verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Ние работиме, ние испорачуваме, ние…“

on 22 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

www.alfa_mk_Newsaspx_id96794Va0oDvmqqkp-crop-resize

 

[Рецензија: Оптимизмот на Груевски за победа на изборите има сериозна подлога]

 

Пред нас имаме прилог кој претерал со фалењето на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го прави толку нагласено што изгледа „додворувачки“ и предизвикува чувство на непријатност. Впечаток е дека и аналитичарот е избран за да ја воздигнува владејачката партија и да му предвиди нова изборна победа на Груевски!

www.alfa.mk_News.aspx_id=96794#.Va0oDvmqqkpЛинк до оригиналниот напис: Оптимизмот на Груевски за победа на изборите има сериозна подлога

Датум и време на објавување: 20.07.2015, 17:31:57

Датум на рецензирање: 21.07.2015

Рецензент: Оливера Војновска

Наклонетоста кон премиерот се препознава во секоја реченица од прилогот, а таква интонација има и претенциозниот наслов. Написот уште отсега прогнозира дека Груевски ќе ги добие и парламентарните избори кои треба да се одржат  во април наредната година (2016).

Ваквата прогноза ја темели на фрагмент од интервјуто на премиерот дадено за друг медиум и на ставот на директорот на Универзитетот „Евро-Балкан“, Александар Даштевски.

Нивните изјави се точно пренесени. Само, за каква објективност на процената и на прилогот во целина може да се говори, ако материјалот  се потпира на мислењето на Даштевски – кој во своите јавни настапи ја брани власта, а ја критикува опозицијата и на изјавата на премиерот во која тој вели:

„Оптимизмот го темелам на довербата во народот дека знае да направи вистински избор. Ние работиме многу. Ние испорачуваме тоа што сме го ветиле. Ние држиме до дадениот збор. Ние имаме програма, којашто ја реализираме…“

 

ЕКСПЕРТОТ И ПОБЕДАТА НА ПРЕМИЕРОТ!

Исто така, во овој исклучиво пристрасен прилог, ставот на Даштевски се генерализира и се претставува како доминантна перцепција на експертската јавност. Па, притоа се констатира:

„Политичките аналитичари сметаат дека оптимизмот на Груевски за победа и на претстојните парламентарни избори има сериозна подлога. Подобрата стартна позиција ја гледаат во спроведените проекти и новите инвестиции и работни места…“

Наспроти професионалниот пристап кој подразбира да се побара барем уште едно мислење.

Но, материјалот што го рецензираме е многу оддалечен од стандардите во новинарската професија, кои налагаат во темата што се обработува да бидат опфатени сите страни. Во конкретниот случај е видливо дека воопшто се немало таква намера. Идејата, напротив, била да се држи само линијата на власта и, поконкретно, на премиерот!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести