verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Рецензија: Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден

на 15. 01. 2015 | | sq
  Насловот: „Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден“, прозвучува како да се случило своевидно спектакуларно апсење на некаква разбојничко–криминална група и тоа баш на Денот на полицијата! Но, од ваквата драматика најавена во насловната конструкција, нема ниту „д“ во редовите што се исшпишани подолу во написот, поточно препишани од полицискиот билтен. Ниту, пак, станува збор за Денот на македонската полиција, бидејќи тој е на седми мај, а не на 14 јануари. Линк до оригиналниот напис: Ова се разбојниците, тепачите и ајдуците на полицискиот ден Датум и време на објавување: 14.01.2015, 13:02 Датум на рецензирање: 15.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕПИШАН ПОЛИЦИСКИ ИЗВЕШТАЈ

Податоците наведени во материјалот се вистинити. Информацијата е проблематична поради начинот на кој е пласирана.

Рецензија: Собранието ги усвои пакетот закони за образование

на 14. 01. 2015 | |
  Материјалот што го рецензираме ја дезинформира јавноста дека неколкуте нови закони и законски измени од областа на образованието добија зелено светло од парламентот. А тие, фактички, во саботата (10 јануари 2015 година), во раните утрински часови, поминаа на  собраниската Комисија за образование, наука и спорт и допрва ќе одат на пленарна седница, најавена за 14 јануари 2015 година. Линк до оригиналниот напис: Собранието ги усвои пакетот закони за образование Датум и време на објавување: 10.01.2015, 17:25 Датум на рецензирање: 12.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

Погрешната информација се испраќа преку целосно промашениот наслов: „Собранието ги усвои пакетот закони за образование“, а сосема истата формулација е употребена и во поднасловот и во првата реченица од прилогот. Тоа укажува на

Рецензија: Политика 2015: експертите очекуваат помирна година

на 12. 01. 2015 | |
  Прилогот што е пред нас на гледачите им подметнува една необјективна прогноза за политичките случувања во годината што почна (2015). Материјалот како да е наменски скроен за да се фали власта: дека е посветена на подобрување на благосостојбата на граѓаните, на намалувањето на невработеноста, дека носи странски инвеститори, а, исто така, таа е заслужна и за релаксираната политичка клима во државата! Дури, впечаток е дека е направен таков избор на експертите за да ја потврдат саканата поента.  И притоа, нивното мислење се издигнува на ниво на целата експертска јавност, што е навистина претенциозно. Линк до оригиналниот напис: Политика 2015: експертите очекуваат помирна година Датум и време на објавување: 08.01.2015, 18:23 Датум на рецензирање: 09.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

АХ,

Рецензија: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“

на 8. 01. 2015 | |
  Станува збор за пристрасен прилог во кој се воздигнува директорката на Клиниката за детски болести, која на 3 јануари попладнето била дежурна на линијата „Ало докторе“.  Нејзиниот ангажман за време на четиричасовното дежурство во повикувачкиот центар, во кој се делат медицински совети, толку многу се предимензионира, што изгледа некако невкусно. Линк до оригиналниот напис: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“ Датум и време на објавување: 04.01.2015, 17:00 Датум на рецензирање: 04.01.2015 Рецензент: Оливера Војновска   САМО ФАЛБИ ЗА ДИРЕКТОРКАТА! Пристрасноста е видлива уште во изборот на насловната конструкција , која е во два дела и има драматичен призвук: Софијанова на дежурство: Се вжешти линијата на „Ало докторе“ Истата порака се соопштува и на самиот почеток од прилогот,

Рецензија: (ФОТО) Барокот на владината зграда се покажа во целост

на 2. 01. 2015 | |
  Написот што е предмет на оваа рецензија преку четири фотографии им го претставува на читателите новиот барокен лик на седиштето на Владата – зградата на некогашната „Це- Ка“. Но, при пласирањето на оваа куса фотосторија се направени одредени пропусти, кои одат во прилог на владиниот спин дека граѓаните одбрале неокласичен изглед за „коцките“ на Илинденска. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО)Барокот на владината зграда се покажа во целост Датум и време на објавување: 27.12.2014, 13:02 Датум на рецензирање: 31.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

А КОЛКУ ЧИНИ ФАСАДАТА?

Написот информира за тоа дека „блеснала“ барокната фасада на владината зграда, на која сега има столбови во дорски и во јонски стил во бела боја. Веста не е спорна, таа е поткрепена со

Рецензија: Со државниот испит се руши комодитетот на професорите

на 31. 12. 2014 | |
  Пред нас е манипулативна медиумска содржина, која се пресметува со дел од академската заедница затоа што јавно се спротивстави на новите законски измени во високото образование. Текстот се појави еден ден по формирањето на „Професорски пленум“ (кој даде поддршка на студентскиот протест на 26 декември 2014 година) и откако Ректорската управа на Универзитетот „Свети  Кирил и Методиј“ едногласно побара повлекување на измените на Законот за високо образование. Во него преку класичен спин, незадоволството на професорите поради тоа што „реформите во високото образование се прават без нивна консултација и без јавна расправа“,  се претставува како револт поради „нарушениот комодитет“. Што, несомнено, има цел да ја изврти приказната со државниот испит во сосема друг правец. Линк до оригиналниот напис: Со државниот

Рецензија: Бизнисмените бараат квалитетен и образован кадар

на 30. 12. 2014 | |
  Станува сбор за наменски скроен материјал, кој преку класичен спин ја турка тезата дека бизнис-заедницата во државата има позитивен однос кон предлогот за државен испит на факултетите. И, ваквата манипулативна порака на читателите им се соопштува со самиот наслов: „Бизнисмените бараат квалитетен и образован кадар“. Но,  кои се бизнисмените кои излегле со вакво барање? Прилогот, сепак, не нуди одговор на ова прашање. Линк до оригиналниот напис: Бизнисмените бараат квалитетен и образован кадар Датум и време на објавување: 24.12.2014, 15:09 Датум на рецензирање: 26.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

СÉ НАЈДОБРО ЗА ВЛАДАТА!

Во овој едностран и целосно необјективен напис не може да се најдат факти кои ги потврдуваат наводите дека бизнисмените имаат позитивен однос кон државниот испит. На публиката

Рецензија: ЛДП го обвинува Жерновски дека се однесува снобовски и арогантно

на 24. 12. 2014 | |
  Прилогот насловен: „ЛДП го обвинува Жерновски дека се однесува снобовски и арогантно“,  e уште еден од серијалот написи објавени во изминатиот период во кои жестоко се напаѓа претседателот на ЛДП и градоначалник на Општина Центар. Тој не наведува прецизни извори, нема факти и аргументација, туку натежнува од паушални обвинувања, a на моменти дури прозвучува со нетрпеливост кон шефот на либералдемократите. Прилогот (кој е објавен еден ден откако Жерновски изјави дека нема да се кандидира за лидер на ЛДП) сака да ја убеди публиката дека тој, наводно,  добил јасна порака од членството дека е непосакувана личност за врвот на ЛДП, па затоа, всушност, се откажал од намерите да ја води партијата и во наредните четири години. Линк до оригиналниот

Рецензија: Подобра социјална сигурност со задолжителното осигурување на хонорарите

на 23. 12. 2014 | |
  Станува збор за едностран прилог, кој ги фали законските измени, според кои, од први јануари идната година ќе се плаќаат придонеси и за хонорарите. Материјалот ја турка тезата дека најголема придобивка од оваа владина мерка ќе имаат хонорарните работници, при што таквата порака се испраќа уште со самиот наслов. Моментот, пак, во кој националната телевизиска куќа го пласираше  овој прилог, еден ден пред најавениот протест (22.12.2014) против плаќањето придонеси за хонорарите (инициран од потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права), ги става под прашалник мотивите за неговото објавување. Линк до оригиналниот напис: Подобра социјална сигурност со задолжителното осигурување на хонорарите (ТВ прилог/напис) Датум и време на објавување: 21.12.2014, 17:36 Датум на рецензирање:

Рецензија: Жерновски реализираше уште еден „крупен проект“: се сретна со претставник на Стејт Департментот

на 22. 12. 2014 | |
  Рецензираме исклучително пристрасен и политички некоректен текст во кој отворено и на недоличен начин, со иронизирање и со омаловажувачки тон, се напаѓа градоначалникот на Општината Центар. Оваа медиумска содржина просто зрачи со тенденциозност што јасно се препознава уште во самиот наслов: „Жерновски реализираше уште еден „крупен проект“: се сретна со претставник на Стејт Департментот“.  Со ваквата насловна конструкција, која несомнено е намерно избрана за да се исмее првиот човек на Центар, всушност, се навредува еден странски дипломат. Тоа е недозволиво и претставува израз на медиумски примитивизам. Линк до оригиналниот напис: Жерновски реализираше уште еден „крупен проект“: се сретна со претставник на Стејт Департментот Датум и време на објавување: 19.12.2014, 10:37 Датум на рецензирање: 20.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

Претплатете се за најнови вести