verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: СДСМ против руски и кинески инвестиции во Македонија

на 28. 10. 2013 | | sq
Текстот со наслов „СДСМ  против руски и кинески инвестиции во Македонија“, преку класичен спин сака да ги убеди читателите  во главната поента од насловот. Наместо  избалансиран извештај за собраниската дебата посветена на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатските делници Миладиновци-Штип  (Скопје-Свети Николе – Штип) и Кичево Охрид,  објавен е еден тенденциозен напис кој се потпира на  конструкции . „И покрај најавите дека најголемата градежна компанија во Кина може да ги гради овие автопатишта, СДСМ повторно како во случајот со Газпром се обиде да фрли дамка врз оваа крупна инфраструктурна инвестиција“. Линк до оригиналниот напис: СДСМ против руски и кинески инвестиции во Македонија
Датум и време на објавување: 25.10.2013 – 13:04 Датум на рецензирање: 

Рецензија: Руско-американски конфликт среде Скопје

на 25. 10. 2013 | | sq
Текстот со исклучително впечатлив наслов „Руско-американски конфликт среде Скопје“ информира  за изградбата на куќа од три ката и со површина од над 300 квадратни метри,  веднаш спроти  Американската амбасада во Скопје. И притоа користи неофицијални извори, што на одреден начин  е разбирливо,  посебно кога се во прашање вакви чувствителни теми.  „ Изградбата на објектот, според сознанијата на „Република“, бил дел од остра комуникација меѓу претставници на Амбасадата на САД и седиштето на ДУИ во Мала Речица. Од кабинетот на лидерот Ахмети се барало објаснување зошто во општина каде владее неговата партија е подигнат објект, што се смета за можна причина за загрозување на американските безбедносни интереси во Македонија…“ Линк до оригиналниот напис: Руско-американски конфликт среде Скопје
Датум и време на

Рецензија: Горан Пандев уапсен на аеродромот во Рим по потерница од ФФМ

на 18. 10. 2013 | | sq
Класичен пример за манипулација каде е преземена една сатирична информација од сајт со таков профил и содржина и потоа таа е спакувана како вест! „Веста“ со сензационалистички  наслов го доведува во заблуда читателот дека  на римскиот аеродром навистина се случил таков „настан“. На социјалните мрежи има коментари  во кои се протестира поради „апсењето“ на капитенот на македонската фудбалска репрезенатција. Во написот нема ниту една ограда. Никаде не е наведено дека се работи за преземена вест од  портал за сатира и измислени вести, туку дури на крајот од страницата, долу кај таговите, како извор е посочен овој сајт. Линк до оригиналниот напис: Горан Пандев уапсен на аеродромот во Рим по потерница од ФФМ
Датум и време на објавување: 17.10.2013 – 11:23

Претплатете се за најнови вести