verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Преџвакани“ претходно објавени технички информации не претставуваат вест

on 5 - 08 - 2015       

ФОТО_-Нова-прекрасна-фонтана-со-128-све_-http___www.press24.mk_foto-nova-prek-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Нова прекрасна фонтана со 128 светилки во Скопје]

 

Веста што е пред нас прозвучува како да соопштува некаква новост за која јавноста досега никогаш не слушнала. Всушност, станува збор за  површинската фонтана-прскалка на плоштадот Македонија во Скопје,  за која досега повеќе пати се пишувало, а за Илинден беше свеченото отворање. Според тоа, во овој материјал не се кажува ништо ново, туку само се повторени познатите податоци, со тоа што неименуваниот автор „заборавил“ да спомене дека за фонтаната се потрошени 2,5 милиони евра!

ФОТО_ Нова прекрасна фонтана со 128 све_ - http___www.press24.mk_foto-nova-prekЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Нова прекрасна фонтана со 128 светилки во Скопје

Датум и време на објавување: 03.08.2015, 12.34

Датум на рецензирање: 04.08.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

„ПРЕЏВАКАНА“ ВЕСТ

Оваа фото-вест нема проблем со вистинитоста, туку со начинот на кој е напишана. Сите технички карактеристики што се споменуваат, се објавени во јавноста уште пред една година (4 јуни 2014 година), кога почна изградбата на фонтаната. Тоа тогаш го објави и овој портал, во чија опширна информација, меѓу другото, пишува:

„…Фонтаната ќе биде со правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито ќе биде изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

На плочите од фонтаната ќе бидат поставени ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ќе ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки. 

Овој проект ќе чини околу 150 милиони денари, од кои Градот Скопје ќе обезбеди една третина од средствата, а Владата на Република Македонија – две третини од средствата.“

Сега, пак, само се „преџвакува“ истата информација во скратена верзија, но, притоа се премолчува цената (150 милиони денари).

Површинската фонтана „џампинг џет“, инаку, беше пуштена во пробна употреба пред два месеци (15 јуни 2015 година) и работеше само еден ден. По информациите во некои медиуми дека фонтаната е оштетена, од администрацијата на Град Скопје соопштија дека било направено само целодневно тестирање на таканаречената сува фонтана со појаснување дека:

„…фонтаната и плоштадот се уште се во фаза на изградба  и тестирање и за официјалното пуштање во употреба јавноста благовремено ќе биде информирана.“

Веста што ја рецензираме требаше да содржи и една најобична техничка информација за овој настан – дека фонтаната е официјално пуштена во употреба по повод празникот 2 Август. А, не како што стои уште во првиот збор од написот: „деновиве“, веројатно, како камуфлажа за доцнењето со информацијата од еден ден.

За волја на вистината, за ова медиумите информираа главно на истиот начин, по сè изгледа, преземајќи ја веста без никаква доработка од официјалниот портал на Град Скопје.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести