verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Оливера Војновска

Наменски пласиран текст за да го наруши угледот на споменатите личности

на 13. 09. 2015 | |
 

[Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?]

  Текстот Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?“ е наменски пласиран за да го наруши угледот на споменатите личности. Независно што насловот е даден во прашална форма, тој е доволно провокативен за да го привлече вниманието на читателите. Линк до оригиналниот напис: Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра? Датум и време на објавување: 12.09.2015, 13:48 Датум на рецензирање: 13.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

А, ДА СЕ ПРАША ЗАСЕГНАТАТА СТРАНА?

Од насловната конструкција одекнува силна дискредитирачка порака дека тројцата опозициски политичари се офајдиле од случајот „Телеком“,  а прашалникот на крајот

Едностран и манипулативен текст од насловот, па до последната реченица

на 12. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев рекордер по лажни и неостварени ветувања]

  Нагласено пристрасен, едностран напис кој има цел да го оцрни струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.  Во таков тон е обоен целиот материјал, од тенденциозниот наслов „Заев рекордер по лажни и неостварени ветувања“, па до последната реченица. Линк до оригиналниот напис: Заев рекордер по лажни и неостварени ветувања Датум и време на објавување: 09.09.2015, 16:38 Датум на рецензирање: 10.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

МАНИПУЛИРАЊЕ

Текстот се потпира на изјавата на советникот на ВМРО-ДПМНЕ  во Општина Струмица, Костадин Шолев, од каде е извлечена и поентата во насловната конструкција. Но, Шолев не е претставен како  член на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, туку  само се кажува: „жител на Куклиш“. И притоа, со еден 

Слика прикажана само од аголот на власта

на 10. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Подобри услови и намалени трошоци – поставен камен темелник на државното станбено претпријатие]

  Извештајот од поставувањето камен-темелник за новата административна зграда на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) ги нагласува позитивните аспекти од изградбата на објектот – дека  ќе се подобрат условите за работа на административците и ќе се намалат трошоците за кирии. А, тоа што изградбата ќе чини 8,5 милиони евра го соопштува дури во последната реченица од прилогот, како да станува збор за некоја минорна сума! Линк до оригиналниот напис: Подобри услови и намалени трошоци – поставен камен темелник на државното станбено претпријатие Датум и време на објавување: 07.09.2015, 16:22 Датум на рецензирање: 08.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПАРИ ЛИ СЕ ОСУМ

Фото-сесија за „пожарникарот“ Трајановски

на 7. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СИТЕ НА НОЗЕ: И Коце Трајановски отиде да гаси на Водно (ФОТО)]

  Текстот што е пред нас сосема непотребно го нагласува учеството на скопскиот градоначалник во гаснењето на пожарот на Водно. Оваа информација соопштена уште во насловот и поткрепена со три ударни фотографии со Коце Трајановски, ја става во втор план веста дека  „пожарот  кај Теферич што избувна попладнето на 02.09.2015 година,  е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување“. И токму поради ваквиот начин на обработка, написот добива значителен маркетиншки тон. Линк до оригиналниот напис: СИТЕ НА НОЗЕ: И Коце Трајановски отиде да гаси на Водно (ФОТО) Датум и време на објавување: 02.09.2015, 21:59 Датум на рецензирање: 04.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска   „ПОЖАРНИКАРОТ“

Напади и дискредитација за да се пренасочи фокусот од вистинската информација

на 4. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Новинарката Катерина Цаневска-Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор]

  Овој текст ја дезинформира јавноста дека „Новинарката Катерина Цаневска- Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор“. Написот, всушност, е со изместен фокус. Акцентот  намерно се става на новинарката, која сега е вработена во Општина Центар – задолжена за односи со јавноста. А, притоа, се поттурнува настрана главната вест дека инспекцискиот надзор на Општина Центар констатирал оти балконот на партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба. Линк до оригиналниот напис: Новинарката Катерина Цаневска- Арсовска лажно се претставувала како градежен инспектор Датум и време на објавување: 02.08.2015, 16:06 Датум на рецензирање: 02.08.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот е граден на неточна информација, која е содржана и во

Премолчувањето и половичното известување се далеку од вистината

на 31. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Мртов коњ лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски”]

  Оваа куса фото-вест површно информира за случајот со угинатиот коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп-Геoргиев Берoвски“ во населбата Ѓорче Петров во Скопје, кој, според активистите за заштита на животните, бил изгладнуван до смрт. Веста е штура и се обидува да ја симне одговорноста за овој скандал од полицијата. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Мртов коњ лежи во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” Датум и време на објавување: 28.08.2015, 09:23 Датум на рецензирање: 28.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Написот само половично ја пренесува иформацијата за трагичниот епилог со изгладнетиот коњ, за кој жителите на општината Ѓорче Петров и здруженијата за заштита на

Пропагандистички призвук од почеток до крај

на 27. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот]

  Станува збор за нагласено пристрасен прилог во кој премногу се фали премиерот и лидер на владејачката партија. Целиот материјал од почеток до крај има пропагандистички призвук и наликува на предизборен рекламен видеоспот. Линк до оригиналниот напис: Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот Датум и време на објавување: 24.08.2015, 16:32 Датум на рецензирање: 25.08.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ПРИЛОГ НАТЕЖНАТ ОД ФАЛБИ

Материјалот што го рецензираме нема проблеми со изворите и со вистинитоста, туку  е спорен начинот на кој е обработен и пласиран. Имено, тој е инспириран од посетата на премиерот на неколку населени места во Општината Студеничани (како сред изборна кампања), која беше претходниот ден (23 август 2015

Етикетирање колку сакаш, аргументи никаде

на 23. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР]

  Тенденциозен и наменски скроен напис кој ја разводнува рекацијата на Хелсиншкиот комитет, од каде упатија критики за мерките на присила кои ги употреби полицијата на граничните премини, каде е прогласена кризна состојба поради напливот од бегалци. Споменатото соопштение, во кое се доведува под  прашалник законитоста на ваквата владина одлука, фактички, е искористено за напад и за етикетирање на оваа невладина организација за заштита на човековите права. Линк до оригиналниот напис: Сдсмовскиот Хелсиншки комитет го нападна МВР Датум и време на објавување: 21.08.2015, 16:47 Датум на рецензирање: 22.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска Текстот користи прецизни извори на инфромации и вистинити факти. Но, проблемот за кој забележува  Хелсиншкиот комитет – односот на македонските власти

Лажна тревога

на 20. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Гори студентскиот дом „Гоце Делчев”]

  Пред нас е вест во која е објавена неточна информација, поради што заслужува негативна оцена. Таа ја дезинформира јавноста дека „Гори студентскиот дом „Гоце Делчев“, а, всушност, имаше пожар во сендвичарницата „Жан Мари“, која се наоѓа во близина на студентскиот дом, поточно на автобуската постојка на пазарот во населбата Тафталиџе во Скопје. Линк до оригиналниот напис: Гори студентскиот дом „Гоце Делчев” Датум и време на објавување: 18.08.2015, 10:06  Датум на рецензирање: 19.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Во првиот амандман од новинарскиот Кодекс, меѓу другото,  е наведено дека: Новинарот треба да објавува точни, проверени информации…   Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. Токму ова

ТВ-дневник: Премиерот е нај, нај, нај…

на 17. 08. 2015 | |
Повторени прилози од претходниот ден и многу предизборна кампања. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на ТВ „Алфа“ на 16.08.2015 година во 17.30 часот]

  Пишува: Оливера Војновска   Во централниот неделен дневник на ТВ „Алфа“ (16 август 2015 година) доминираше премиерот Никола Груевски. Го имаше во четири прилози. И сите „преџвакани“ од претходниот ден, од посетата на премиерот на општините Петровец и Илинден, за која јавноста веќе беше

Претплатете се за најнови вести