Лажна тревога
Објавено во Рецензии
on 20 - 08 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Гори студентскиот дом „Гоце Делчев”]
Пред нас е вест во која е објавена неточна информација, поради што заслужува негативна оцена. Таа ја дезинформира јавноста дека „Гори студентскиот дом „Гоце Делчев“, а, всушност, имаше пожар во сендвичарницата „Жан Мари“, која се наоѓа во близина на студентскиот дом, поточно на автобуската постојка на пазарот во населбата Тафталиџе во Скопје.
Линк до оригиналниот напис: Гори студентскиот дом „Гоце Делчев”
Датум и време на објавување: 18.08.2015, 10:06
Датум на рецензирање: 19.08.2015
Рецензент: Оливера Војновска
НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА
Во првиот амандман од новинарскиот Кодекс, меѓу другото, е наведено дека:
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации…
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Токму ова основно правило во новинарството не е испочитувано во веста што ја рецензираме и која се потпира исклучиво на податоци добиени од неофицијален – анонимен извор:
„Според фотографиите и информациите кои ни ги испрати читател…“
И, тие се пласирани без никаква дополнителна проверка.
Според фотографијата, навистина, изгледа како чад да излегува од некоја од зградите на студентскиот дом. Меѓутоа, во написот нема изјави од очевидци и од одговорните лица кои би потврдиле дека навистина
„гори соба на погорните спратови (од Домот).“
Ниту, пак, е направен напор да се отиде на местото на настанот и да се провери дали е точна информацијата.
Впрочем, набргу се покажа дека информациите се погрешни. Од студентскиот дом демантираа дека кај нив имало пожар:
„…се работи за опожарен објект кој се наоѓа во непосредна близина на студентскиот дом, така што, од аголот од кој е направена фотографијата која ја објавуваат интернет порталите, се создава впечаток дека пожарот избувнал во еден од блоковите“
За волја на вистината, ваков пропуст направија повеќе електронски медиуми, кои подоцна, како и овој портал, објавија демант, но тоа не ја намалува нивната одговорност. Дотолку повеќе, бидејќи е во прашање лажна тревога за пожар во студентски дом, па јавноста непотребно се вознемирува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
прикажува невистина
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
дезинформира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови