите има сериозна подлога]

  Пред нас имаме прилог кој претерал со фалењето на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прави толку нагласено што изгледа „додворувачки“ и предизвикува чувство на непријатност. Впечаток е дека и аналитичарот е избран за да ја воздигнува владејачката партија и да му предвиди нова изборна победа на Груевски! Линк до оригиналниот напис: Оптимизмот на Груевски за победа на изборите има сериозна подлога Датум и време на објавување: 20.07.2015, 17:31:57 Датум на рецензирање: 21.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска Наклонетоста кон премиерот се препознава во секоја реченица од прилогот, а таква интонација има и претенциозниот наслов. Написот уште отсега прогнозира дека Груевски ќе ги добие и парламентарните избори кои

Министер истепа граѓанин! И точка! Крај на приказната!

на 18. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: ВИДЕО: Заговорот на платеникот на СДСМ Политико и Билјана Секуловска против Пешевски]

  Текстот  што е пред нас е со целосно изместен фокус. Ја извитоперува вистината и притоа тепачот го претставува како жртва, а тепаниот како насилник! Во оваа медиумска содржина се невидливи тупаниците, шлаканиците и клоците на вицепремиерот за економски прашања. Па, наместо насилството на потпретседателот на македонската влада, на читателите им се прикажува, наводното, заговорничко сценарио против високиот државен функционер! Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Заговорот на платеникот на СДСМ Политико и Билјана Секуловска против Пешевски Датум и време на објавување: 16.07.2015, 09:33 Датум на рецензирање: 17.07.2015 Рецензент: Оливера Војновска   ШЛАКАНИЦИТЕ И КЛОЦИТЕ НА ПЕШЕВСКИ Во овој тенденциозен напис се забележува навредлив тон кон опозицијата,

Замаглување на вистината

на 17. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнаа договор]

  Насловот на овој материјал е погрешен. Тој испраќа неточна информација дека „членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнaле договор“. Всушност, вистината е дека пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  во ова собраниско тело си се договорија да направат „контролна посета“ на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), откако претставниците од  ДУИ и независната пратеничка Роза Топузова-Каревска ја напуштија работата на Комисијата. Тоа, практично, значи дека владејачката партија самата ќе направи надзор и ќе побара извештај за работата на тајната полиција, чиј директор го именува Владата! Линк до оригиналниот напис: Членовите на Комисијата за надзор на агенцијата за разузнавање постигнаа договор Датум и време

Претплатете се за најнови вести