verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Експерти: Стравот на Заев од избори ги урна преговорите

на 15. 06. 2015 | | sq
Овој текст просто натежнува од пристрасност и од тенденциозност. Тој остава впечаток како да е правен со однапред зацртана цел да го обвини лидерот на опозицијата дека ги „минирал“ разговорите во Брисел (10 јуни 2015 година), бидејќи, наводно, се плашел од  изборно соочување. Веројатно и изборот на двајцата аналитичари е направен за да ја потврдат ваквата теза, при што нивното мислење се предимензионира како да е во прашање став на

Што му се импутира, а што навистина рекол Борут Пахор

на 11. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Иванов доби подршка од Хрватска и Словенија за старт на преговори со ЕУ]

  Прилогот што е пред нас пристрасно известува за Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“, кој  деновиве (7 – 8 јуни 2015 година) се одржа во Будва, Црна Гора. Од една страна, се нагласува учеството на македонскиот поретседател и се предимензионира неговата иницијатива „прашањето за името да биде последното поглавје од преговорите

Јавниот интерес „јавнат“ од власта

на 9. 06. 2015 | |
Фото: Центар за развој на медиумите    

Новинарите работат во атмосфера на цензура и на притисоци, при што загрижувачки размери добиваат пропагандистичкото новинарство и корупцијата на медиумите. Ваква е состојбата во медиумската сфера во регионот, а како што констатираа говорниците на Конференцијата, во Македонија таа, за жал, е најлоша.

  Пишува: Оливера Војновска   Познатиот цитат на третиот американски претседател и автор на Декларацијата за независност на САД, Томас

Искривување на информации преку премолчување

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: На екстерното имало и непознати прашања велат учениците, тестирањето се спроведува втор ден]

  Станува збор за прилог кој површно ја информира јавноста како тече екстерното тестирање. Во него не се кажува дека во тестовите имало содржински грешки, нелогични, чудни  прашања и неточни одговори, туку само бегло се спомнува дека некои прашања биле непознати и дека се јавиле мали проблеми од техничка природа. Линк до оригиналниот напис:

ТВ-прилог со свесно игнориран настап на ЕУ-дипломат

на 5. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Заврши проектот за подобрување на капацитетите на регулаторите на медиумите и електронските комуникации]

  Прилогот информира за завршната конференција на Проектот за зајакнување на административните капацитети на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата за електронски комуникации (1 јуни 2015 година) и во него провејува фалбаџиски тон. Гледајќи го извештајот, се добива впечаток дека на овој настан биле искажани само пофални зборови за двете регулаторни

Каде е веста во овој текст? Каде се изгуби?

на 1. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува]

  Материјалот што го рецензираме се однесува на 34. политичка „бомба“ што ја презентираше претседателот на СДСМ на 27 мај, но е премногу скуден. Иако со насловот информира: „Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува“, сепак, од самиот извештај гледачите не можат да разберат што објавил опозицискиот лидер. Прилогот изгледа како да е правен во стилот: сакате да знаете, ама не ви кажувам! Линк до оригиналниот напис: Заев објави нови прислушувани телефонски разговори кои ги поседува Датум и време на објавување: 27.05.2015, 16:55 Датум на рецензирање: 29.05.2015 Рецензент: Оливера Војновска   ПРАЗЕН ПРИЛОГ Написот се повикува на официјален настан – прес-конференцијата на шефот на опозицијата (27 

Целосен пораз на фактите во овој текст

на 30. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Целосен пораз на СДСМ на сите полиња]

  Овој текст е пишуван за по секоја цена да се нападне најголемата опозициска партија, што се гледа со самиот избор на насловот. И ваквата тенденција се препознава во секоја реченица од ова целосно необјективно, критизерско четиво. Материјалот е лошо новинарски спакуван и изгледа конфузно. Тој тргнува од митингот (контрамитингот) на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието и прави споредба со антивладиниот протест  на опозицијата и на граѓанскиот сектор пред Владата, па се префрла на вооружените инциденти во Куманово од 9 мај (2015). Написот најпрво користи виртуелни аналитичари, па се повикува на изјави од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а завршува со

Телевизиски прилог ли е, судска пресуда ли е?

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Почнува судењето за насилниците од СДСМ кои ја тепаа полицијата]

  Рецензираме прилог со кој се најавува почетокот на судскиот процес против девет лица, кои беа приведени во протестите што се одржаа пред Владата на 5 мај, но тоа се прави на непрофесионален начин. Иако судењето допрва треба да почне, овој необјективен материјал си дава за право да „суди“ дека токму тие се личностите што „ја тепаа полицијата“. Притоа, ги квалификува како „насилници“ и, макар што нема докази дека се членови на најголемата опозициска партија, ги етикетира дека се од СДСМ. Тенденциозноста е особено видлива во некоректниот наслов, во кој непотврдени обвинувања се пласираат како стопроцентна вистина. Линк до оригиналниот напис: Почнува судењето за насилниците од СДСМ кои

Една слика, 20.000 калкулации!

на 21. 05. 2015 | |
Фото: FOSIM, 17 мај 2015  

Веста на француската новинска агенција за антивладиниот протест пред барокната зграда на Илинденска, кој се одржа во неделата (17 мај 2015 година), предизвика големо внимание во македонската јавност, речиси колку и самиот настан. Написот наиде на различни коментари во медиумите и на социјалните мрежи, најмногу поради (не)реалната процена за големината на собирот.

  Пишува: Оливера Војновска   Основната задача на новинарите е да ја

Оставка? Која оставка?

на 18. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ексклузивно: Груевски поднесува оставка денес?!]

  Пред нас е шпекулативен материјал кој ја дезинформира јавноста дека премиерот,  наводно, „поднесува оставка“!  И додека, прашалникот и извичникот на крајот од  насловот оставаат кај публиката одредена резерва дека „екслузивно“ најавената оставка навистина и ќе се случи, во самата вест тоа се претставува како сигурна работа. Иако е во прашање паушална информација, која набргу (на заседанието во Собранието кое се случи три часа по пласирањето на веста)  се покажа како неточна. Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Груевски поднесува оставка денес?! Датум и време на објавување: 13.05.2015, 10:03 Датум на рецензирање: 16.05.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Оваа куса вест од само четири реченици не посочува прецизни извори. Во неа нема елементарен обид 

Претплатете се за најнови вести